Промовирани огласи »

Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот

Укината забраната за купување алкохол навечер

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ.

Со најновите законски измени коишто пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици.

Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци. Овие имени во Законот за трговија ги бараше Стопанската комора на Македонија.

Измените во Законот за трговија влегуваат во сила осум дена по нивното објавување во Службен весник.

Промовирани огласи »

Инстаграм, најдобро потрошената милијарда на Фејсбук

Вредноста на Инстаграм проценета на повеќе од 100 милијарди долари

Во 2012 Фејсбук го купува Инстаграм и за апликацијата со 13 вработени плаќа незамисливи 1 милијарда долари. Ќе излезе дека во следните години ова нема да биде ни приближно најголемата инвестиција на Фејсбук, ама неспорно најпрофитабилната.

6 години по купувањето Блумберг ја проценува вредноста на Инстаграм на 100 милијарди долари, или 100-кратен повраток на оригиналната инвестиција.

Процените на Блумберг се дека Инстаграм во следните 5 години ќе стигне до 2 милијарди корисници, изедначувајќи се со Фејсбук. Инстаграм неодамна објави дека има 1 милијарда активни корисници месечно, публика која се очекува да помогне приходите на Инстаграм да ја надминат границата од 10 милијарди долари во следните 12 месеци.

Уште една статистика во корист на Инстаграм е дека корисниците минуваат речиси исто време на апликацијата, колку што минуваат и на Фејсбук, или околу 53 минути на ден.

Емаркетер проценува дека Инстаграм носи речиси 30% од приходите на Фејсбук од реклами на мобилни уреди, бројка која до 2020 ќе се зголеми до 40%. 

Извор - Off.net.mk

Промовирани огласи »

До 2020 година секоја аптека мора да има вработено најмалку двајца дипломирани фармацевти

Измените на законот за лекови кои пред една недела излегоа во службен весник предвидуваат правното лице кое врши промет на мало со лекови е должно да обезбеди најмалку по едно лице со завршен факултет по фармација кое ќе биде постојано присутно во смена в

Од 2020 година секоја аптека мора да има вработено најмалку двајца дипломирани фармацевти. Измените на законот за лекови кои пред една недела излегоа во службен весник предвидуваат правното лице кое врши промет на мало со лекови е должно да обезбеди најмалку по едно лице со завршен факултет по фармација кое ќе биде постојано присутно во смена во аптеката.

Овие измени требаше да важат од 2018, но поради недостиг на кадар одложени се за година и половина. Сегашниот закон предвидува аптеките, веледрогериите и специјализираните продавници за лекови да имаат по најмалку еден дипломиран фармацевт со положен стручен испит и техничар со средно образование. Според ваквата кадровска поставеност инспекторите на МАЛМЕД не нашле неправилности во исконтролираните аптеки.

Во 2018 извршени се се 172 надзори од кои што 38 се редовни, контролни 25 и вонредни 108 надзори и при истите не се констатирани неправилности, изјави Роберт Бекироски, директор на МАЛМЕД.

Инаку во Македонија има околу 900 аптеки и за исполнување на законската обврска од 2020 потребни се уште толку дипломирани фармацевти, но според информации на Сител и овој кадар по примерот на лекарите и медицинските сестри масовно заминува на работа во странство претежно во западно европските земји и Австралија, а на домашниот пазар речиси и да нема невработен фармацевт со лиценца.

Промовирани огласи »

Усвоена декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Македонската возачка дозвола ќе биде признаена во Германија

Владата на вчерашната седница го усвои извештајот за преговорите со усогласен текст на заедничка декларација за намера на македонската Влада, застапувана од македонското Министерство за внатрешни работи и Сојузното Министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за процедури за замена на возачките дозволи.

Ова претставува последна фаза пред потпишување на декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината), информираат од владината прес-служба.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »