Промовирани огласи »

Сведочењето на Марк Закерберг ги дигна на рекорд акциите на Facebook

Што откри шефот на Facebook за злоупотребата на личните податоци на корисниците?

Марк Закерберг, основачот и директор на најпопуларната социјална мрежа Facebook, со неговото сведочење пред комитетите на американскиот Конгрес успеа да ги дигне акциите на компанијата на рекордно ниво во последните повеќе од две години, а притоа и да се одбрани од нови последици по скандалот со контроверзната компанија Cambridge Analytica. 

Закерберг пет часа одговараше на прашањата на американските конгресмени кои поведоа истрага откако се дозна дека Cambridge Analytica имале пристап до податоците на 87 милиони корисници на Facebook добиени од страна на надворешен девелопер со кои правеле политички стратегии за кампањата на претседателот Доналд Трамп.

Според Закерберг, Facebook знаел дека Cambridge Analytica ги има овие податоци и побарале од нив да ги избришат но, не ја известиле јавноста, ниту пак корисниците. Податоците секако биле искористени за политички цели, а веќе се води истрага во Велика Британија каде е лоцираната посочената компанија. 

Закерберг го одбрани Facebook кога е во прашање чувањето на личните податоци на корисниците тврдејќи дека тие никогаш не им ги откриваат на компаниите кои се огласуваат на нивната платформа, туку посакуваните реклами сами ги поставуваат согласно аналитичките податоци.

Шефот на Facebook, сепак не даде директен и конкретен одговор дали социјалната мрежа ги следи корисниците што прават на интернет и откако ќе се одлогираат, ниту пак даде јасно уверување како неговата компанија ќе се бори со ширењето на говорот на омраза освен што вети дека развива алатки со вештачка интелигенција кои ќе бидат достапни за пет до десет години. 

Промовирани огласи »

Светска банка даде зелено светло за прогресивниот данок

Прогресивниот данок доби зелено светло од Светска банка

Светска банка ја поддржа даночната реформа со која се предвидува прогресивно оданочување, бидејќи рамниот данок повеќе не ги дава очекуваните резултати и е на штета на посиромашните слоеви во земјава, рекоа денеска претставници на банката.

Според СБ, министерството за финансии со оваа реформа се движи во исправна насока, но потребни се подетални анализи дали прагот над кој ќе се воведе повисоката стапка од 18 отсто треба да изнесува 1.000 евра. Македонија по Албанија и Косово е трата земја во регионот која има најниски приходи по основ на даноци.

Според извештајот, Македонија лани има и најмал еконмски раст. Поради продлабочувањето и пролонгирањето на политичката криза значитително се намалиле инвестициите, БДП достигнал 0 проценти. Новоотворените 18.000 работни места не помогнале да се реши и проблемот со невработеноста. Ова е главната причина за високата миграција во странство. Од банката очекуваат годинава економијата полека да закрепнува 2018 да се заврши со раст од 3,2 отсто.

Анализите покажуваат дека Македонија би го достигнала европскиот стандард за 60 години, а ако економијата генерира годишен раст од 5 проценти тоа би можело да се случи и за 20 години.

Промовирани огласи »

100 административци го одбиле повикот за работа – ќе им се даде и втора шанса

100 административци го одбиле повикот за работа

Сто административци, вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор преку програмата за правична застапеност, одбиле да ги потпишат решенијата за трансфер во соодветна јавна институција. Владиниот портпарол Муамет Хоџа кажа дека околу 90 отсто од вкупно 958 административци, кои биле вработени според програмата за правична застапеност, а кои досега не доаѓале на работа, веќе ги потпишале решенијата дека се согласуваат да се изврши трансфер на работното место и дека тие ќе бидат распределени на работа. Останатите кои не ги потпишале согласностите, ќе се најдат на трансфер листата за распределба во оние институции во кои ќе има потреба од ваков кадар.

Тој кажа дека по спроведената анализа во првата фаза биле исконтактирани 958 лица, а во втората и останатите до бројката од 1.600 вработени според Рамковниот договор.

Од сите контактирани, околу 90 отсто ја потпишаа совојата согласност за трансфер во одредена институција. Се надеваме дека оваа прва фаза ќе се спроведе успешно и дека конечно ќе почнат со работа. Тие што не потпишале ќе бидат во трансфер листата во оние институции каде ќе има потреба од таков кадар. Како Влада и Секретаријат очекуваме дека сите ќе ги потпишат согласностите, кажа Хоџа.

Овие административци скоро десет години се вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, примаат плата, но ниту еден ден не пошле на работа.

Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, и вицепремиерот Хазби Лика минатата недела соопштија дека првата фаза, односно систематизацијата на 958 лица, ќе биде завршена во рок од два месеци. Тие не кажаа кога ќе почне реализацијата на втората фаза, во која треба да се распределат над 650 вработени според Рамковниот договор кои примаат плата, а не одат на работа.

Промовирани огласи »

35 починати бебиња на Клиниката за Гинекологија за само 3 месеци

Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса.

Директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска за „Фокус“ ги потврди информациите дека во последните три месеци во болницата починале 35 бебиња, што според неа, се исто така алармантни бројки.

Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики – вели доктор Јовановска.

„Фокус“ објави дека на скопска Гинекологија за само три месеци починале повеќе од 35 новороденчиња, што е за 2,6 отсто помалку од истиот период лани.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »