Како да ја смените личната карта по промена на адресата?

Проверете кои документи треба да ги подготвите

Доколку сте се преселиле на нова адреса, важно е промената да ја пријавите во Министерството за внатрешни работи и да поднесете барање за замена на личната карта со нова.

Според информациите објавени на официјалните страници на МВР, промената на живеалиштето или адресата на станот треба да се пријави во рок од 8 дена.

Кои документи ви се потребни?

За замена на личната карта поради промена на адреса потребно е да доставите:

  • Пополнето барање за издавање лична карта (се добива во МВР).
  • Уплатница од 310 денари или електронска уплата преку ПОС-терминал.
  • Купопродажен договор за стан или куќа заверен на нотар или имотен лист.
  • Старата лична карта.

Колку време се чека за новата лична карта?

Според МВР, личните карти се изработуваат во рок од најмногу 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Важно е да се направи разлика помеѓу рокот за пријавување на промената на адресата, кој изнесува 8 дена, и рокот за изработка на новата лична карта, кој изнесува до 15 дена.

Тагови: лична карта Министерство за внатрешни работи (МВР) промена на адреса

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Аплицирајте за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник инспектор, Советник – Овластен инспектор за животна средина, Одделение за инспекциски надзор над животната средина во Град Скопје, Сектор - Инспекторат на Градот Скопје

Советник за издавање на одобренија за градба, доградба и надградба, Одделение за градежништво, Сектор за урбанизам

Раководител на одделение за уредување на градежно земјиште, Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи

Раководител на одделение за материјално - финансиско работење, сметководство и јавни набавки

Самостоен референт за автоматизирана евиденција и ажурирање на податоци, Одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти, Сектор за комунални работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Ново поевтинување на горивата од полноќ: Бензините пониски за 2 денари, дизелот за 2,5 денари

Од 17 ноември на сила стапуваат нови, пониски цени на горивата. Проверете колку ќе чинат бензинот, дизелот и останатите нафтени деривати.

Од 00:01 часот на 17 ноември 2026 година, возачите во земјава ќе плаќаат пониски цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43%.

Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе чини 84 денари за литар, а Еуросупер БС-98 86 денари за литар, што е намалување од по 2 денари. Цената на Еуродизел БС се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 92 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 100,5 денари за литар, односно за 3 денари поевтино. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 48,314 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија образложуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, како и на намалените акцизи и повластената стапка на ДДВ за дизелот. Во споредба со цените утврдени на 9 ноември, ова е ново олеснување за граѓаните и транспортниот сектор.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Нови кариерни можности во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Хигиеничар/ка Магацин - Триангла Маџари
Хигиеничар/ка во аптека - City Mall
Фармацевтски техничар со искуство - Скопје (Драчево)
Фармацевтски техничар со уверение - Битола
Фармацевт со лиценца - Битола

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје