Промовирани огласи »

Пет млади македонски претприемачи ќе добијат по 4.000 евра за почнување бизнис

Ова го предвидува регионалниот проект „Балканско-медитерански центар за иновации и претприемништво“ во кој освен Македонија, се вклучени и Бугарија, Грција, Албанија и Кипар

До крајот на годинава ќе биде објавен конкурс за млади претприемачи кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Најдобрите пет ќе добијат по 4.000 евра.

Ова го предвидува регионалниот проект „Балканско-медитерански центар за иновации и претприемништво“ во кој освен Македонија, се вклучени и Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.

Како што изјави денеска проект менаџерот Александар Филиповски, избраните најдобри и најиновативни на конкурсот, од почетокот до средината на 2019 година ќе поминат интензивен циклус обуки и менторирања кој ќе финишира во јуни со доделување на грантовите.

Таргет огласи со кои може да се аплицира се туризам, културно наследство, информациски технологии, животна средина, екологија и агробизнис.

Согласно проектот, отворена ќе биде и веб школа што ќе ги научи младите претприемачи на водење бизнис преку тренинг материјали, курсеви, видеа и други останати корисни алатки.

Промовирани огласи »

Површината на едно складишта на Амазон во Британија е нешто повеќе од 65.000 метри квадратни. На таа површина, распоредена на четири ката, има работна сила од 1.200 луѓе и се на се 2 тоалети за сите овие вработени (на приземје), кои отприлика се оддалечени 10 минути одење пешки. А Амазон не простува 10 минути.

Целата статија на ОФФ.нет.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување во текот на вчерашниот ден објави јавен повик во кој се повикуваат Единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје кои се заинтересирани за организирање на јавни работи преку ангажирање на невработени лица со ниски квалификации да се пријават во работниот клуб на АВРМ – Центар за вработување на чие подрачје е седиштето на ЕЛС.

За спроведување на програмата предвидена е финансиска поддршка во износ од 400 денари по ангажирано лице, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Максималниот број на поддржани лица по општина е 50, а истите можат да бидат ангажирани од страна на општините и Градот Скопје за период најмногу до 22 дена.

За работен ангажман можат да покажат интерес и приматели на социјална помош бидејќи со овој ангажман нема да им се скрати правото на социјална помош.

Промовирани огласи »

Нареден неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е 1. мај, Ден на трудот кој паѓа во вторник. После споениот викенд за Велигден во кој уживавме во дури 4 слободни денови, не претстои уште еден таков.

Споен викенд ќе имаме и на 24 мај (четврток) кој е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а денот потоа, 25. мај (петок) е Духовден, кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »