Промовирани огласи »

Текстилците се жалат за минималната плата, најавуваат отпуштања

Платите „биле високи“, 5.000 работнички ќе останат без работа!

Самошто пред неколку дена побараа државна помош, текстилниот кластер повторно со прес-копнференција на која се заканија дека ќе бидат отпушптени 5.000 шнајдерки доколку не им се излезе во пресрет со, според нив, „високата“ минимална плата од 12.000 денари. 

Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите што треба да им бидат исплатени на трудоинтензивните дејности, да се пренасочат директно кон работниците.

- Не ни треба поддршка за минималната, туку за повисоките плати, за да ги стимулираме работниците и да ја зголемиме продуктивноста, истакна претседателот на Кластерот за текстил, Марјана Перковска.

Текстилците се пожалија и дека по воведувањето на минималната плата практично станале социјални претпријатија. Доведени се во ситуација да земаат кредит за да обезбедат плати.

- Околу 80 отсто од вкупниот приход на текстилните компании оди за плати што е премногу. Минималната плата е неодржлива во секоја смисла, по однос на продуктивноста, техничката подготвеност, конкурентноста, потенцира Перковска.

Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, рече дека производството на облека во периодот  јануари-април 2018 е намалено за четири отсто во споредба со истиот период лани, а производството на кожа за 6,3 проценти.

- Продолжува намалувањето на производството поради намалувањето на бројот на работниците, посочи Димитров.

Во текстилната индустрија работат 35.000 лица или вкупно 40.000 заедно со кожарството.

Промовирани огласи »

Се крчка нов закон за абортус

Ќе биде ли волјата на жената на прво место?

Министерот за  здравство Венко Филипче на денешниот симпозиум на тема „Вродени аномалии - предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво кажа дека се подготвува нов закон за прекин на бременоста.

Како што кажа министерот со тој закон на жената и се дава можност за слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог како и слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник. 

„По наполнување на 22 гестациска недела, ќе се формира посебна стручна комисија која ќе треба да направи проценка за одобрување прекин на бременост. Таа комисија, освен гинеколози и акушери, ќе биде составена и од специјалист од детска хирургија, детска кардиологија, кардиохирургија, неврохирургија, анестезиологија и социјален работник. Во случај на вродена аномалија кај плодот жената има право да ја прекине бременоста врз основа на мислење од овие специјалисти, кажа министерот  додавајќи дека одлуката за прекин на бременоста е право на жената и оти тоа никој не може да и го одземе. 

Она што досега го немаше во постоечкиот закон според Филипче сега ќе биде на прво место.

Волјата на жената ја ставаме на прво место во овој период,,  драфт верзијата на законот е подготвена и потребна е уште една финална консултација со сите кои се заинтересирани за промена на законот, со стручните лица од Клиниката за гинекологија и акушерство, МТСП и невладините организации, кажа министерот.

Промовирани огласи »

Шилегов: Шпекулација е дека ќе се воведе зонско паркирање во Кисела Вода, Карпош и Гази Баба

Шилегов појасни дека не знаат дали во текот на годината ќе се пројави интерес кај определена општина за воведување зонско паркирање.

Шпекулација е дека ќе се воведе зонско паркирање во општините Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Ова денеска го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Фокус. 

Не сме влезени во имплементација на таков тип на паркирање. Она што излезе во медиумите во последниот период не е ништо освен Годишната програма за развој. За да дојдете до таква имплементација треба да имате Годишна програма за развој на „Градски паркинг“ што е вообичаено. Ниту сме разговарале, ниту тоа е предмет на имплементација. Мислам дека беше погрешно интерпретирана Годишната програма, рече Шилегов во Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“, кој од вчера ја збогатува официјалната туристичка понуда на Скопје.

Шилегов појасни дека не знаат дали во текот на годината ќе се пројави интерес кај определена општина за воведување зонско паркирање.

Ако ги немате предвидено во Годишната програма нема да може да ги имплементирате. Не сме отидени во таа фаза на имплеменатција. И поради лошо интерпретирање или нецелосно интерпретирање се појави во јавноста таква шпекулација дека ќе се воведува зонско паркирање во овие општини, рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Следува продолжен викенд – петок неработен ден.

По последниот споен викенд кој го имавме кога одморивме 4 дена, следи уште еден продолжен викенд.

15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »