Промовирани огласи »

Германците делат работни дозволи - кои се условите?

Германците ги олеснуваат процедурите

Германија подготвува Закон за доселување со кој ќе привлече работна сила од трети земји. 

Целта е да се поедностават процедурите не само за оние со факултет, туку и за оние кои имаат само средно училиште. 

Ако покаже вештини и знаење, секој работник кој ќе дојде во Германија и ќе најде работа, ќе може полесно да се досели. 

Доселувањето оди преку луѓе, така што многу компании даваат и награди за оние работници кои ќе донесат работник. 

Најважно на крај ќе биде познавањето на германски јазик, а годините не се важни ако се работи за дефицитарни професии. 

Промовирани огласи »

На станарите им прекипе од управителите, фирмите најавуваат повисоки цени за влезовите

Колку сте задоволни Вие од фирмата која управува со вашата зграда?

Граѓаните пишуваат поплаки, управителите на зградите бараат законски измени ама и нови, повисоки цени за одржување на колективните згради за домување. Осум години откако се воведе ваков тип на управување со влезовите, се уште има своевиден хаос во правилата, но и многу незадоволни граѓани. Тврдат дека или плаќаат многу, а за возврат не добиваат ништо или се блокирани без причина. Во зградите каде нема избрани лиценцирани фирми за управуавње туку заедница на станари го одржува влезот, пак, нема контроли и често се случува станарите да се соменваат во легалноста на потрошените пари. Од Регулатрната комисија за домување велат дека има незадоволство и недостатоци во дејноста, но дека се работи на средување на ситуацијата. Дали ќе се зголемат цените за одржување на зградите ќе биде јасно веќе во следниот период.

Кој да одржува лифтови, кој да поправа кровови

Граѓани со кои разговараше „Фактор“ имаат забелешки во функционирањето на фирмите кои им одржуваат хигиена во зградата, но и се грижат за останатите потреби на станарите.

За февруари и март сум платила преку банка, а поради техничка грешка повлечени се помалку пари. Не сум знаела и не проверив. Сега ми доаѓа решение пред извршување со плус трошоци од 2.000 денари, за нотар, адвокат. Ги платив и овие се разбира, ама тврдам дека не е во ред, оти ниту бев известена во сандаче, ниту се јавија, ништо. И претходно имаше нешто слично, сите бевме во претплата, па после не блокираа за сметката која всушност не требаше да се плаќа. Друга приказна е што за една сијалица се јавуваш сто пати. Генерално не сме задоволни од фирмата, вели скопјанката Р.Мисковска.

М. Н. пак вели дека газдарицата на фирмата која го одржува нивниот влез, дури често го менувала седиштето на фирмата, а малку од тоа што било ветено исполнила.

Фирмата за домување е Либра консалтинг. Газдарицата неколку години не лаже дека ќе премачкува и дека ќе го смени покривот, но ништо од тоа. Плаќавме по 700 денари од стан, а имаме 34 стана. Парите ги собра и сега нема пари. Не се јавува, а канцеларииите ги менува. Последна информација е дека чекала понуда од мајстор. И за лифтовите ги молиме сами сервисерите да дојдат, вели оваа скопјанка.

Претседателот на Групацијата на лиценцирани управители при Стопанската комора Васе Самараков за Фактор вели дека се свесни оти има многу недостатоци, а знаат и за поплаките од граѓаните. Самараков вели дека моментно има нелојална конкуренција на пазарот, па многу фирми кои отвориле и добиле лиценци го рушат пазарот и со цени но и со квалитетот на услугите. Од Комората велат дека сепак и покрај тоа, на овие фирми не им се одземаат лиценците. Сега групацијата заедно со Министерството за транспорт и врски работи на измените на законот за домување, со кои треба да се среди ситуацијата. Сепак се тврди дека мора да се зголемат и цените на услугите.

Дефинитивно да. Треба да поскапат услугите, оти се зголеми и висината на минималната плата. Практично зголемувањето доаѓа од самиот начин на пресметка. Минималната плата сега е 12.150 денари, а беше 10.071 денар. Дополнителниот трошок со давачките е 3500 денари. Никој не не праша дали сакаме и што очекуваме. Значи би требало да има разумно зголемување, како се золемуваат трошоците, така треба да се зголемува цената. А нема ни кадар. Не можеме да нјадеме квалитетна хигиеничарка, не можеме да најдеме мајстори, вели Самараков.

Дел од проблемите ги лоцира и во тоа што нема доволно инспектори кои на терен треба да ја решат нелојалната конкуренција. Вели дека граѓаните очекуваат многу, а кога ќе дојде ред да се трошат и да се даваат пари никој не сака да учествува.

Инспекторите не ја вршат работата

Претседателот на Регулаторната комисија за домување Ракип Малоски за Фактор потврдува дека на терен се создаваат вакви проблеми и смета дека свесноста кај граѓаните за колективно домување е ниска.

Дел од компаниите се жалат на нелојална конкуренција, но ова е пазарна економија па сите треба да функционираат во тие рамки. Проблеми има и ќе има мислам, оти некој плаќа, некој не сака да плаќа. Лифтовите се расипуваат, секој месец треба да се вика редовен сервисер, а сето тоа чини пари. Ние постапуваме по поплаки и одземаме лиценци, а во овие осум години одземени се 11 лиценци,  вели Малоски.

Во првото полугодие годинава до Регулаторната комисија за домување стасале вкупно 128 барања за посредување во спорови меѓу управители, претседатели на заедници на сопственици и сопственици на посебни делови. Голем дел од преставките требало да се решаваат со инспектори, кои функционираат во рамки на општините. Сепак Малоски смета дека инспекцискиот надзор мора да е почест, а граѓаните да знаат дека треба да им се обрататза да си го решат проблемот. Вопоследниот период, наместо да се зголемува, бројот на инспектори за домување се намалил.

Моментно 3.394 згради се управувани од лиценцираните управители или над 50 отсто од зградите во земјава. Постои тенденција на бришење на Заедници на сопственици на посебни делови, а зголемување на бројот на ангажирање на управители.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Град со најголема репутација во светот

Број еден според Форбс

Град со најголема репутација во светот е Токио, покажа истражување на Форбс. 

Анкетирани се 12.000 луѓе за тоа каде сакаат да живеат, да шетаат и да развијат бизнис, а од 56 градови, последен е Москва. 

Бидејќи има ефикасна Влада, Токио изби прв на листата. 

Втор фактор кој го донесе високо на листата е безбедноста. 

Зад него е Сиднеј. На трето место е Копенхаген, а на четврто Виена. На петто место е Стокхолм.

Промовирани огласи »

Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.

Секој потрошувач доколку смета дека имал намалена (без соодветен квалитет) или немал испорака на електрична енергија поради што претрпел каква било штета може да започне постапка за обесштетување пред операторот на електродистрибутивниот систем или пред операторот на преносниот систем. Во таа постапка треба да наведе и проценка на штетата. Доколку операторите не се согласуваат со барањето што го поднеле потрошувачите тогаш комисија составена од еден претставник од потрошувачот, еден претставник од операторот и еден вештак од Комората на вештаци ќе одлучи и ќе оцени колкаво треба да биде обесштетувањето, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

На подготвителната седница, додаде, ќе бараме кај операторот на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика и на одговорното лице за обештетувањето на потрошувачите да му се гарантира дека не може да го изгуби своето работно место доколку донесе одлука во корист на потрошувачот.

Секој потрошувач ќе има и право на стандарден надоместок на штета, односно намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку прекинот бил до 12 часа, а за секои наредни 20 часа ќе се зголемува за дополнителни 10 проценти, во случај планиран прекин објавен во медиумите да трае подолго од предвиденото и повеќе од 12 часа, изјави Бислимовски.

Право за надмосток ќе имаат и производителите ако прекинот трае повеќе од пет часа.

Тие ќе треба да поднесат барање за обесштетување до операторот на електродистрибутивниот систем и за таа цел ќе се формира комисија составена од еден претставник на производителот, еден од операторот на системот и еден вештак од Комората на вештаци. Доколку бил повластен производител за обесштетување ќе се земе  предвид повластената цена, а доколку не е, ќе се зема цената по која продава на слободниот пазар. Тоа ќе се множи со  количината врз основа на претходното седумдневно производство, појасни Бислимовски. 

Граѓаните, додаде, ќе можат да побараат од Државниот технички инспекторат да изврши соодветно мерење за да го утврди квалитетот на снабдувањето, односно колкави се напонот и фреквенцијата на електричната енергија што ја добиваат. Тие и самите можат да забележат кога имаат осцилации во снабдувањето, односно намалена испорака, и да почнат постапка за обесштетување. Во постапката за обесштетување ќе може да се утврди  дали недоволниот квалитет на испораката на електрична енергија бил причината за да се расипе некој уред. Тоа ќе треба да го констатира комисијата доколку операторот на системот не ја прифати својата грешка и не му исплати соодветен надомест на потрошувачот. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »