Промовирани огласи »

Анѓушев: Нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата

Со либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да се случи по донесување на новиот Закон за енергетика нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата

Со либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да се случи по донесување на новиот Закон за енергетика нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата, кажа вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес конференција, пренесува СДК.

Тој рече дека сегашната цена на струјата за домаќинствата ќе се задржи и по стапување во сила на новите законски решенија, бидејќи со нив е предвидено граѓаните да може да купуваат струја од универзален снабдувач, кому ЕЛЕМ во 2019 година ќе бидат должни да му продаваат 80 отсто од произведената електрична енергија.

ЕЛЕМ во 2019 година на универзалниот снабдувач ќе му дава 80 отсто од производството а со текот на годините овој процент ќе се намалува и во 2025 тоа ќе изнесува 30 отсто од производството на ЕЛЕМ. Цената за домаќинствата покрај со ова е загарантирана и со програмата за социјална сиромаштија, со која граѓаните во социјален ризик ќе добиваат и субвенции, кажа Анѓушев.

Тој кажа дека новиот закон е со европско знаменце и дека со него ќе се урнат сите монополи, но од друга страна дека има и заштитни механизми со кои граѓаните ќе ги заштитат од превисоки цени. Рокот за избор на универзален снабдувач е 90 дена од носење на законот. Анѓушев кажа дека со новите законски решенија Електрани на Македонија остануваат под контрола на Владата, МЕР ќе биде под контрола на Министерството за економија, а МЕПСО под контрола на Министерството за транспорт и врски.

Новиот закон ја стимулира изградбата на обновливи извори на енергија. Ако сега имаме 16 мегавати во фотоволтаици, со овој закон очекуваме дека таквата инсталирана снага ќе порасне до 200 мегавати во следните 3-4 години. Ветерните електрани ќе бидат приоритет и очекуваме да има 150 мегавати инсталирана снага, а досега има 36. Очекуваме да се изградат сите хидропотенцијали, кои се лимитирани, рече Анѓушев.

Во рок од 30 дена од стапување во сила на законот Регулаторна комисија за енергетика треба да добие нов претседател и двајца нови членови. Нив ги предлага Владата, а ги бира Собранието. На прашањето дали со тоа Владата се меша во независноста на Регулаторната комисија за енергетика, Анѓушев рече:

Регулаторната комисија сега е зависна, оти ја води човек од опозицијата и навистина сакаме независна регулаторна комисија. И досега Владата го предлагаше, но многу е важно кој човек ќе го предложите. Ќе има конкурс и се надевам дека ќе избереме стручен човек.

Промовирани огласи »

Четири неработни денови пред нас – после Велигден уште еден продолжен викенд

Понеделник неработен за сите, петок за граѓаните од православна вероисповед

Следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија е 6-ти април (Велики петок, а после викендот исто така неработен ден ќе биде и вториот ден од Велигден, 9-ти април, што значи дека следуваат 4 споени неработни денови.

После големиот празник следниот неработен ден е вторник 1. мај. Споен викенд ќе имаме и на 24 мај кога (четврток) кој е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а денот потоа, 25. мај (петок) е Духовден, кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Болести кои најчесто ги добиваме поради работата

Работното опкружување, на различни начини може да не разболи

На работното место е тешко да избегнете болест, особено ако колегата позади вас кашла, а колешката до вас кива. И тоа не е се што може да ни се случи на работа, порано или подоцна.

За жал, повеќето од нас мораат да го поминуваат времето во затворени простории додека се на работа.

Работното опкружување, на различни начини може да не разболи:

Болка во грбот

Кој од нас сеуште седи правилно во канцеларија? Скоро никој. Столовите се неудобни, прениски, превисоки, а и ние самите се кривиме во нив. За да го избегнете тоа, обидете се да се држите под прав агол - со рацете на маса и нозете на под.

Рутината убива

Одите на работа, се враќате дома. Утре повторно на работа и така до недоглед. Доколку не ја менувате дневната рутина, постојат добри шанси да паднете во депресија. Раздвижете се, тоа е едно од решенијата, а доколку работите излезат од контрола поразговарајте со некој пријател или дури и со стручно лице.

Бактериите се секаде околу нас

Бактериите живеат со часови на тврдите подлоги. Тоа значи дека болниот колега кој ќе ја допре рачката од фрижидерот или работел пред вас на компјутерот, позади себе остава бактерии. Колку и да ги миеме рацете, тешко дека нема да се допреме за лице или да јадеме откако ќе допреме некоја „заразена“ површина. Одвоите малку време за чистење на тастатурата и ризичните површини.

Лош ден

Научно е докажано дека, на квалитетот на нашиот сон, и тоа како влијае количината на времето поминато пред монитор. Обидете се пред спиење да не седите премногу на компјутер или, уште полошо, да проверувате некој бизнис меил.

Проблеми со видот

Седењето пред компјутер цел ден ги оптоварува очите. Многу често може да се појави заматен вид, или поради тоа што не трепкаме, очите да ни се „исушат“. Држете се до правилото 20/6/20, а тоа значи, на секои 20 минути гледајте во далечина од 6 метри 20 секунди.

Промовирани огласи »

Галерија: Погледнете како изгледа автопатот Демир Капија – Смоквица

Наскоро ќе биде пуштена во употеба автопатотската делница Демир Капија – Смоквица

Наскоро ќе биде пуштена во употеба автопатотската делница Демир Капија – Смоквица. Плусинфо објавува фотографии од новиот автопат.

Лани, Владата потпиша анекс на договорот за изградба на оваа делница долга 28 километри. Инвестицијата во автопатот во должина од 28 километри изнесува 218 милиони евра.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »