Промовирани огласи »

Ако реагирате веднаш ќе ја вратат - внимателно со парите!

Внимавајте какви пари земате

Невниманието, туткањето по џебови - наместо да се носат во паричник, се чести причини банкнотите да останат без еден свој дел - да се излитат и оштетат.

Дуканџиите, кафанџиите, хотелиерите не ги примаат оштетените банкноти, а и често ги подметнуваат, се жалат граѓаните. Но признаваат, и тие самите понекогаш знаат некому да подметнат.

Имало прилика. Ако реагираш веднаш ќе ја вратат, ако не веќе кога ќе излезеш не ја признаваат, вели еден скопјанец.

Некои од банките земаат провизија за да ги заменат оштетените банкноти.

За оштетени се сметаат книжните пари чија преостаната површина изнесува повеќе од 60% и имаат барем една неоштетена нумеричка ознака. Во листата се вбројуваат и оние кои имаат една или повеќе дупки. Коишто се полиени со мастило, боја, маснотија или хемикалија. Листата понатаму продолжува и со оние кои се изгорени, а јагленосаниот дел е помалку од 40% од површината на книжната пара.

Инаку, Народната банка ги менува ваквите пари, без притоа да наплати провизија. 

Народната банка ги прима и ги заменува книжните и кованите пари што станале непогодни за промет од банките основани во Република Македонија и филијалите на странските банки во Република Македонија.

За излитени пари се сметаат книжните пари кои што со текот на употребата се дотраени, истенчени, испревиткани заради што станале меки и непогодни за промет, оние кои значително се избледени, извалкани, намален им е квалитетот на хартијата и бојата заради што некои од нивните основни карактеристики (апоен, мотиви на банкнотата, елементи на заштита) се слабо видливи и се несоодветни за понатамошна употреба.

За оштетени пари се сметаат книжните пари на кои преостаната површина изнесува повеќе од 60 проценти и имаат барем една неоштетена (видлива) нумеричка ознака (сериски број на банкнотата), оние кои се поткинати и залепени со леплива лента, скинати на повеќе делови и залепени со леплива лента а со споредбата на сериските броеви може да се утврди дека неспорно станува збор за иста банкнота, банкнотите кои се закинати повеќе од 5 мм, имаат една или повеќе дупки, на кои е пишувано, цртано, коишто се нагризени, изгниени, избледени заради перење, исчадени, стуткани со повеќекратни набори, коишто се полиени со мастило, боја, маснотија, хемикалија, коишто се изгорени, а јагленосаниот дел е помалку од 40% од површината на банкнотата, коишто се обоени со јака боја со која се врши хемиска заштита на банкнотите во транспорт, односно кога банкнотите се обојуваат при насилно отворање на пакување со банкноти.

Банките се должни да вршат обработка на готовината, а книжните пари што ги идентификувале како непогодни за промет при обработката и согласно утврдените критериуми, ги отстрануваат од прометот, ги пакуваат и ги доставуваат до Народната банка за замена.

Банките преку своите организациски делови примаат и вршат замена на книжни пари што станале непогодни за промет доставени од физички и правни лица.

Промовирани огласи »

МАПА НА МИЛИЈАРДЕРИ: Ги има ли и на Балканот?

Има ли во Македонија?

Веб страницата “Jakub Marian” објави мапа на која е прикажан бројот на милијардери кои живеат во земјите Европа. Најмногу милијардери, односно 101 од нив живеат во Русија, додека пак останатите земји можат да се пофалат со значително помал број.

Во Русија живее дури 101 милијардер со руско државјанство, во Франција 40, а  во Германија 123.

Во најмалите земји од Европа има барем по еден милијардер, па така во Монако живеат 4, додека пак само 1 во Лихтенштајн.

Но, во земјите како Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и Словенија нема милијардери.

Промовирани огласи »

Почна обуката за оџачари, бесплатно ќе бидат исчистени 100 оџаци

Бесплатно ќе бидат исчистени 100 оџаци.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги посети кандидатите кои ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“ што ја организира Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. За времетраењето на обуката, бесплатно ќе бидат исчистени 100 оџаци, а заинтересираните домаќинства можат да се пријават во Инфо-центарот на Град Скопје.

Градот Скопје побара сојузници во борбата против загадувањето во Скопје и сакам да ви се заблагодарам што со учеството во оваа обука вие станувате дел од таа борба. Обуката за оџачари ќе трае три месеци, а за времетраењето на обуката секој учесник ќе добива надомест од по 9.000 денари месечно. По завршувањето, секој од вас, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот. Оваа година со ребалансот на буџетот предвидуваме средства за субвенции за чистење на оџаците кои ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите оџачари, при што очекуваме илјадници оџаци во Скопје да бидат исчистени до почетокот на идната грејна сезона – рече градоначалникот Шилегов.

Промовирани огласи »

Еве на која температура клима уредот троши најмалку струја!

Важне е да знаете како да го користите клима уредот

Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени.

Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени. Поради тоа, важно е да знаете на кој начин е најдобро да го користите клима уредот за максимално да заштедите на потрошувачката на електрична енергија.

Можeби ви се чини дека непотребно трошите електрична енергија кога го вклучувате и го исклучувате клима уредот, но на тој начин заправо ќе заштедите поголема сума пари, а клима уредот на тој начин и подобро ќе работи. Системот за разладување на просторот е најефективен кога работи со полна брзина, отколку кога работи во пократки периоди со помала брзина за да се оддржи константна температура во текот на целиот ден.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја извади влагата од вашиот дом. Исто така, ќе заштедите на струја и ако клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не би смеела да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши од 3 до 5 отсто помалку енергија на секој степен повисоко на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот треба да го оставите да работи на 26 или на повеќе степени Целзиусови додека не сте дома.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »