Промовирани огласи »

Нов оглас за субвенции: Можно е да има и национален авиопревозник

Владата распиша нов повик и воведе нови критериуми за субвенционирање авиокомпании

Не е исклучено да се воспостави и национален авиопревозник, а за тоа има можност, тврдат од Министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека тоа го покажала и првичната анализа која се врши во Министерството, а подоцна ќе биде ангажиран и консултант.

Воспоставување на национален авиопревозник не е исклучено од целата постапка што се води за обезбедување авио превоз. Сега се анализираат можностите за обновување на постапката во рамки на министерството, рече Светлана Глигоровска од Министерството за транспорт и врски на денешната прес-конфернеција.

На конференцијата беше соопштено дека Владата ја усвоила Уредбата за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година. Со тоа и официјално почна постапката за претстојното објавување нов повик за субвенции за авиокомпании кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром.

Министерот Горан Сугарески рече дека авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10 јануари следната година да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, а на кој аеродром сам ќе одлучи. Со претходниот јавен повик, што минатиот месец беше поништен поради административни пречки на единствената понуда од авиокомпанијата „Виз Ер“ беше предвидено задолжително воспоставување на една база на скопскиот и една база на охридскиот аеродром. Условите за новиот повик предвидуваат најдоцна до 10 јануари следната година авиопревозникот да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од аеродромот во Скопје и да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Воедно треба авиокомпанијата што сака да добие субвенции треба да започне и со оперирање на најмалку четири нови дестинации од охридскиот аеродром, од кои првите две да ги воспостави до 10 јануари следната година, а останатите две во рок од една година по склучувањето на договорот. На секоја нова дестинација што ќе ја воведе авиопревозникот од аеродромот во Охрид претходните две години не требало да има редовна авиолинија.

Целата постапка за доделување на финансиската поддршка ќе се врши јавно, фер и транспарентно, рече Сугарески, повикувајќи ги сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на повикот и изразувајќи уверување дека ќе се избере авиопревозник кој ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите.

Промовирани огласи »

Од Seavus Едукативниот и Развоен Центар и Џолев и Уметностите ги најавија уписите за втората генерација визуелни артисти и модни дизајнер. Оваа година предвидени се 20 места за студентите од Академијата за Визуелни Уметности кои ќе изучуваат графички дизајн, видео и фотографија и 10 места за студентите од Академијата за Моден Дизајн.



По тој повод, отворен е повик за стипендии кои трае до 31 август.
Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите пред кои ќе имаат можност да ги претстават своите лични портфолија и дела. Овие средби ќе се остварат во период од 3 од 17 септември, а по нивното завршување официјално ќе бидат објавени добитниците на стипендии.

Преку овој повик ќе бидат доделени:
10% стипендии - за кандидатите кои ќе влезат во вториот круг.

50% стипендии - за кандидатите кои ќе влезат во третиот круг.

100% стипендија - за најдобриот кандидат од сите пријавени.  

Линк за аплицирање:
https://goo.gl/forms/vLI6W0vOeNLlCY6A2

Повик за стипендии:
https://www.facebook.com/events/277623259489029/  

Повеќе информации за академиите, можете да погледнете на:
http://djolevandarts.com/
http://www.sedc.mk/academy/academy-for-design/visual-artist/
http://www.sedc.mk/academy/academy-for-design/fashion-designer/

Промовирани огласи »

Следува неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Вторник, е неработен ден за граѓаните од православна верисповед

Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица, 28 август (вторник), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството им го честитаат празникот на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.

Промовирани огласи »

Според Законот: Ви следува слободен ден за прваче

Учебната година ќе започне на 3 септември. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата

Учебната година ќе започне на 3 септември. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата. Родителите исто така се возбудени им се насолзуваат очите и сеуште неможете да увидите дали се од радост и гордост, или од страв и загриженост. Во тој момент секој родител се прашува: ”Дали ќе се навикне?”, ”Дали ќе му биде тешко без мене?”, ”Дали ќе успее лесно да се прилагоди?”.

Но, дали сите родители ќе можат да ги испратат своите првачиња, деновиве е актуелна тема на социјалните мрежи.

Работам во јавна администрација, оваа година мојот син ќе биде прваче.Според Законот секој вработен има право тој ден да биде ослободен од работните обврски. Посебно е важен моментот кога заедно со ваштот дете ќе се запознаете со неговата учителка и ќе го разгледате училиштето, вели Ирена.М.

Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете. 

Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека ова отсуство, согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »