Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 71 денар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се пордава за 63,50 денали за литар.

За 0,50 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 52,00 денара.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари и еден килограм ќе се продава за 33,695 ден/кг.

Промовирани огласи »

На одмор во странство не тргнувајте без патничко осигурување

Изгореници од сонце, болки во увото и исеченици се најчестите причини поради кои македонските туристи кои летуваат надвор од земјата бараат медицинска помош.

Изгореници од сонце, болки во увото и исеченици се најчестите причини поради кои македонските туристи кои летуваат надвор од земјата бараат медицинска помош.

Оние кои освен со торбите и пасошите тргнале на пат преку граница и со полиса за патничко осигурување, не треба да се грижат, зашто на здравствените служби во местото во кое летуваат нема да им платат од свој џеб.

Патничкото осигурување може да се набави преку брокерите на осигурителните компании, или во самата туристичка агенција. Од агенциите информираат дека граѓаните најчесто го купуваат основното осигурување, кое не е скапо, а ги покрива трошоците за секакви интервенции во странство.

Лицата кои патуваат во странство, најчесто во Грција за викенд, обично користат тридневно осигурување кое во основната варијанта чини 73 денари. За седумдневните аранжмани се издава полиса за осум осигурени денови, која чини 197 денари. За 10 дена осигурувањето чини 247 денари, додека има и годишно кое покрива 30 денови од 296 денари и се издава само за соседните земји.

Постарите од 65 години, поради поголемата подложност на здравствени ризици, за сите овие видови осигурувања плаќаат двојно повисока сума.

- Има и осигурување со франшиза. Но, клиентите најчесто се одлучуваат за основното, без франшиза. кое ги покрива трошоците и досега не сме имале реакции околу него, информираат од една туристичка агенција која издава патничко осигурување.

Наспроти ова, голем број граѓани реагираат дека за лекување во странство платиле големи суми, но иако биле осигурени не си ги добиле парите назад. Според одговорните во туристичките агенции овие проблеми обично се случуваат кога патникот има осигурување со франшиза. Во тие случаи не се признаваат парите платени за интервенции пониски од одредена сума.
На пример, ако фаншизата е на 50 евра, а лекарската услуга чини 40, тогаш парите не се враќаат.

Така, за осигурување платено 300 денари, на пример, осигурителна компанија покрива и медицинска интервенција во странство која чини 30.000 евра, но со такво осигурување од свој џеб се плаќа ако здравствената услуга е поевтина од 100 евра.

Сепак, осигурувањето, какво и да е, се однесува само на акутни здравствени проблеми, односно такви кои настанале за време на престојот во земјата, а не и на хроничните.
Патничкото осигурување освен здравствените услуги се однесува и на сигурноста на багажот и автомобилот. Но, ако се работи за украдена техничка стока, како на пример лаптоп, таблет или мобилен телефон, тогаш таа треба да е пријавена на граница, а тоа ретко се прави.

Промовирани огласи »

Санкции за 271 возач: Бидете внимателни, полицијата казнува на секој чекор

Скопските возачи не ги почитуваат правилата - полицијата казнува

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни поврњди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци.

Промовирани огласи »

Кој ги зема највисоките плати во Македонија?

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е прв пат просекот да надмине 1.000 евра.

Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плати од 43.368 денари.

На четвртото место е секторот телекомуникации со плата од 42.313 денари, а на петтот секторот финансиско-услужни дејности каде просечната плата изнесувала  41.367 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »