Промовирани огласи »

Адмнинистрацијата има законско право да ги испрати првачињата на првиот училишен ден

Министерство за труд и социјална политика

Службениците и вработени во администрацијата и другите институции под буџетска капа имаат законско право да замат слободен ден за да ги испратат своите деца-првачиња на првиот училишен час в понеделник на 3 септември.

Од Министерството за труд и социјална политика за deca.mk објаснуваат дека согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете. Оттаму објаснуваат дека ова отсуство, како и сите други случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата.

Од друга страна, вработените во приватниот сектор можат тоа да го остварат само со претходен договор со сопственикот, односно одговорното лице или управителот во претпријатието во кое работат.

Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, објаснуваат од Министерството, не содржи одредби со кои се предвидува слободен ден ниту за прв училиштен ден ниту за прв ден во градинка. 

Промовирани огласи »

Kој град е рекордер по бројот на разводи?

Каде најмногу се разведувале луѓето?

Во поголемите градови има поголем број на разводи, додека во дел од малите места во земјава воопшто немало разводи. 

Разведените бракови во второто тримесечје од 2018 година, бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.

Од нив 58 разводи се во Скопје, 20 во Битола, 10 во Врапчиште, 23 во Гостивар, 23 во Кочани, по 8 во Крушево и Кавадарци

Во Куманово имало 6 разводи, во Липково, Конче, Зрновци, Могила, Росоман и Чучер Сандево по 1. 

Во наведениот период имало 44 разводи во Тетово, 4 во Теарце, 2 во Студеничани, 19 во Струмица и 11 во Струга, 4 во Свети Николе, 7 во Штип, 3 во Ресен, 17 во Радовиш, 36 во Прилеп, 2 во Петровец, 32 во Охрид, 5 во Ново Село, 6 во Неготино, 3 во Јегуновце, 2 во Илинден, 8 Желино, 5 Долнени, 2 Демир Хисар и 4 Дебарца, Гевгелија 5, Виница 2, Велес 7, Василево 2, Брвеница 3, Богданци 1. Има и рурални општини во земјава каде воопшто немало разводи во вториот квартал. 

Промовирани огласи »

Продолжен рокот за еднократна парична помош од 3.500 денари за првачиња во Аеродром

Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари е продолжен до 15 септември

Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија е продолжен до 15 септември.

Покрај оваа одлука за продолжување на рокот за пријавување, олеснети се и критериумите, така што е доволна лична карта на само еден од родителите.

Одлуката за доделување по 3.500 денари за првоодделенците првпат е донесена оваа година во Општина Аеродром. За оваа намена, Општината има издвоено околу 2.800.000 денари од сопствениот Буџет за околу 800 првачиња.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9 до 15 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена за почетокот на учебната година. 

Промовирани огласи »

Здравствените придонеси со подобра наплата за речиси 10 насто

Квартална статистика на УЈП

Наплатата за здравствените придонеси е зголемена за речиси 10 отсто во првата половина од 2018-та во однос на истиот период  лани, според кварталната статистика на Управата за јавни приходи, и може слободно да се каже дека е најголем полугодишен раст на ефикасноста во последните години.

Од почетокот на годината до крајот на јуни наплатени се 13.237 милиони денари, додека истиот период лани собрани се 12.094 милиони денари, што е подобро за 9,45%.

Разликата во 1.143 милиони денари може и да ја намали зависноста на Фондот за здравствено осигурување од дополнителните средства од Основниот буџет на РМ.  Во првата половина од 2017-та Фондот за здравствено осигурување работеше со дополнителен трансфер од Основниот буџет на РМ во износ од 2,9 милијарди денари.

Во првите шест месеци поодбрена е наплатата и кај придонеситете за пензиско-инвалидско осигурување за 5,81 отсто, односно 18.126 милиони денари, како и приходите од придонесите за вработување за 6,31 отсто, односно 1.157 милиони денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »