Во поголемите градови има поголем број на разводи, додека во дел од малите места во земјава воопшто немало разводи.

Разведените бракови во второто тримесечје од 2018 година, бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.
Од нив 58 разводи се во Скопје, 20 во Битола, 10 во Врапчиште, 23 во Гостивар, 23 во Кочани, по 8 во Крушево и Кавадарци.
Во Куманово имало 6 разводи, во Липково, Конче, Зрновци, Могила, Росоман и Чучер Сандево по 1.
Во наведениот период имало 44 разводи во Тетово, 4 во Теарце, 2 во Студеничани, 19 во Струмица и 11 во Струга, 4 во Свети Николе, 7 во Штип, 3 во Ресен, 17 во Радовиш, 36 во Прилеп, 2 во Петровец, 32 во Охрид, 5 во Ново Село, 6 во Неготино, 3 во Јегуновце, 2 во Илинден, 8 Желино, 5 Долнени, 2 Демир Хисар и 4 Дебарца, Гевгелија 5, Виница 2, Велес 7, Василево 2, Брвеница 3, Богданци 1. Има и рурални општини во земјава каде воопшто немало разводи во вториот квартал.