Промовирани огласи »

Ќе се намали цената на струјата, РКЕ денеска ќе објави за колку

Од денес нова цена на струјата.

Новата цена на струјата ќе се знае денеска по подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика. 

Новото раководство на РКЕ вчера на средба со новинарите најави дека ќе има минимално намалување на цената на струјата.

Како што информираа од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

Промовирани огласи »

Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот

Укината забраната за купување алкохол навечер

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ.

Со најновите законски измени коишто пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици.

Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци. Овие имени во Законот за трговија ги бараше Стопанската комора на Македонија.

Измените во Законот за трговија влегуваат во сила осум дена по нивното објавување во Службен весник.

Промовирани огласи »

Инстаграм, најдобро потрошената милијарда на Фејсбук

Вредноста на Инстаграм проценета на повеќе од 100 милијарди долари

Во 2012 Фејсбук го купува Инстаграм и за апликацијата со 13 вработени плаќа незамисливи 1 милијарда долари. Ќе излезе дека во следните години ова нема да биде ни приближно најголемата инвестиција на Фејсбук, ама неспорно најпрофитабилната.

6 години по купувањето Блумберг ја проценува вредноста на Инстаграм на 100 милијарди долари, или 100-кратен повраток на оригиналната инвестиција.

Процените на Блумберг се дека Инстаграм во следните 5 години ќе стигне до 2 милијарди корисници, изедначувајќи се со Фејсбук. Инстаграм неодамна објави дека има 1 милијарда активни корисници месечно, публика која се очекува да помогне приходите на Инстаграм да ја надминат границата од 10 милијарди долари во следните 12 месеци.

Уште една статистика во корист на Инстаграм е дека корисниците минуваат речиси исто време на апликацијата, колку што минуваат и на Фејсбук, или околу 53 минути на ден.

Емаркетер проценува дека Инстаграм носи речиси 30% од приходите на Фејсбук од реклами на мобилни уреди, бројка која до 2020 ќе се зголеми до 40%. 

Извор - Off.net.mk

Промовирани огласи »

До 2020 година секоја аптека мора да има вработено најмалку двајца дипломирани фармацевти

Измените на законот за лекови кои пред една недела излегоа во службен весник предвидуваат правното лице кое врши промет на мало со лекови е должно да обезбеди најмалку по едно лице со завршен факултет по фармација кое ќе биде постојано присутно во смена в

Од 2020 година секоја аптека мора да има вработено најмалку двајца дипломирани фармацевти. Измените на законот за лекови кои пред една недела излегоа во службен весник предвидуваат правното лице кое врши промет на мало со лекови е должно да обезбеди најмалку по едно лице со завршен факултет по фармација кое ќе биде постојано присутно во смена во аптеката.

Овие измени требаше да важат од 2018, но поради недостиг на кадар одложени се за година и половина. Сегашниот закон предвидува аптеките, веледрогериите и специјализираните продавници за лекови да имаат по најмалку еден дипломиран фармацевт со положен стручен испит и техничар со средно образование. Според ваквата кадровска поставеност инспекторите на МАЛМЕД не нашле неправилности во исконтролираните аптеки.

Во 2018 извршени се се 172 надзори од кои што 38 се редовни, контролни 25 и вонредни 108 надзори и при истите не се констатирани неправилности, изјави Роберт Бекироски, директор на МАЛМЕД.

Инаку во Македонија има околу 900 аптеки и за исполнување на законската обврска од 2020 потребни се уште толку дипломирани фармацевти, но според информации на Сител и овој кадар по примерот на лекарите и медицинските сестри масовно заминува на работа во странство претежно во западно европските земји и Австралија, а на домашниот пазар речиси и да нема невработен фармацевт со лиценца.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »