Промовирани огласи »

Следува продолжен викенд – петок неработен ден.

По последниот споен викенд кој го имавме кога одморивме 4 дена, следи уште еден продолжен викенд.

15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Во пописот во 2020-та нема да има прашања за етничка и верска припадност?

Најава од директорот на Државниот завод за статистика

Најавениот попис во 2020 најверојатно нема да содржи прашања за верска и етничка припадност, а тоа го најавува Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика во гостувањето во 1ТВ. Неофицијално, поради оваа причина пропадна претходниот обид за попис во 2011-та и сега оваа техничка операција на национално ниво не е извршена веќе 18 години.

Симовски смета дека во пописот не треба да влезат прашањата за етничка и верска припадност, коишто не ги пропишуваат ниту стандардите на ОН.

Пописот стана поле од голем интерес за политиката. Пописот од 2011 пропадна токму поради мешањето на политиката, а единственото за што е заинтересирана политиката е токму етничката припадност. Овој податок нема никаква употребна вредност освен политичката, вели Симовски и додава дека од тоа не зависи ниту економијата, ниту инфраструктурата, ниту образованието.

Според него, најдобар начин да се тргне политиката од пописот е да се исклучат овие две прашања и дека во суштина, прашањето не е поврзано со етничката припадност туку со јазикот. 

Симовски вели дека изминатите 18 години без попис ја оставија државата без можност да носи квалитетни политики за подобрување на условите за живот и правење грешки поради стари податоци.

Ако имате желба да инвестирате во некоја стопанска гранка, ќе ви бидат потребни информации за расположливата работна сила, за населението како потрошувачи, можности за комуникација. Веројатно и малиот број на инвестиции се должи меѓу другото и на овој факт, објаснува Симовски.

Купените лап-топ компјутери за извршувањето на операцијата, штом таа заврши, ќе бидат донирани на училиштата.

Промовирани огласи »

Бесплатни пелени и влажни марамчиња за новороденчињата на Гинекологија

Дали ќе заврши една од најголемите бламажи и апсурди во историјата на Македонија

Новороденчињата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ќе добиваат бесплатно пелени и влажни марамчиња, што досега ги купуваа нивните родители.

Пелените и влажните мармчиња ќе ги донира компанијата „Бора“  која денеска ја официјализираше соработката со ГАК.

Со производите на „Бора“ ќе се грижиме за најмалите, но посебно важно е дека ќе се надмине досегашната пракса родителите сами да купуваат пелени за своите новороденчиња така што ова ќе го релаксира овој дополнителен трошок којшто го имаа родителите, истакна портпаролката на Клиниката, Драгана Букилица.

Претставникот на компанијата „Бора“, Дарко Трајковски посочи дека за нив е најважно здравјето и грижата на најмалите и оти нивните производи совршено се поклопуваат со потребите на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Компанијата „Бора“ ќе додели донација i за здружението за еднородни семејни заедници „Една може“.

Промовирани огласи »

Казна од 300 евра ако ве затекнат со ова на вашето возило

Важна информација за возачите

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Со цел почитување на законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, СВР Охрид започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »