Промовирани огласи »

Од следната година намалување на старосната граница за пензионирање - еве за која професија ќе важи

Имено, мажите ќе можат да одат во пензија со навршување на 40 години работен стаж, а жените со 35

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на Денот на рударите од Македонска Каменица најави дека од следната година ќе се донесат законски измени  за намалување на старосната граница за пензионирање на рударите. Имено, мажите ќе можат да одат во пензија со навршување на 40 години работен стаж, а жените со 35.

- Не да чекаме да поминат 3 години за да им дадеме една година плус, туку, за секоја година ќе се пресметува бенефицираниот стаж и кога ќе го наполнат потребниот работен стаж за пензионирање, тие ќе се пензионираат.

Доколку Владата го донесе Законското решение, во рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица, условите за одење по пензија од 1-ви јануари идната година ги исполнуваат 40 рудари, а заедно со  останатите рудници бројката не е поголема од 130 лица.

- Тоа не е оптоварување на пензискиот фонд, и мислам дека од тоа отстапка нема. Министерката вети и сигурно ќе се исполни.

Во однос на висината на платите, првиот синдикалец на „МЕСО“ вели дека, после протестите добиле линеарно покачување од 5 500 денари, но смета дека просечната плата од 650 евра не е доволна младите луѓе да се  определат за оваа исклучително тешка професија.

- Со покачување на плата во иднина, барем да стигне до некои 1000 евра, јас мислам дека ќе има доволен број на рудари и во рудник „Саса“ и во останатите рудници во Македонија- додаде Насковски

За најдобар рудар беше избран Душко Тодоровски, машинист на тролеј локомотива, за кој приоритет е безбедноста и здравјето на рударите.

- Во „Саса„ сум редовно 28 години, без бенефиции. Со бенефициран стаж имам 38 и пол години.

Поради несреќата во рудникот „Тораница“, каде пред 4 дена загина рудар под одрон на камења во ископна јама,  Пробиштип и Крива Паланка годинава ја откажаа свеченоста по повод „Денот на рударите“, 28 август.

Промовирани огласи »

Работите на празник – пресметајте колку изнесува празничната дневница

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто

За одреден дел од вработените во приватниот сектор, а особено во малите фирми вчерашниот ден беше работен како и сите други бидејќи од нив е побарано да бидат на своите работни места.

Всушност, истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Тагови: работнички права празнична дневница

Промовирани огласи »

Матичните лекари разочарани - нема да добијат покачување на платите од 5%

Матичните лекари се разочарани бидејќи не се опфатени со најавеното покачување на платата на здравствените работници

Матичните лекари се разочарани бидејќи не се опфатени со најавеното покачување на платата на здравствените работници. Од ЗПЛРМ велат дека вакви парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните кои се столбот на системот. 

Апелираат трендот на покачување да се примени и во ПЗУ кои имаат договори со фондот за здравство. Бараат да знаат што ќе биде со нив, а буџетот за наредната година се планирал во септември.

И ние сакаме сега да знаеме што планира оваа Влада за 2019 година. Нашите 5 годишни договори истекуваат на нова година и бараме 10 годишни договори, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Министерот Филипче изјави дека имале неколку состаноци со матичните лекари пред одморите и наскоро ќе продолжеле со разговори за изнаоѓање заеднички решенија.

Тие се заинтересирани и за законски и системски измени. И треба да видиме кои од тие решенија кои ги ставивме на маса се најсоодветни и како да постапиме за имплементирање на тие решенија, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Но, Филипче не одговори конкретно дали и матичните лекари ќе добијат повеќе пари од државата. Инаку пред неколку дена беше најавено дека околу 19.000 здравствени работници од секундарното и терциерното здравство ќе добиваат повисока плата за 5 проценти.

Промовирани огласи »

Ќе има ли ново зголемување на минималната плата?

Владата вети дека до крајот на мандатот минималната плата ќе биде 16.000 денари.

Министерството за труд и социјална политика не знае кога и колкаво ќе биде следното покачување на минималната плата. Се чека економско-социјалниот совет да донесе одлука за зголемување.

Владата вети дека до крајот на мандатот минималната плата ќе биде 16.000 денари.

Во моментот Владата и МТСП подготвуваат нов системски Закон за работни односи. Според Царовска, новиот закон ќе биде пофлексибилен и поотворен за пазарот. Тој би требало да биде донесен во февруари или март идната година. По донесувањето на овој закон ќе се расправа за воведување К-15 во јавната администрација.

Царовска вели дека 41,6 милиони денари во оваа година се доделени за инвестирање во изградба и доградба на детски градинки, што е за 44 отсто повеќе во однос на минатата година кога биле искористени околу 29 милиони денари. Најави дека воспитувачите и негувателките од септември за пет отсто ќе добијат повисока плата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »