Промовирани огласи »

Од 1-јули вработените во приватните фирми треба да добијат К15

Колку ќе изнесува к-15 оваа година?

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Промовирани огласи »

Конкурирате за работа од соништата, ве повикуваат и ви закажуваат интервју. Интервјуто поминува добро според ваше мислење. И тогаш ... те отфрлаат.

Се разбира, можеби имало повеќе квалификуван кандидат од вас. Но, можеби сте одбиени поради правење грешки во интервјуто што не сте ги забележале.

Често се среќавам со навидум соодветни луѓе кои сепак запаѓаат во непотребни, досадни, ирелевантни детали - и така ме губат како слушател, вели Џудит Јансен, експерт по "Човекови ресурси" во Global Platform Organisation (GPO), која има 450 вработени во 19 земји ширум светот.

Според неа, ова е една од најголемите грешки на кандидатите. Наместо општи приказни, тие треба да даваат повеќе конкретни информации за себе и да одговараат точно на прашањата на прашувачот, а не да зборуваат работи кои само на нив им се чинат важни.

Друг вид иритирачко однесување според Јансен е кога кандидатот почне да "навира" во лицето на интервјуерот одреден со дел од биографијата со цел да се истакне. Никој не сака да слуша два часа за вашето патување во Јужна Америка, на пример.

Не кажувајте го само она што мислите дека сакаат да го слушнат. Кога ви постават прашање, одговорете точно и потоа најдете соодветен, паметен начин да вметнете нешто што многу сакате да знаат за вас, додава експертот.

Промовирани огласи »

Електричен автобус во следните 6 месеци ќе сообраќа на линијата со број 15

skopje24.mk 1 час · Електричен автобус во следните 6 месеци ќе сообраќа на линијата со број 15

Новиот електричен автобус за кој Градот Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење, ќе сообраќа на линијата 15 во наредниве 6 месеци. Станиците за полнење на крајните постојки во Ново Лисиче и во Карпош 4 се поставени од ЕВН.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Најголемата предност е тоа што воопшто нема емисија на издувни гасови што го загадуваат воздухот, рече Шилегов.

Во Скопје веќе сообраќаат два екоавтобуси на гас, на линијата број 5 и на линијата број 2.

Шилегов рече дека годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари. Свесни сме дека ова не го решава во целост проблемот со загадувањето на Скопје во зимскиот период, но затоа работиме на тоа еден по еден да ги елиминираме причинителите за загадувањето, на долг рок, нагласи Шилегов.

Промовирани огласи »

Со плати од околу 400 евра за општ лекар и околу 700 евра за лекар-специјалист веќе со години се гради здравствениот систем во државата

Со плата од 3.000 евра и неделни дежурства од 800 евра, лекарите во Словенија се меѓу најплатените на Балканот

Само неколку причини се клучни зошто македонските лекари заминуваат во странство. Тука се соочуваат со мали плати и со недоволни услови за работа. Но, како е во странство?

Со плата од 3.000 евра и неделни дежурства од 800 евра, лекарите во Словенија се меѓу најплатените на Балканот. За разлика од нив,  лекарите во Хрватска добиваат 1.100 евра месечно, додека „белите мантили“ во Романија, Србија и во Црна Гора заработуваат од 500 до 700 евра. Така барем покажуваат регионалните статистики.

Токму од тие причини, веќе неколку години тресе балканскиот синдром на миграција на лекарите, незадоволни од својот статус и од платите. Бројката станува алармантна. Повеќе од 650 лекари лани ја напуштиле  Србија, додека околу 300 лекари годишно од Хрватска заминуваат на работа во западноевропските земји.

Вакви се статистиките во соседните земји. Но, ништо поразлична не е ниту состојбата во Македонија. Со плати од 400 евра за општ лекар и околу 700 евра за лекар-специјалист веќе со години се гради здравствениот систем во државата. Токму затоа лекарската фела во земјава ја зафати треска за работа во странство, а миграцијата се сведува само на билет во еден правец.

Додека се „креираат“ здравствени реформи, лекарите масовно продолжуваат да го фаќаат првиот авион за Германија!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »