Промовирани огласи »

И договорите за работа од дома ќе влезат во Законот за работни односи

Со новиот закон за работни односи измени кај договорите за вработување

Во новиот закон за работни односи којшто се подготвува во Министерството за труд и социјална политика се предвидуваат измени во делот посветен на договорите за вработување.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека ќе има унапредување во овој сегмент и оти посебно внимание ќе биде посветено на договорите за работа од дома, кои како форма засега не се застапени во голем обем во Македонија.

Развојот на техниката и технологијата, посебно користењето на онлајн работењето, особено работењето преку интернет, кое е се повеќе застапено во економските активности на приватните субјекти, налага ваквите договори да бидат се почести и системски препознаени и уредени. Ова е предизвик за секоја држава и на овие моменти се посветува посебно внимание при изготвувањето и носењето на новите законски решенија во рамки на новиот закон за работни односи, чија подготовка е започната. Притоа ќе треба да се внимава ваквата форма да не предизвика намалување на правата на работниците и нивна прикриена експлоатација, истакна Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика на денешната дебата посветена на социјалната политика и вработувањето.

И другите договори, како што најави Тренчевска, ќе претрпат промени соодветни на динамичните промени и услови на пазарот на трудот.

Од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) посочуваат дека во Европа предност им се дава на договорите на определено време, а не на договорите на неопределено време. Оттаму сметаат дека треба да биде многу поголема слободата на работните места и на договорите за вработување.

Досега работодавачот можеше да склучи договор на определено време со работникот без некои специјални критериуми. Сега, тоа е стрикно наведено како замена на работник, неодложни нови работи, работа на проект до три години…. Во сите други случаи ако се отвара ново работно место, во предложениот закон е кажано дека после шестиот месец работникот треба да заснова договор на неопределно работно време. Тоа ќе ја намали мотивираноста на работодавачите да отвораат нови работни места. Европа не случајно ги промовира договорите на определно време повеќе отколку договорите на неопределено работно време, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.

Тој додава дека ваквите договори имаат одредени негативности, како на пример, сигурноста на работното место, но тоа, според него, креира нови работни места.

Сигурноста на работните места треба да се обезбеди преку што полесно наоѓање ново работно место, а не преку законско ограничување дека работникот мора да заснова работен однос додека е жив. Треба да ги следиме трендовите во Европа, бидејќи пазарот на труд во Македонија не е ист како пред 20 години, вели Димитров.

Учесниците на дебатата се согласни дека новите трендови на пазарот на труд налагаат новите флексибилни форми на вработување да бидат регулирани во реформите за работните односи во Македонија.

Промовирани огласи »

Колкумина Македонци од 2012 досега се израдувале на Бугарски пасош

Бугарски медиуми со нови податоци

Над 60 000 лица добиле бугарско државјанство од почетокот на 2012 година до средината на јуни 2018 година, пренесуваат бугарски медиуми.

Македонците добиле најголем број пасоши според податоците на Бугарската комисија за државјанство.

Како што се образложува под доказ за потекло, 37 133 лица од Македонија, Албанија и Косово добиле бугарско државјанство.

Со тоа што имале еден родител со бугарско државјанство, 26 108 Македонци добиле бугарски патни исправи. Одбивањата за истиот период се 4458, а причините се неисполнување на условите, неможноста да се докаже потеклото итн.

Тенденцијата за зголемување на бројот на апликанти е одржлива бидејќи Бугарија е дел од ЕУ. Апликантите од Македонија, Украина, Албанија, Молдавија, Србија, Романија и Грција моментно чекаат Комисијата да им даде државјанство. Една од главните причини за документот е способноста за работа во ЕУ без никакви проблеми.

Промовирани огласи »

До крајот на годинава електорнска наплата на сите патарини - за период од две до 3 годни целосно да биде исврлен кешт за плаќање

Првично наплатата ќе се одвива и со кеш и електорнки, но постепено ќе се намали потребата од човечки фактор

Од идниот месец патарина ќе се плаќа со паметна картичка. Така наречените смарт картички ќе се подигаат од бензинските, сегашните патарини или од граница, потоа ќе се надпополнуваат со толку пари колку што патникот сака.

Смарт картичките ќе може да се надополнат и преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. Од есен пак ќе се воведе и принципот на траен налог.

Освен смарт картички за електронска наплата на патарини граѓаните ќе можат да користат и тагови.

Првично наплатата ќе се одвива и со кеш и електорнки, но постепено ќе се намали потребата од човечки фактор.

Очекувањата се дека до крајот на годинава на сите наплатни станици ќе има можност за електорнска наплата на патарините. А за период од две до 3 годни целосно да биде исврлен кешт за плаќање.  

Во февруари ќе бидат готови и двете патарини кои се планираат на новиот автопат Демир Капија – Смоквица.

Промовирани огласи »

Германија ќе не преплави со стари дизелаши - ќе има ли поголеми давачки за поголемите загадувачи?

Поголем данок ќе се плаќа за поскапи автомобили, со поголема кубижа, а секако, меѓу најпогодените ќе бидат купувачите на стари возила во кои нема вградено мотори кои ги задоволуваат најновите еколошки „евро 6“ стандарди.

Се уште се работи на новиот закон за возила со кој освен категоризација на автомобилите според емисијата на штетни гасови најверојатно ќе бидат воведени и „еколошки лепенки“ во различна боја кои ќе покажуваат кој колку загадува. Новите закони, како што велат во Царинската управа, се подготвуваат поради потребата да се усогласат со законодавството на Европската унија.

Ова во пракса ќе значи дека поголем данок ќе се плаќа за поскапи автомобили, со поголема кубижа, а секако, меѓу најпогодените ќе бидат купувачите на стари возила во кои нема вградено мотори кои ги задоволуваат најновите еколошки „евро 6“ стандарди. Значи колку повеќе загадува автомобилот, толку повисок данок ќе се плаќа при неговиот увоз.

Од пред една година Германија почна да ги чисти патиштата од старите дизелаши, последната понуда беше субвенција до 10.000 евра за купување нов автомобил, па така околу 6 милиони германски половни возила го преплавија европскиот пазар. Најголем дел од нив, речиси со сигурност завршија во посиромашните земји, како балканските, меѓу кои е и Македонија.

Според статистиката, по германските патишта во моментот возат околу 15 милиони дизел автомобили кои ги исполнуваат евро 4, евро 5 и актуелниот евро 6 еколошки стандард. Од нив, 6,7 милиони одговараат на евро 4 регулатива, други 6 милиони ги задоволуваат евро 5 прописите, а останатите се од највисоката еколошка класа

Луѓето од авто- салоните велат дека увозот на стари возила не само што предизвикува зголемено загадување на воздухот, што е голем еколошки проблем со кој се соочуваме секоја зима, туку последици од намалениот бизнис трпат и илјадниците вработени во секторот и во другите придружни дејности.

Од друга страна, сопствениците на плацеви за продажба на половни возила трљаат раце. Тие очекуваат зголемени испораки на дизел возила со евро 4 од Германија, за какви што е дозволен увозот кај нас.

Возила со евро 4 стандард можат слободно да се увезат кај нас, а поради големата понуда ќе бидат многу евтини да се купат во Германија. Нема да има проблем за продажбата, нашите луѓе сакаат коли донесени од Германија. Без разлика колку се стари сите се добро сочувани и сервисирани, коментира еден сопственик на авто- плац.

Според податоците на Царинската управа во првиот квартал од годинава биле увезени 1.371 нов и 6.458 половни автомобили што е за 77 односно за 1.710 повеќе во однос на истиот период лани.

Увозниците се оптимисти – пазарот се стабилизирал и полека се враќал на старите нивоа.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »