Промовирани огласи »

Усвоена декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Македонската возачка дозвола ќе биде признаена во Германија

Владата на вчерашната седница го усвои извештајот за преговорите со усогласен текст на заедничка декларација за намера на македонската Влада, застапувана од македонското Министерство за внатрешни работи и Сојузното Министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за процедури за замена на возачките дозволи.

Ова претставува последна фаза пред потпишување на декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината), информираат од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Следниот неработен ден е четврток

Ова е целата листа за годинава

Следниот неработен ден за сите граѓани е четврток втори август кога се слави Денот на Републиката, Илинден.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат:

Програма на неработни денови за 2018 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Банкарските картички со пин кодови заминуваат во историјата

Ќе се воведе нов начин на плаќање

Банкарските картички кои овозможуваат плаќање со пинови и чипови наскоро може да станат историја, како дел од плановите да се воведе побезбеден начин на купување пишува британски Mirror.

Новите биометриски картички ќе функционираат на принцип на отисок од прст, благодарение на вградената технологија за скенирање на отпечатоци. Сè што ќе треба да напават корисниците е да отидат во банка и да остават отпечаток од показалецот, а тој ќе се регистрира на платежната картичка и така никој не ќе може да ја користи истата без дозвола на сопственикот.

Технологијата за скенирање на отпечатоци се придвижува од магнетното поле на терминалот за плаќање, па така продавниците дури и нема да мораат да ги заменат своите машини, односно за разлика од промоцијата на безконтактните картички, биометриските картички ќе работат со постојните платежни терминали.

Банките се одлучија на овој чекор поради зголемениот број на украдени или пробиени картички. Само минатата година хакерите и сајбер криминалците успеале да украдат над една милијарда евра.

Плаќањата со банкарски картички е во нагорен тренд и се очекува до 2027 година тоа да биде најкористениот начин на плаќање.

Дали со ова ќе се обезбеди целосна заштита за корисниците или пак сепак ќе има одредени пропусти кажува случајот кои го детектираа експертите за безбедност од компанијата Proofpoint кои објавија дека детектирале нов вирус – Vega Stealer, кој им се заканува на корисниците на Google Chrome и други популарни пребарувачи.

Со помош на малициозен софтвер, сајбер-криминалците крадат податоци од банкарски картички и други важни информации. Vega Stealer е модифицирана верзија на вирусот August Stealer откриен во декември 2016 година.

Се дистрибуира преку е-mail и испраќа паразити на зачуваните лозинки, документи и доверливи информации на Google Chrome, Firefox, Skype и Opera. Често вирусот доаѓа во порака од некоја голема компанија со прилог во форма на документ “short.doc”.

Вториот вклучува малициозни макроа кои го отвораат Vega Stealer. По инфицирањето на компјутерот, вирусот ја скенира работната површина на жртвата, краде важни податоци и ја испраќа до напаѓачите на далечински сервери. Експертите уште еднаш ги советуваат, корисниците да бидат внимателни кога отвараат непознати и сомнителни mail пораки.

Промовирани огласи »

И договорите за работа од дома ќе влезат во Законот за работни односи

Со новиот закон за работни односи измени кај договорите за вработување

Во новиот закон за работни односи којшто се подготвува во Министерството за труд и социјална политика се предвидуваат измени во делот посветен на договорите за вработување.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека ќе има унапредување во овој сегмент и оти посебно внимание ќе биде посветено на договорите за работа од дома, кои како форма засега не се застапени во голем обем во Македонија.

Развојот на техниката и технологијата, посебно користењето на онлајн работењето, особено работењето преку интернет, кое е се повеќе застапено во економските активности на приватните субјекти, налага ваквите договори да бидат се почести и системски препознаени и уредени. Ова е предизвик за секоја држава и на овие моменти се посветува посебно внимание при изготвувањето и носењето на новите законски решенија во рамки на новиот закон за работни односи, чија подготовка е започната. Притоа ќе треба да се внимава ваквата форма да не предизвика намалување на правата на работниците и нивна прикриена експлоатација, истакна Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика на денешната дебата посветена на социјалната политика и вработувањето.

И другите договори, како што најави Тренчевска, ќе претрпат промени соодветни на динамичните промени и услови на пазарот на трудот.

Од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) посочуваат дека во Европа предност им се дава на договорите на определено време, а не на договорите на неопределено време. Оттаму сметаат дека треба да биде многу поголема слободата на работните места и на договорите за вработување.

Досега работодавачот можеше да склучи договор на определено време со работникот без некои специјални критериуми. Сега, тоа е стрикно наведено како замена на работник, неодложни нови работи, работа на проект до три години…. Во сите други случаи ако се отвара ново работно место, во предложениот закон е кажано дека после шестиот месец работникот треба да заснова договор на неопределно работно време. Тоа ќе ја намали мотивираноста на работодавачите да отвораат нови работни места. Европа не случајно ги промовира договорите на определно време повеќе отколку договорите на неопределено работно време, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.

Тој додава дека ваквите договори имаат одредени негативности, како на пример, сигурноста на работното место, но тоа, според него, креира нови работни места.

Сигурноста на работните места треба да се обезбеди преку што полесно наоѓање ново работно место, а не преку законско ограничување дека работникот мора да заснова работен однос додека е жив. Треба да ги следиме трендовите во Европа, бидејќи пазарот на труд во Македонија не е ист како пред 20 години, вели Димитров.

Учесниците на дебатата се согласни дека новите трендови на пазарот на труд налагаат новите флексибилни форми на вработување да бидат регулирани во реформите за работните односи во Македонија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »