Промовирани огласи »

Македонците на 8. место во светот по кликање на реклами на Facebook

Македонците во топ 10 по кликање на реклами на Facebook

Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните по кликање на реклами на оваа друштвената мрежа, пренесува порталот IT.mk.

Според анализата на We Are Social Singapore корисникот од Македонија е на 8. место по маркетинг активности на друштвената мрeжа.

На прво место се жителите на Фарските острови со отворени 24 огласи, следува Порторико со 23, Исланд и Хрватска со 21 и Малта и Косово со 20 клика.

Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички, падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите, но според некои анализи ова можеби и нема да се одрази на успехот на кампањите доколку во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.

Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.

Генерално, Македонците во месецот заследуваат по 2 нови страници на брендови, ставаат по 15 лајкови и 4 коментари на објави и обично по еднаш споделуваат одредена објава.

Извор: https://usb.mk/

Промовирани огласи »

Шефот има корист од вашето лошо расположение

Според истражувањето на Универзитетот Ватерло во Канада, при лошо расположение сме подобро фокусирани и имам подобар приоритет

Како што покажува истражувањето на Универзитетот Ватерло во Канада, при лошо расположение сме подобро фокусирани и имам подобар приоритет.

Се разбира, сè зависи од нашиот темперамент. Некои луѓе реагираат бурно и остануваат долго време под моќта на емоциите. Другите брзо се враќаат на вообичаената рута.

Како што се испоставува, емоционалните луѓе со лошо расположение работат побрзо од оние чии реакции не се толку интензивни.

„ScienceAlert“ ги доведува како доказ зборовите на психологот Тара МаАули – „Нашите резултати покажуваат дека некои луѓе во лошо расположение имаат подобра меморија и им се подобруваат когнитивните способности”.

За студијата беа избрани 95 волонтери. Тие мораа да вршат 9 различни задачи за да одговорат на прашањата околу нивното расположение и темперамент. За „високореактивните“ луѓе, лошите расположенија се директно поврзани со подобрување на продуктивноста.

„Нискореактивните“ луѓе, пак, покажуваат пад на нивната ефикасност.

Што се однесува до доброто расположение, тоа не влијае на продуктивноста на двете групи, велат научниците.

Промовирани огласи »

Референдум на 30 септември: Утврдено конечното референдумско прашање

“Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Р.Македонија и Р.Грција“

На пленарна седница денеска попладнево Собранието ќе го распише референдумот за промена на името. Референдумското прашање ќе биде она што го најави премиерот Заев, “Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Р.Македонија и Р.Грција“.

Референдумот ќе се одржи на 30 септември и ќе има консултативен карактер.

Се уште нема информација како ќе се постави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата која ќе биде закажана денеска. Од партијата велат дека својот став ќе го соопштат на прес конференција.

И без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мнозинството може да го распише референдумот. За тоа им требаат гласовите на 61 пратеник.

За да биде успешен референдумот на него мора да излезат половина од вкупниот број на запишани граѓани во единствениот Избирачки список или нешто над 900.000 и половината од нив да гласаат За.

Промовирани огласи »

Македонски патарини: 1 евро и 40 денари и 60 денари

Освен тоа што патарините примаат евра, она што веднаш паѓа во очи е евидентната разлика во цените за оние кои ќе платат со денари и оние патници кои ќе решат тоа да го направат во евра

На двете патарини кон Куманово пишува дека за првата категорија возила цената е 40 денари или едно евро, за втората е 60 денари или пак 1 евро, за третата е 100 денари или две евра и за последната категорија на тешки возила патарината изнесува 150 денари или 3,00 евра.

Освен тоа што патарините примаат евра, она што веднаш паѓа во очи е евидентната разлика во цените за оние кои ќе платат со денари и оние патници кои ќе решат тоа да го направат во евра.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »