Промовирани огласи »

На снимката може да се слушне како кандидатката за работното место го прашува политичарот „што ќе биде со нејзиното вработување“ и во еден момент го прашува „Дали треба да имаме секс?“, по што тој одговара „Треба“.

Делегатот на Домот на народниот Парламент на Босна и Херцеговина и генерален секретар на партијата “SDA”, Адмир Хаџипашиќ од Бихаќ е снимен како од жена бара секусален однос во замена за работно место. Станува збор за видео снимка направена во 2013-та година која што дури сега протече во босанските медиуми.

Хаџипашиќ кој што не знае дека жената го снима со својот телефон, на нејзиното прашање „Дали треба да имаме секс“, веднаш и одговара „Треба“. На прашањето каде тоа би го направиле, босанскиот политичар вели дека може „веднаш, тука“.

На прашањето на жената за тоа кој ќе ѝ гарантира дека после тоа ќе биде вработена, тој одговара „Па, јас“. После тоа може да се види како се обидува да ја бакне жената, на што таа одговара да не го прават тоа во тој момент.

Видео: Протече скандалозна снимка: Вработување на Балканот – босански политичар бара секс во замена за работно место…

Сепак, босанскиот политичар Хаџипашиќ тврди дека жената со тоа се обидела да го намести и за тамошните медиуми порача дека ништо не се случило, а дел од видео снимата била исечена.

Исечен е делот кога ѝ реков дека сето тоа завршува и дека не сакам со неа да имам никаква комуникација. Ѝ реков дека сето тоа од моја страна беше шега, затоа што нејзиното прашање беше глупаво. После тоа имаше уцени, се водеше судска постапка, а актерите беа осудени на условна затворска казна и парична казна. Тие ја признаа вината на суд, изјави Хаџипашиќ за босанските медиуми.

Промовирани огласи »

Започнува пријавувањето за нови оџачари

Обуката ќе изнесува 9.000 денари месечно

Граѓаните може да се пријавуваат на јавниот оглас за обука на оџачари, соопшти Градот Скопје.

Градот во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица, што ќе почне на 1 јуни, а ќе трае три месеци.

Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9 000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно  вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот. За таа цел, годинава Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари, соопшти Град Скопје.

За потсетување, во Скопје има само осум регистрирани оџачари, а 45 проценти од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци, во Скопје има над 60 000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.

Оваа мерка e дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.

Промовирани огласи »

Бремените жени најчесто дисктиминирани од работодавачите

Каква е состојбата, дали има промена....

Бремени жени кои биле вработени на определено време годинава најмногу поднеле претставки до Комисијата за заштита од дискриминација, бидејќи останувале без работа веднаш откако работодавецот ќе дознаел дека се бремени.

За жал и покрај тоа што сме свесни дека постои ваков вид на дискриминација, законот не ни дозволува да преземеме одредени чекори и во овие случаи утврдуваме дискриминација само доколку има писмени докази за тоа, изјави денеска Нена Неновска Ѓорѓиевска, член на Комисијата за заштита од дискриминација на презентацијата на Годишниот извештајот за 2017 година.

Оваа година, како што посочи таа, од вкупниот број на поднесени претставки најзастапена е областа работа и работни односи (41 отсто), потоа следат претставки паради дискриминација во областа на пристап до добра и услуги (25 отсто), медиуми и јавно информирање (22 отсто), 14 отсто во областа на образование, наука и спорт и 10 отсто во областа на социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита.

Минатата година до Комисијата за заштита од дискриминација биле доставени 59 претставки за дискриминација од граѓани, правни лица, граѓански организации и други.

Најмногу од претставките – 19 отсто биле поднесени поради дискриминација врз основ на пол и род.

Од поднесените претставки 18 отсто пак се по основ на етничка припадност, 17 по основ на политичка припадност, по 16 отсто по основ на здравствена состојба, сексуална ориентација и родов идентитет, како и по личен или општествен статус, а по седум отсто по основ на социјално потекло и образование, рече Неновска Ѓорѓиевска.

Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Александар Даштевски на презентацијата на извештајот посочи дека се забележува тренд на зголемување на бројот на претставките посебно во текот на минатата година но, како што додаде, поважно е што се зголемува и бројот на утврдена дискриминација по разни основи.

Во текот на 2017 година Комисијата за заштита од дискриминација донела 84 мислења, од кои во 19 случаи утврдила дискриминација и на дискриминаторите и им дала препорака за отстранување на истата, а во 29 мислења е утврдено дека нема дискриминација.

Комисијата не постапила по 31 претставки поради немање надлежност, една претставка е спогодбено решена, а во четири случаи Комисијата ја запре постапката.

Има случаи каде Комисијата има улога на медијатор меѓу странките за да се дојде до спогодба меѓу нив, се со цел таквите дејствија да не се повторуваат, рече Даштевски.

Комисијата за заштита од дискриминација треба во рок од 90 дена од моментот на доставувањето на претставката да даде мислење за наводната дискриминација до лицето кое поднело претставка и до оној против кого е поднесена. Доколку се утврди дискриминација Комисијата ќе препорача начин на отстранување на повредата на правото.

Оној што направил дискриминација треба да ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката и за тоа да ја извести Комисијата. Доколку не постапат по препораката на Комисијата е надлежна да поведе прекршочна постапка.

Против дискриминаторите, како што рече Неновска Ѓорѓиевска, предвидени се и парчни казни кои се движат од 500 до 1.000 евра.

Промовирани огласи »

Комерцијалисти, сметководители, квалификувани работници за производство, финансиски службеници, келнери, возачи, шивачи, наставнички кадар, медицински лица, се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи за вработување.

На јавниот портал на Агенцијата за вработување постојано расте бројката за нови работни места. Македонските компании се заинтересирани за нови вработувања при што бројот во моментов достигна околу 9.000 слободни работни места.

Список содржеше побарувања за разни видови на профили на работници, со различен степен на образование и стручност. За некои од нив се бара искуство, за некои не,а
на списокот на овие побарувања се најдоа речиси повеќето македонски градови.

Сите овие огласи може да ги видат на веб страната на АВРМ - avrm.gov.mk што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување.

Од Владата потсетуваат дека за полесно вработувањата може да се користат мерките и програмите на Агенцијата за вработување, во кои државата ги покрива трошоците за ангажман на работници во определен временски период.

Во овој временски период работодавците може да стекнат впечаток за квалитетот на работниците, односно да извршат обуки и преквалификации со цел да ги задржат работниците во редовен работен однос.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »