Промовирани огласи »

Тунелот под Кале сообраќајно ќе го спои градот

Шилегов најави дека ќе гради тунел под Кале.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во интервју за Канал 5 кажа дека наскоро ќе се почне со изградба на тунел под скопското Кале. Се очекува да биде финализиран за две години, вели градоначалникот.

Техничкиот дијалог со потенцијалните понудувачи за изработка на овој проект завршува денеска. Очекувам дека до година ова време веќе ќе може да зборуваме за распишување на тендер за изградба на овој објект. Потребни ќе бидат околу две години за негова изградба, кажа Шилегов.

Тунелот под Кале е дел од нацрт-верзијата на Деталниот урбанистички план за локалитетот Тетовска трошарина, како продолжение на булеварот “Свети Климент Охридски”, усвоен од страна на Советот на општина Центар. Тунелот постои во генералните урбанистички планови за Град Скопје уште од 1965 година, а потоа е потврден и во плановите од 1985 и 2002 година. Тој ќе има олеснителна функција во однос на сообраќајниот метеж.

Промовирани огласи »

Новина од Vip за сите млади кои сакаат предизвици и добра забава

Вип продолжува да ги збогатува содржините за сите млади

Вип продолжува да ги збогатува содржините за сите млади на возраст од 18 – 26 години, овојпат со креирање на можноста да станат дел од Vip Spirit Club - от - достапен на веб страницата на компанијата www.vip.mk/spirit.

Сите млади кои се подготвени за предизвици и многу забава, можат да се регистрираат следејќи го упатството што го добиваат со пристапување на линкот позициониран во секцијата ЗА МЛАДИ каде е деталното упатство за стекнување уникатен код за идентификација како член на Vip Spirit Club со што и автоматски учествуваат во извлекување за 3 подароци– iPhone X. Добитните кодови ќе бидат објавени на 15 септември, на Facebook страницата на Вип.

Со самото регистрирање, како дел од Vip Youth заедницата, сите членови на клубот добиваат и уникатна можност за пристап до многу изненадувања, можност за присуство на музички настани, можност за специјални понуди за млади како и попусти за телефони.

Vip Spirit Club е уште еден доказ дека Вип е компанија која е постојано насочена кон истражување на потребите на своите корисници, сé со цел креирање на идеални понуди за непречена комуникација, но и многу содржини што го збогатуваат комуникациското искуство.

Повеќе информации за Vip Spirit Club можете да добиете на www.vip.mk

Промовирани огласи »

Таравари: Порано имавме највисока доверба, сега е падната за неколку места

Претходниот министер за здравство открива колку доктори заминале лани од Македонија

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, како гостин на ТВ Алфа, изјави дека, според некои интерни анкети, довербата на граѓаните во министерството била највисока од сите владини институции, но сега таа е падната за неколку позиции.

Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкета минатата година Министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега се наоѓало на трето или четвро место од долу на листата.

Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.

Ова  е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари, мислејќи на фамозниот тендер од 36 милиони евра за реагенси и централизирање на лабораториите.

Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи, секој работник кој има непрекинат работен стаж од 6 месеци има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. На месечно ниво се добиваат по 2 дена платен одмор.

Според законот предвидено е годишниот одмор да се користи во два дела, првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Доколку не го искористите одморот работодавачот треба да ви ги наплати тие денови дополнително на платата во јули.

Треба да напоменеме дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, викендите (доколку од фирмата каде што сте вработени се неработни), отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Тие кои не се во редовен работен однос како на пример хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но обврска е на менаџментот кој ги користи услугите на оваа група е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени. Но сепак тоа останува во меѓусебен договор на засегнатите страни.

Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.

За да користите годишен одмор треба однапред да поднесете барање за истото и тоа да биде утврдено со план за одмори и писменото барање да биде потпишано од работодавецот и од вас како вработен.

Тагови: годишен одмор

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »