Организацијата за заштита на потрошувачи потврдува дека се работи за измама на која наседнале македонските граѓани.кои купувале лажни авио билети за цена од еден долар.

Продажбата на евтини авио билети ја истражува полицијата. Собира податоци колкумина ги внеле податоците од своите банкарски сметки, но и кој стои зад измамата.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности со цел прибирање на информации за оштетени лица, како и информации за можните сторители и други лица вклучени во измамата и кражбата на податоци, велат од МВР. за Сител.
Конкретниот повик беше дека за еден долар можат да добијат две авионски карти. Граѓаните мора да внимаваат каде кликаат и секако да ја проверуваат веродостојната на интернет страниците, вели Нина Ангеловска, претседател на асоцијација за е-трговија на Македонија.
Експресното ширење на лажната вест за евтини билети ги загрижи банките ама не откриваат дали нивните корисници побарале блокада за идни интернет плаќања.
Единствена цел на евтините авио билети понудени од лажни интернет продавници е собирање на податоци од вашите платежни картички, предупредуваат банките. Ги повикаа своите клиенти да внимаваат на кои страници ги внесуваат личните и податоците од банкарската сметка.