Промовирани огласи »

Предраг Томиќ е работодавец каков што секој би посакал да има. На секој вработен му подарува по 1.000 евра кога ќе му се роди дете.

Доколку се случи некој да добие близнаци или тројка, сумата се покачувала двојно или тројно.

Во летото 2017 се родија Неда, Мила и Искра, после 5 години чекање. На денот на тројното слаење, уште едно изненадување. Работодавецот вети дека ќе не награди парично и дека ќе ни помогне да ги пораснеме. Цифрата беше по 1.000 евра за дете, односно 3.000 евра – вели Мирослав Дрчелиќ, еден од вработените во компанијата.

Предраг Томиќ – сопственик на компанијата “Србауто“ вели дека на овој начин ги мотивира вработените бидејќи неговата компанија размислува на долги патеки. Сака да ги задржи своите луѓе што е можно подолго за заеднички да успеат на пазарот.

Видео: Газда што секој би го посакал: Подарува по 1000 евра од родено дете на своите вработени

Промовирани огласи »

Покажа ли ефект врз наталитетот мерката, субвенции за трето дете?

Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа

Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете, за девет години. Во истиот тој период бројот на новородени деца паднал, анализира Фактор.

Анализата на Фактор покажува дека и покрај сумата која е издвоена да се помага родителството на повеќедетни семејства, мерката воопшто не го дала очекуваниот резултат. Од Министерството дури велат дека, ако се сакало да се помогнат посиромашни семејства, тоа не е постигнато затоа што пари добивале побогатите. Подготвуваат нов закон, но не се прецизира дали овој додаток ќе биде укинат.

СЕКОЈА ГОДИНА ПОВЕЌЕ

Во сумата од 208 милиони евра влегуваат и додатокот за трето и за четврто дете, сепак, над 95 отсто од парите се тие со кои се помогнати мајките за третото дете кое го родиле. Субвенциите за четврто дете се помалкубројни, а сумата изнесува по околу три отсто од вкупно исплатената на годишно ниво во просек.

Ако се анализира по години, секоја наредна сума потрошена за додатоци за трето и четврто дете расте. Мерката почна да се спроведува во 2009 година, што значи дека пари за оваа намена се одделуваат веќе девет години. Лани сумата изнесува речиси 43 милиони евра, претходната година за трето и четврто дете државата дала 38 милиони евра. Од 2012 до 2015 година се доделени речиси 102 милиони евра. Во 2010 Владата потрошила 9,3 милиони евра, следната година се 11,5 милиони евра. Првата година кога додатокот почнал да се исплаќа за оваа намена издвоени се 4,2 милиони евра. Таа година имало 1.898 корисници за трето дете, а 533 за четврто. Додека во 2017 година субвенција за трето дете добиле 26.778 мајки, а само 782 семејства се на листата кои примале субвенции за четврто дете.

Дали овие пари го постигнале ефектот?

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. 

Бројот на живородените деца во 2017 година, во споредба со минатата година, е намален за 5.4 %. 

ДОДАТОКОТ ЌЕ ОТИДЕ ВО ИСТОРИЈАТА?

Додека за тоа има дилема во јавноста и во Министерството сметаат дека стимулацијата воопшто не била креирана како што треба.

Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година, но и дека истата била лошо дизајнирана од самиот почеток. Така, на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова, велат за Фактор од Министерството за труд и социјална политика.

Не планираат додатокот да се зголеми, напротив, најавуваат и комплетно нова реформа.

МТСП работи на целосна реформа на системот и воспоставување на нов, правичен и пред се ефикасен систем за социјална заштита. Новиот закон е во изработка и ќе биде предмет на широка консултација со јавноста, се со цел да обезбедиме еднакво општество за сите и враќање на парите кај граѓаните. Новиот закон ќе ги зголеми социјалните трансфери но и ќе ги насочи средствата кон оние граѓани на кои им се најпотребни, велат оттаму.

Сметаат дека новите реформи ќе ги извлечат од сиромаштија тие кои се во таква состојба, а не такви кои ќе креираат социјален мир.

Висината на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) за 2018 година изнесува од 8.362 денари. 

Правото го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање,  чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање.  Правото не може да се оствари ако мајката за време на бременоста не вршела здравствени прегледи и контроли кај избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 71 денар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се пордава за 63,50 денали за литар.

За 0,50 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 52,00 денара.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари и еден килограм ќе се продава за 33,695 ден/кг.

Промовирани огласи »

На одмор во странство не тргнувајте без патничко осигурување

Изгореници од сонце, болки во увото и исеченици се најчестите причини поради кои македонските туристи кои летуваат надвор од земјата бараат медицинска помош.

Изгореници од сонце, болки во увото и исеченици се најчестите причини поради кои македонските туристи кои летуваат надвор од земјата бараат медицинска помош.

Оние кои освен со торбите и пасошите тргнале на пат преку граница и со полиса за патничко осигурување, не треба да се грижат, зашто на здравствените служби во местото во кое летуваат нема да им платат од свој џеб.

Патничкото осигурување може да се набави преку брокерите на осигурителните компании, или во самата туристичка агенција. Од агенциите информираат дека граѓаните најчесто го купуваат основното осигурување, кое не е скапо, а ги покрива трошоците за секакви интервенции во странство.

Лицата кои патуваат во странство, најчесто во Грција за викенд, обично користат тридневно осигурување кое во основната варијанта чини 73 денари. За седумдневните аранжмани се издава полиса за осум осигурени денови, која чини 197 денари. За 10 дена осигурувањето чини 247 денари, додека има и годишно кое покрива 30 денови од 296 денари и се издава само за соседните земји.

Постарите од 65 години, поради поголемата подложност на здравствени ризици, за сите овие видови осигурувања плаќаат двојно повисока сума.

- Има и осигурување со франшиза. Но, клиентите најчесто се одлучуваат за основното, без франшиза. кое ги покрива трошоците и досега не сме имале реакции околу него, информираат од една туристичка агенција која издава патничко осигурување.

Наспроти ова, голем број граѓани реагираат дека за лекување во странство платиле големи суми, но иако биле осигурени не си ги добиле парите назад. Според одговорните во туристичките агенции овие проблеми обично се случуваат кога патникот има осигурување со франшиза. Во тие случаи не се признаваат парите платени за интервенции пониски од одредена сума.
На пример, ако фаншизата е на 50 евра, а лекарската услуга чини 40, тогаш парите не се враќаат.

Така, за осигурување платено 300 денари, на пример, осигурителна компанија покрива и медицинска интервенција во странство која чини 30.000 евра, но со такво осигурување од свој џеб се плаќа ако здравствената услуга е поевтина од 100 евра.

Сепак, осигурувањето, какво и да е, се однесува само на акутни здравствени проблеми, односно такви кои настанале за време на престојот во земјата, а не и на хроничните.
Патничкото осигурување освен здравствените услуги се однесува и на сигурноста на багажот и автомобилот. Но, ако се работи за украдена техничка стока, како на пример лаптоп, таблет или мобилен телефон, тогаш таа треба да е пријавена на граница, а тоа ретко се прави.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »