Промовирани огласи »

Град со најголема репутација во светот

Број еден според Форбс

Град со најголема репутација во светот е Токио, покажа истражување на Форбс. 

Анкетирани се 12.000 луѓе за тоа каде сакаат да живеат, да шетаат и да развијат бизнис, а од 56 градови, последен е Москва. 

Бидејќи има ефикасна Влада, Токио изби прв на листата. 

Втор фактор кој го донесе високо на листата е безбедноста. 

Зад него е Сиднеј. На трето место е Копенхаген, а на четврто Виена. На петто место е Стокхолм.

Промовирани огласи »

Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.

Секој потрошувач доколку смета дека имал намалена (без соодветен квалитет) или немал испорака на електрична енергија поради што претрпел каква било штета може да започне постапка за обесштетување пред операторот на електродистрибутивниот систем или пред операторот на преносниот систем. Во таа постапка треба да наведе и проценка на штетата. Доколку операторите не се согласуваат со барањето што го поднеле потрошувачите тогаш комисија составена од еден претставник од потрошувачот, еден претставник од операторот и еден вештак од Комората на вештаци ќе одлучи и ќе оцени колкаво треба да биде обесштетувањето, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

На подготвителната седница, додаде, ќе бараме кај операторот на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика и на одговорното лице за обештетувањето на потрошувачите да му се гарантира дека не може да го изгуби своето работно место доколку донесе одлука во корист на потрошувачот.

Секој потрошувач ќе има и право на стандарден надоместок на штета, односно намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку прекинот бил до 12 часа, а за секои наредни 20 часа ќе се зголемува за дополнителни 10 проценти, во случај планиран прекин објавен во медиумите да трае подолго од предвиденото и повеќе од 12 часа, изјави Бислимовски.

Право за надмосток ќе имаат и производителите ако прекинот трае повеќе од пет часа.

Тие ќе треба да поднесат барање за обесштетување до операторот на електродистрибутивниот систем и за таа цел ќе се формира комисија составена од еден претставник на производителот, еден од операторот на системот и еден вештак од Комората на вештаци. Доколку бил повластен производител за обесштетување ќе се земе  предвид повластената цена, а доколку не е, ќе се зема цената по која продава на слободниот пазар. Тоа ќе се множи со  количината врз основа на претходното седумдневно производство, појасни Бислимовски. 

Граѓаните, додаде, ќе можат да побараат од Државниот технички инспекторат да изврши соодветно мерење за да го утврди квалитетот на снабдувањето, односно колкави се напонот и фреквенцијата на електричната енергија што ја добиваат. Тие и самите можат да забележат кога имаат осцилации во снабдувањето, односно намалена испорака, и да почнат постапка за обесштетување. Во постапката за обесштетување ќе може да се утврди  дали недоволниот квалитет на испораката на електрична енергија бил причината за да се расипе некој уред. Тоа ќе треба да го констатира комисијата доколку операторот на системот не ја прифати својата грешка и не му исплати соодветен надомест на потрошувачот. 

Промовирани огласи »

Во Косово ќе може да се вози со македонска дозвола

Се зголемува бројот на земји во кои македонски граѓани можат да возат со македонска дозвола. Наското македонската возачка дозвола ќе важи и во Косово

Се зголемува бројот на земји во кои македонски граѓани можат да возат со македонска дозвола. Наското македонската возачка дозвола ќе важи и во Косово.

Владата го усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конфеенција.

Владата го определи Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во име на Владата на Република Македонија, да го потпише Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи – рече тој.

Промовирани огласи »

Евтина струја ќе има и по Нова година

Домаќинствата и малите потрошувачи во секој момент го имаат правото да излезат од регулираниот пазар и да бидат снабдувани на слободниот пазар доколку условите се поповолни

Евтини тарифи и заштита на корисниците од ценовни шокови и по либерализацијата на пазарот, ветува Регулаторната комисија за енергетика.

Најдоцна до 05.09.2018 година, ќе се распише меѓународен тендер за избор на универзален снабдувач. Законот не дозволува одложување на либерализацијата на пазарот и досегашниот снабдувач ќе ја врши дејноста сè до моментот на избор на универзалниот.

Домаќинствата и малите потрошувачи во секој момент го имаат правото да излезат од регулираниот пазар и да бидат снабдувани на слободниот пазар доколку условите се поповолни. Јас очекувам и снабдувачите на слободниот пазар да бидат иновативни и да воведат и нови понуди пред сè и за домаќинствата, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Слободниот пазар за електрична енергија е исклучително корисен за компаниите. Тие сега плаќаат три пати поскапа електрична енергија споредено со фирмите од странство, што значително ја намалува нивната конкурентност.

Очекувам со либерализацијата на пазарот малите потрошувачи, пред сè, комерцијалните објекти, да си ги намалат своите трошоци за електрична енергија, вели Бислимовски.

Од Регулаторна информираат дека со тарифниот систем си останува концептот на евтина тарифа за домаќинствата. Уште една новина е што Законот предвидува дека за намален квалитет на испорачаната и заради неиспорачана електрична енергија корисниците ќе имаат право на соодветен надомест на штета.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »