Промовирани огласи »

Измените на Законот за работните односи се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата на РМ. Со измените се воведуваат повеќе новини во врска со договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината.

Со членот 1 од измените се доуредува прашањето со кое се проширува забраната за дискриминација на работниците вработени на определено време, и тоа забраната да не се однесува само на условите на вработување, туку и на сите права и обврски од работен однос.

Со членот 2 се пропишува дополнителна заштита за дете под 15 години возраст, или дете кое не завршило задолжително образование, во смисла истото да може да учествува во активности кои со закон е утврдено дека може да ги извршува, не подолго од 2 часа дневно, односно не подолго од 12 часа неделно, а за време на училишен распуст не подолго од 6 часа дневно, односно не подолго од 30 часа неделно, при што задолжително треба да му се обезбедат две непрекинати работни недели на одмор.

Со членот 3 се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 работни дена на 3 работни дена.

Членот 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за вработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе ги знаат правата и обврските во согласност со договорот за вработување.

Со членот 5 се намалува периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

Со членот 6 се допрецизира причината кога работодавачот мора да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот.

Со членот 7, со кој се дополнува членот 76, се дава правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Со членот 8 се врши утврдување на рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од страна на работодавачот. Со ова се воведува разумен рок со цел да се избегнат злоупотребите од страна на работодавачите отказот да го даваат набрзо/непосредно по дадено предупредување.

Со членот 9 се врши прецизирање во членот 88, кој ги уредува минималните отказни рокови, при што во случај на откажување на договорот за вработување од страна на работникот, отказниот рок е еден месец, но само во случаи по писмено предупредување и ако не настанала некоја од причините предвидена со членот 100 (необезбедување на работа повеќе од 3 месеци, исплаќање на намалена плата најмалку 3 месеци, необезбедување на заштита при работа на работникот откако ја побарал и сл.).

Во членот 10 се изедначуваат роковите за застареност на отказот на договорот за вработување поради причини на вина на страна на работникот со рокот на застареност од лични причини.

Со членот 11 се дополнува членот 96 со одредби со кои се обезбедува заштита од злоупотреба од страна на работодавачот при отказ на договорот од деловни причини, како и дополнителна заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини со давање на приоритет за вработување при потреба за вршење на истите работи.

Со членот 12 се менува членот 97, со кој се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5 % до 25 % во зависност од годините поминати во работен однос.

Со членот 13 се менува ставот 3 од членот 104, со кој се прецизира рокот за поднесување на писмена изјава за продолжување на договорот за вработување.

Со членот 14 се врши измена на членот 114, односно се зголемува процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 %.

Со дополнувањето на членот 128 се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20 % од просечната нето-плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, и тоа само за деновите кога работникот работи ноќе (член 15). Со истиот член се прецизира дека работникот не може да се распореди на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Со членот 16 и со бришењето на ставот 3 од членот 138 се овозможува еднаквост на правото на користење на годишен одмор на работниците кои работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата.

Со членот 17 се надминува неусогласеноста на ставот 3 од членот 141 со ставот 2 од истиот член во поглед на времетраењето на делот на годишниот одмор кој треба да биде искористен во текот на календарската година за која се дава одморот.

Промовирани огласи »

На сите јавни чешми е забрането поење на домашни животни - на сопствениците им се заканува казна

Надлежните велат дека на сите јавни чешми најстрого е забрането поење на домашни животни, а на сопствениците им се заканува казна доколку го прекршуваат законот.

Надлежните велат дека на сите јавни чешми најстрого е забрането поење на домашни животни, а на сопствениците им се заканува казна доколку го прекршуваат законот.

Чешмички за домашните миленичиња има во парковите за миленици и во градскиот парк и во иднина се планира да се поставуваат во сите наменски паркови за рекреирање на домашните животни. На останатите јавни чешми најстрого е забрането поењето на домашните миленици и на сопствениците на животните им се заканува казна доколку го прекршуваат законот по овој основ, истакнаа од Градот.

Промовирани огласи »

Пушењето цигари во Македонија станува луксуз

Некои од брендовите поскапеа за дури 5 денари

Некои од брендовите поскапеа за дури 5 денари.

Цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“ добија нова цена. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна пред овој поскапеа уште неколку брендови на цигари.

Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година.

Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.

Тагови: цигари

Промовирани огласи »

Казни за работодавачите до 3.000 евра, ако ви доцни платата

Skopjeinfo.mk 1 час · Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се’ уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените

Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се’ уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.

Во Законот за работни односи утврдено е дека платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Според истиот Закон, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. На пример, платата за месец април мора да ја земете до 15-ти овој месец.

Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна до идниот прв работен ден.

Секој работодавач е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Во Законот е наведено дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. При исплатата на платата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор согласно со законот.

Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку има можност и сака тоа да го направи.

Сепак, доколку во законскиот рок работодавачот не исплатил палта, и не уплатил придонеси од плата тогаш според Законот тој ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »