Промовирани огласи »

Од понеделник патарини ќе се плаќаат и со смарт картички

Смарт картичките потоа ќе може и да се надополнат, и тоа преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. За почеток наплатата на патарината ќе се одвива и во готовина и со смарт-картички и за тоа ќе бидат поделени различни ленти на наплатните стан

На автопатските делници од Коридорот 10 низ Македонија од јули патарина ќе се плаќа и со смарт паметна картичка, што ќе може да се набави на бензинските пумпи, на сегашните наплатни станици за патарина и на граница.

Смарт картичките потоа ќе може и да се надополнат, и тоа преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. За почеток наплатата на патарината ќе се одвива и во готовина и со смарт-картички и за тоа ќе бидат поделени различни ленти на наплатните станици.

За тие што ќе плаќаат во готовина ќе важат сегашните цени на патарина, а за оние со картичка ќе има и попуст, како што истакнуваат од ЈП за државни патишта, за побрзо да се увидат придобивките од користењето на смарт-картичките.

За наплата со смарт-картички попустот ќе биде 5 %, а за таговите 10 % и тие се наменети за камиони и други превозници. Тоа се всушност специјални лепенки со сериски број, кои ќе се ставаат на предното ветробранско стакло., при што како што ќе се приближи возилото, од далечина, системот на рампата ќе го отчитува бројот и автоматски ќе ја отвори рампата.

Таговите ќе се продаваат по цена од 1.000 до 1.200 денари, а ќе имаат важност од седум години. Од есен, пак, ќе се воведе и принципот на траен налог.

– Од следниот месец во употреба влегуваат припејд-картичките и таговите, наменети за камиони и други превозници. Пластичната картичка се набавува само еднаш и потоа само ќе се надополнува и ќе чини онолку колку што ќе има кредит на неа. Постпејд-картичките ќе стартуваат од есен – најави деновиве Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта, кој појаснува дека целта на воведувањето на системот за електронска наплата на патарините е намалување на чекањето и застоите кои се создаваат на рампите, особено во одредени делови од годината, како што е летниот период. -Поради тоа, додека важи паралелното плаќање, постепено ќе воведеме со готовина да се плаќа само на една рампа, за да увидат возачите каква предност е електронското плаќање. Во иднина, пак, во план е на секоја рампа да има една лента само за возила со тагови, што значи дека превозниците нема да мора воопшто да чекаат – вели Китанов и додава дека системот предвидува и софтвер за надополнување на картичките и од дома. А, колку пари има на картичката освен на граница, на рампа или на бензинска пумпа, ќе се проверува и преку апликација за мобилен.

Од ЈП за државни патишта велат дека системот ќе стартува на сите наплатни рампи на Коридорот 10. Изградбата на рампата Романовце е целосно завршена, системот е веќе инсталиран, а во крајна завршна фаза е и на другите рампи на

Коридорот 10: Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Инвестицијата за автоматизацијата на наплатните рампи чини 17,8 милиони евра, од кои 15 милиони евра беа обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а остатокот од буџетот. Проектот го реализираше турската компанија „Аселсан“. По Коридорот 10, автоматизација на рампите се планира и на автопатските делници на Коридорот 8.

Промовирани огласи »

Дремете на работното место? Пробајте го ова за прилив на енергија

Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место? Еве што треба да направите

Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со некој од овие производи и сигурно ќе ве преплави енергија.

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта.

Јајца

Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.

Грчки јогурт

Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво.

Киноа

Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна. Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне.

Промовирани огласи »

Потресна приказна на мајка од Кратово која што ги оставила децата во дом: Мамо, не оди, поседи со мене уште малку!

Потресна приказна на мајка од Кратово која што ги оставила децата во дом

-Мамо те молам не си оди, поседи со мене уште малку – биле зборовите на шест годишната Моника, кои што при секоја средба во домот за деца ,,11Октомври’’ во Скопје и ги кажувала на својата мајка Драгица. Освен Моника, во домот е сместен и Христијан, нејзниот четиринаесет годишнен син, но тој сакајќи да покаже дека е силен и доволно возрасен, ги криел солзите и емоциите при разделбите.

До Драгица Јованова, четириестидве годишна мајка од Кратово дојдовме лесно. Нејзиниот оглас кој што веќе со месеци се објавува секојдневно во еден дневен весник е тешко да не се забележи.

Самохрана мајка на две деца бара дом! Барам сама жена или семејство кои се без деца, за да можам да бидам сместена кај вас, да можам да побарам работа и да можам да си ги вдомам децата. Домот го барам во Скопје или околните населби, работа барам како чистачка или садомијачка – напишала таа.

Животот ми е пекол. Можат да ме разберат мајките кои што морале да се разделат од своите деца, оти поголема тага од таа нема. Живеам во Кратово со мајка ми, немаме никакви услови. Еден период бев и бездомничка, имав здравствени проблеми… Син ми Христијан го дадов во дом кога имаше пет години, не можев да заработам доволно за живот, бевме гладни, немавме кров над глава. Татко му не сакаше да се грижи за нас, си замина и не се сврте ниту по детето, ниту по мене. Пред шест години во вонбрачна врска ја родив и Моника. Се мачев долг период да и обезбедам нормален живот, но пред една година се разболев, имав психички проблеми. Не можев да се грижам повеќе за неа и ја однесов во домот кај брат и. Не ме прашувајте како се разделивме. Не ме прашувајте како реагираше ќерка ми… Што и кажав, што и ветив… Нејзниот плач – Мамо, мамо не оди, не ме оставај… Многу ми е тешко да зборам за тоа – раскажува Драгица.

Таа додава дека Моника сеуште очекува повторно да живее заедно со неа, па затоа и собрала сила и барала помош од хуманите граѓани, организации, од институциите, да и обезбедат сместување, да и најдат работа.

Имам завршено само основно училиште. Одев на обука за нега на стари лица, еден период се грижев за една старица. Тоа знам да го работам, но би се нафатила да работам и во кујна, било каде… Најважно ми е да најдам сместување, да имам редовни примања. Не барам многу, не барам луксуз, само да можам да си ја земам Моника со мене и да се грижам за неа. Син ми вели дека не сака да ми биде на товар, свесен е дека имам многу тешкотии, па како утеха ми кажува дека нема да се лути ако ја земам само сестра му, оти е помала, но би бил среќен кога би нашала сместување и работа во Скопје, за да можам често да го посетувам – вели Јованова.

Додека разговараме, таа не престанува да плаче. Вели дека никогаш не мислела како животот ќе си поигра со неа, но и со судбините на нејзините деца.

Зимоска ми се јави едно семејство од Скопје, ми понуди сместување. Во тој период бев болна, не можев да заминам во Скопје. Изгубив контакт со нив, најверојатно веќе нашле друга помошничка. Немам интернет, Фејсбук профил или нешто слично, не би можела сама да барам работа и помош преку компјутер, затоа го оставив само мојот телефонски број во огласот. Сакам да упатам апел до сите кои што ја разбираат мојата тага и болка да ми помогнат. Добредојдени се парични средства, имам трансакциска сметка, но најмногу ќе ми значи сместување и работа во Скопје. Немам потреба засега од облека и мебел, оти немам ниту каде ги оставам. Животот со мајка ми е многу скромен, таа има минимални примања, свесна сум дека не можам да останам кај неа. И јас самата сум мајка и мислам дека заслужувам општеството да ми пружи шанса да бидам заедно со моите деца– варди Драгица. Вели дека не примала алиментација за Моника и Христијан, немала никакви редовни примања, но би сакала да работи и сама да може да си ги издржува децата.

Секој денар го тргам на страна, гладувам за да соберам пари и да отидам во Скопје, во домот, за да си ги видам децата. Живеам за тие средби, но и секој пат ми го кршат срцето. Да мораш да го пуштиш расплаканото дете од прегратка и да си заминеш, на секое видување да му ветуваш дека бргу ќе се вратиш, дека ќе си живеете заедно… Сето тоа е премногу тешко. Ги молам сите кои што ќе ги допре оваа моја приказна да ми помогнат, не се плашам од работа, само да си бидам заедно со децата – вели мајката.

По разговорот со неа ни остана грутка во грлото. Не може, а да не се помисли на детските очи кои што секој ден гледаат во прозорецот и ја очекуваат својата мајка. Ниту пак на разделбите и ветувањата дека еден ден се ќе се среди и малата Моника и Христијан, кој што се труди да биде голем брат, ќе имаат топол дом и ќе заспиваат под ист покрив со нивната мајка.

Затоа, сите кои што сакаат и можат да и помогнат на Драгица, можат да ја побараат на телефонскиот број 075 818 773.

Извор - Фокус

Промовирани огласи »

Ќе се намали цената на струјата, РКЕ денеска ќе објави за колку

Од денес нова цена на струјата.

Новата цена на струјата ќе се знае денеска по подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика. 

Новото раководство на РКЕ вчера на средба со новинарите најави дека ќе има минимално намалување на цената на струјата.

Како што информираа од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »