Промовирани огласи »

Околу 15.000 работодавачи може да добијат и до 1.200 денари месечна помош за плати

Закон по скратена постапка денеска на собраниска седница

Максимум 50.000 рабоптници, односно 15.000 работодавачи може да бидат опфатени со новиот закон кој се носи денеска по скратена постапка со цел да им се помогне на фирмите кои ги покачиле платите над минималната граница, а износот кој секој месец ќе се добива по вработен може да достигне и до 1.200 денари. 

Едно претпријатие же се смета дека има потреба од помош доколку трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци.

Државата планира да ги поттикне работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот на РМ. За спроведување на законот, што се носи по скратена постапка, ќе бидат потребни околу 372.000.000 денари за 2018 година, односно 892.800 денари за 2019 година.

Според Предлогот, финансиската поддршка ќе се обезбеди во периодот од јули до декември годинава и ќе изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември минатата година. 

Промовирани огласи »

Сите ги мразат овие навики на колегите!

Што е тоа што вас ве нервира најмногу кај вашите колеги?

Во Велика Британија е спроведено истражување со кое е дојдено до заклучок кои се всушност работите кои луѓето најмногу ги мразат кај своите колеги. Во продолжение прочитајте ги овие навики, можеби и вие ги поседувате.

  • Колеги кои доцнат на работа и состаноци,
  • Колеги кои постојано се на пауза за цигара,
  • Колеги кои доаѓаат на работа кога се болни,
  • Колеги кои ги озборуваат другите колеги,
  • Колеги кои разговараат за доверливи деловни проблеми,
  • Колеги кои ги носат своите деца на работа,
  • Колеги кои им испраќаат меил на колегите кои седат до нив,
  • Колеги кои носат папучи на работа,
  • Колеги кои носат облека која ништо не прикрива,

Внимавајте ако имате некоја од овие навики обидете се да најдете решение за истата. Што е тоа што вас ве нервира најмногу кај вашите колеги?

Промовирани огласи »

20 973 денари е просечната исплатена месечна бруто-плата по вработен, во мај 2018 година во секторот производство на кожа и слични производи од кожа. 

18 924 денари е во рибарство и аквакултура, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

22 396 денари бруто земаат во производство на облека. 

Вработените во производство на текстил заработуваат бруто по 28 456 денари. 

Во секторот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал, бруто платата изнесува 23 682 денари. 

Вработените во производство на мебел земаат бруто 22 470 денари. 22 282 денари бруто земаат луѓето кои работат со услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата. 

Промовирани огласи »

Измени во Законот за минимална плата

Заменик министерот нагласи и дека средствата за исплата на финансиската поддршка се веќе обезбедени

Собраниската Комисија за труд и социјална политика на денешната седница ја започна расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија.

Измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Ваквиот предлог се прифати на седницата на социјално-економскиот совет што се одржа во Владата на 1 мај 2018 година поради што се неопходни измени на Законот. Планирано е финансиската поддршка да се обезбедува во периодот од јули 2018 до декември 2019 година и да изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година при што максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари, изјави заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Заменик министерот нагласи и дека средствата за исплата на финансиската поддршка се веќе обезбедени и според проекциите доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите за мерката, ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Тагови: минимална плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »