Промовирани огласи »

Преку тендер Владата бара физички обезбедувачи на објектите на државната управа, односно обезбедување на СОЗР на Владата, објектот на МРТВ, Клубот на органи на државната управа, Бирото за судски вештачења и Бирото за метрологија .

Според тендерот објавен на сајтот за електронски набавки сумата е во вредност од 2,6 милиони евра, но без ДДВ.

Критериум за добивање на тендерот е најниска ценa, додека периодот на кој се однесува набавката е 3 години.

Договорот предвидува 24/7 внатрешно и надворешно обезбедување, контрола и евиденција на клиенти и вработени при влегување/излегување, контрола на безбедноста на деловниот простор од опасности од пожар.

Oние кои ќе се пријават потребно е да имаат 180 милиони денари вкупни приходи.

Промовирани огласи »

МЛАДИ И ВЛИЈАТЕЛНИ БИЗНИСМЕНИ: Кои звучни имиња се најдоа на листата

Кои се највлијателни млади луѓе во светскиот бизнис

Коосновачот и директор на Инстаграм Кевин Систром (34) го зазеде првото место на листата на највлијателни млади бизнисмени во светот „40 по 40“.

Второто место му припаднало на основачот и директор на Фејсбук Мајк Закерберг (34) а третата позиција ја делат коосновачот и директор на Лифт, Логан Грин (34) и претседател на таа компанија Џон Цимер (34) се наведува на официјалниот сајт на американскиот магазин Форчен.

На листата се рангиран и највлијателни млади луѓе од светот на бизнисот.

Промовирани огласи »

Паушална и повисока проценета вредност на имотoт од реалната пазарна вредност, што влијае на висината на данокот што го плаќаат, е една од поплаките што ги изнеле граѓаните во неодамна објавената анализа за администрирање на даноците во град Скопје, пренесе МИА.

Според агенцијата експертите и институциите решение на вакви проблеми гледаат  во поедноставување на постојната или подготовка на нова методологијата за утврдување на пазарната вредност, спроведување масовна проценка од страна на Агенцијата за катастар на невдижности за тоа да биде основа за пресметка на висината на даноците на имот а како што се наведува се препорачува и вклучување независни проценители, особено во случаи на жалбена постапка и реевалуација на вредноста на имотот,  по примерот на европските држави.  

Официјалните податоци покажуваат дека стапките на данокот на имот во Македонија се ниски во споредба со другите европски земји, но, граѓаните во анкетата спроведена за потребите на анализата наведуваат дека се незадоволни од износот што го плаќаат. Мнозинството од анкетираните не се согласуваат дека износот што го плаќаат за данок на имот односно за данок на наследство и подарок е разумен и правичен.

Како даночна основа  во Македонија се зема пазарната вредност на недвижниот имот која се пресметува согласно Методологијата за одредување пазарна вредност. Според анкетата, 70 проценти од испитаниците изјавиле дека не се запозанени со Методологијата. Од оние кои рекле дека се запознаени, две третини сметат дека даночната администрација на град Скопје не ја оценува реално вредноста на нивниот недвижен имот. Иако зема предвид повеќе аспекти, Методологијата не става акцент на географската локација на сопственоста при одредување на цената, што е најзаначен критериум во најголем дел од развиените држави.

Промени на состојбите се очекуваат со новиот закон за проценка на кој работи Министерството за правда и завршувањето на изработката на новата методологија на која работи Министерството за транспорт и врски, пишува Миа.

Промовирани огласи »

Околу 15.000 работодавачи може да добијат и до 1.200 денари месечна помош за плати

Закон по скратена постапка денеска на собраниска седница

Максимум 50.000 рабоптници, односно 15.000 работодавачи може да бидат опфатени со новиот закон кој се носи денеска по скратена постапка со цел да им се помогне на фирмите кои ги покачиле платите над минималната граница, а износот кој секој месец ќе се добива по вработен може да достигне и до 1.200 денари. 

Едно претпријатие же се смета дека има потреба од помош доколку трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци.

Државата планира да ги поттикне работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот на РМ. За спроведување на законот, што се носи по скратена постапка, ќе бидат потребни околу 372.000.000 денари за 2018 година, односно 892.800 денари за 2019 година.

Според Предлогот, финансиската поддршка ќе се обезбеди во периодот од јули до декември годинава и ќе изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември минатата година. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »