Промовирани огласи »

Фондот за иновации и технолошчки развој ќе ги награди деветте најдобри стартап компании

Признанија за првите девет старт-ап компании од Фондот за иновации

Во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој денеска од 16:30 часот до 17:30 часот ќе им додели признанија на првите девет стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.

Во претходните три години од Фондот за иновации и технолошки развој поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување.

Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.

Честа да го отвори настанот ќе ја има директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тагови: Фонд за иновации и технолошки развој (FITR)

Промовирани огласи »

KARIERA.mk обуки: Како да составите CV, мотивациско писмо и да се припремате за интервју

Започнаа обуките организирани од KARIERA.mk

Започнаа обуките организирани од KARIERA.mk на тема: „Како да составите CV, мотивацискописмо и да се припремате за интервју за работа“. Обуката ги опфаќа најсуштинските елементи кои треба да ги совлада секој невработен или кандидат за подобра работна позиција. Во обуката беше вклучено и како лесно може да пребарувате и најдете работна позиција во Македонија.

Доколку сте заинтересирани за обуката може да аплицирате на [email protected].

Промовирани огласи »

Интервју со Слободанка Алексовска од Агенцијата за вработување на РМ

Гостинката дава одговор на многу прашања поврзани со вработувањето

Интервју во емисијата Јанко Јади Бурек со Слободанка Алексовска од АВРМ. Гостинката дава одговор на многу прашања поврзани со вработувањето. Погледнете:

Интервју со Слободанка Алексовска од Агенцијата за вработување на РМ

Промовирани огласи »

Каде ќе живеат Меланија Трамп и синот?

Меланија Трамп и синот не се селат во Белата куќа

По инаугурацијата овој викенд, многу весници почнаа да пишуваат за преселбата на фамилијата Трамп во Белата куќа. Сепак, првата дама и синот на Доналд Трамп, младиот 11 годишен Барон, нема да се преселат во Вашингтон и Доналд Трамп ќе ги гледа ретко.

Причината за оваа одлука е токму поради школувањето на Барон, кој учи во приватно училиште во Њујорк и нема да може да изостанува од наставата. Многу од блиските пријатели на фамилијата, кажуваат дека Меланија е исклучително блиска со синот и не би го оставила сам за ништо на светот. Според доверливи извори, Доналд Трамп плаќа дури 40 000 долари годишно за неговото школување и навистина многу инвестира во неговата иднина.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »