Промовирани огласи »

Сè што треба да знаете за правото на семејна пензија во Македонија

За да се добие семејна пензија, починатиот мора да има најмалку 5 години осигурителен стаж или 10 години пензиски стаж, или да бил корисник на пензија

Семејна пензија им припаѓа првенствено на брачниот другар и децата на починатиот осигуреник или пензионер, а право може да имаат и родители, посвоители и други зависни членови ако нема потесно семејство. Вдовецот/вдовицата може да добие семејна пензија ако има наполнето 50 години или ако има деца под негова грижа. Децата имаат право на семејна пензија до 15 години, или до 26 години ако се школуваат, а ако се работно неспособни – имаат трајно право.

За да се добие семејна пензија, починатиот мора да има најмалку 5 години осигурителен стаж или 10 години пензиски стаж, или да бил корисник на пензија. Ако смртта е последица од повреда на работа или професионална болест, стажот не се зема предвид. Висината на пензијата зависи од стажот на осигуреникот и бројот на членови – се започнува од 70% за еден член, со дополнителни 10% за секој следен, до максимум 100%.

За поднесување барање за семејна пензија потребни се документи како работна книшка, изводи од матичните книги, доказ за школување на децата, медицинска документација за неспособност, доказ за брак или издржување. Ако осигуреникот нема најмалку 15 години стаж, пензијата се пресметува како да ги има. Постапката започнува по барање од член на семејството.

Тагови: здравствено осигурување ПИОМ стаж Семејна пензија

Промовирани огласи »

Цената на цигарите на „Империјал Тобако“ се зголемува за 10 денари. Станува збор за цигарите Родео, Вест, Давидоф и Жаде.

Зголемувањето е дел од редовното усогласување со државната акцизна политика, која предвидува постепено зголемување на акцизите за тутунските производи до 2030 година. 

Секој 1 јануари до 2030 година, според најавите, акцизата за цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Тагови: поскапуват цигарите

Промовирани огласи »

Starlink мобилна мрежа доаѓа во Европа: Македонија меѓу првите 10 земји

Илон Маск и „Дојче Телеком“ лансираат сателитска мобилна услуга во Европа до 2028 година – Македонија е на листата на земји што први ќе добијат покриеност.

Американската сателитска услуга Starlink, во сопственост на Илон Маск, склучи партнерство со германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ за лансирање на заедничка сателитска мобилна мрежа во Европа, чиј старт е планиран за 2028 година. Ова ќе биде првата европска мобилна мрежа базирана на сателитите Starlink од втора генерација (V2), способни за директна широкопојасна комуникација со мобилни телефони, вклучувајќи пренос на податоци, гласовни повици и пораки.

Новата услуга е наменета за подрачја со тешка или невозможна класична инфраструктура, како планински региони и зони под заштита на природата, со цел да се прошири покриеноста со мобилен сигнал без изградба на базни станици. Според „WirtschaftsWoche“, сателитите V2 нудат до 100 пати поголема густина на податоци по сателит, 16 пати повеќе антени и до 20 пати поголем капацитет за пренос во споредба со претходната генерација.

Услугата ќе биде достапна во десет европски земји: Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Грција, Хрватска, Црна Гора и Македонија, со што региони што досега биле „слепи точки“ на мобилната мапа би можеле да добијат стабилен сигнал и широкопојасен пристап до интернет преку сателитска конекција.

Тагови: Елон Маск мобилен оператор Starlink

Промовирани огласи »

Од октомври 2025 година постепено се воведува новиот систем за влез/излез (EES) на надворешните граници на Европската Унија, а неговата целосна примена се очекува до 10 април 2026 година.

Станува збор за автоматизиран ИТ-систем кој ќе ги регистрира државјаните на земји што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, при секое преминување на границата за краткорочен престој (до 90 дена во период од 180 дена).

Што ќе се смени со EES?

Од април 2026 година:

  • Наместо печат во пасош, ќе се врши електронска регистрација
  • Ќе се земаат биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти)
  • Системот ќе бележи и евентуално одбиен влез

Првото преминување на граница ќе трае подолго – околу 3 до 5 минути по патник, поради земањето биометриски податоци.

ETIAS доаѓа од крајот на 2026 година

По целосното воведување на EES, во четвртиот квартал од 2026 година се очекува да започне и примената на ETIAS – Европски систем за информации и авторизација на патувања.

Ова не е класична виза, туку електронска дозвола за патување која ќе биде задолжителна за граѓаните на Македонија при краткорочни посети во ЕУ.

Што треба да знаете:

Ќе важи 3 години или до истекот на пасошот

  • Апликацијата ќе се поднесува онлајн
  • Цената ќе изнесува 20 евра
  • Лица под 18 и над 70 години нема да плаќаат такса

Важно е да се знае дека ETIAS не гарантира автоматски влез – конечната одлука ја носат граничните власти.

Кој нема потреба од ETIAS?

  • Граѓани на ЕУ
  • Лица со важечка долгорочна виза или дозвола за престој во ЕУ
  • Лица со двојно државјанство ако патуваат со пасош од земја членка

Ќе има ли гужви?

На копнените премини се очекуваат поголеми задржувања, особено во летната сезона и за празници. На аеродромите процесот ќе биде побрз благодарение на автоматските терминали.

Тагови: EEC ETIAS визи ЕУ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »