Промовирани огласи »

Facebook би можел да им плаќа на корисниците за користење на нивните податоци?

Facebook би можел да им плаќа на корисниците за користење на нивните податоци?

Најпопуларната социјална мрежа, Facebook, го доживеа најголемиот пад на вредноста на акциите во својата историја минатата недела. Па сега, како едно од решенијата, кои медиумите го предложуваат, е да им се плаќа на корисниците за користењето на нивните податоци на оваа мрежа.

Покрај тоа, според пишувањата на светските медиуми, тоа не е единствениот предизвик за компанијата, бидејќи тука се и тврдењата на главниот човек, Марк Закерберг, кои се однесуваат на негирањето на холокаустот, но и на феноменот за лажни вести.

„CNN“, посебно внимание посветува на огромниот пад на вредноста на акциите и пренесува дека Facebook загуби повеќе од 23 отсто од својата вредност за нешто помалку од два часа, откако падна заработката.

„Грешката на Facebook го наметнува следново прашање: Дали постои начин на кој може да биде спречена понатамошна загуба и нешто што ќе го направи светот подобро место? Постои, да им се плаќа на корисниците за користењето на нивните податоци“, пишува „CNN“.

„Преку плаќањето на луѓето за нивнитеподатоци, ќе се намали профитот на дигиталните компании, но нема да се уништат нивните модели на тргување“, стои во текстот.

Се додава дека и плаќањето на податоците, кои граѓаните му ги даваат на Facebook, бара развивање на нови методи и технологии, за да се утврди нивната финансиска вредност, но и да им се плаќа на корисниците ако нивните информации му овозможат заработка на некого.

Во меѓувреме, Facebook и другите дигитални гиганти треба сами да размислат за компензација на корисниците, поради нивните податоци, тврди „CNN“.

Wall Street конечно му одржа лекција на Закерберг, која тој ја заслужи и конечно Закерберг „доби по нос“, а тоа е нешто на што многумина се надеваа уште во април, по неговото сведочење во конгресот, пишува „New York Post“.

„Вредноста на акциите на Facebook забележа спектакуларен пад, набргу откако компанијата прогнозираше намалување на бројот на нови корисници. Аналитичарите проценуваат дека слабиот одговор на Facebook, во врска со неодамна усвоениот закон за дигитална приватност во Европската Унија, исто така им нанесе штета на инвеститорите, кога станува збор за краткорочната финансиска иднина на компанијата“, пишува овој портал.

Промовирани огласи »

Околу 6.000 слободни работни места во Агенцијата за вработување - се бараат сметководители, медицински сестри, келнери, продавачи

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 6.000 слободни места.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. 

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Промовирани огласи »

Македонците на 8. место во светот по кликање на реклами на Facebook

Македонците во топ 10 по кликање на реклами на Facebook

Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните по кликање на реклами на оваа друштвената мрежа, пренесува порталот IT.mk.

Според анализата на We Are Social Singapore корисникот од Македонија е на 8. место по маркетинг активности на друштвената мрeжа.

На прво место се жителите на Фарските острови со отворени 24 огласи, следува Порторико со 23, Исланд и Хрватска со 21 и Малта и Косово со 20 клика.

Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички, падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите, но според некои анализи ова можеби и нема да се одрази на успехот на кампањите доколку во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.

Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.

Генерално, Македонците во месецот заследуваат по 2 нови страници на брендови, ставаат по 15 лајкови и 4 коментари на објави и обично по еднаш споделуваат одредена објава.

Извор: https://usb.mk/

Промовирани огласи »

Шефот има корист од вашето лошо расположение

Според истражувањето на Универзитетот Ватерло во Канада, при лошо расположение сме подобро фокусирани и имам подобар приоритет

Како што покажува истражувањето на Универзитетот Ватерло во Канада, при лошо расположение сме подобро фокусирани и имам подобар приоритет.

Се разбира, сè зависи од нашиот темперамент. Некои луѓе реагираат бурно и остануваат долго време под моќта на емоциите. Другите брзо се враќаат на вообичаената рута.

Како што се испоставува, емоционалните луѓе со лошо расположение работат побрзо од оние чии реакции не се толку интензивни.

„ScienceAlert“ ги доведува како доказ зборовите на психологот Тара МаАули – „Нашите резултати покажуваат дека некои луѓе во лошо расположение имаат подобра меморија и им се подобруваат когнитивните способности”.

За студијата беа избрани 95 волонтери. Тие мораа да вршат 9 различни задачи за да одговорат на прашањата околу нивното расположение и темперамент. За „високореактивните“ луѓе, лошите расположенија се директно поврзани со подобрување на продуктивноста.

„Нискореактивните“ луѓе, пак, покажуваат пад на нивната ефикасност.

Што се однесува до доброто расположение, тоа не влијае на продуктивноста на двете групи, велат научниците.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »