Промовирани огласи »

Болести кои најчесто ги добиваме поради работата

Работното опкружување, на различни начини може да не разболи

На работното место е тешко да избегнете болест, особено ако колегата позади вас кашла, а колешката до вас кива. И тоа не е се што може да ни се случи на работа, порано или подоцна.

За жал, повеќето од нас мораат да го поминуваат времето во затворени простории додека се на работа.

Работното опкружување, на различни начини може да не разболи:

Болка во грбот

Кој од нас сеуште седи правилно во канцеларија? Скоро никој. Столовите се неудобни, прениски, превисоки, а и ние самите се кривиме во нив. За да го избегнете тоа, обидете се да се држите под прав агол - со рацете на маса и нозете на под.

Рутината убива

Одите на работа, се враќате дома. Утре повторно на работа и така до недоглед. Доколку не ја менувате дневната рутина, постојат добри шанси да паднете во депресија. Раздвижете се, тоа е едно од решенијата, а доколку работите излезат од контрола поразговарајте со некој пријател или дури и со стручно лице.

Бактериите се секаде околу нас

Бактериите живеат со часови на тврдите подлоги. Тоа значи дека болниот колега кој ќе ја допре рачката од фрижидерот или работел пред вас на компјутерот, позади себе остава бактерии. Колку и да ги миеме рацете, тешко дека нема да се допреме за лице или да јадеме откако ќе допреме некоја „заразена“ површина. Одвоите малку време за чистење на тастатурата и ризичните површини.

Лош ден

Научно е докажано дека, на квалитетот на нашиот сон, и тоа како влијае количината на времето поминато пред монитор. Обидете се пред спиење да не седите премногу на компјутер или, уште полошо, да проверувате некој бизнис меил.

Проблеми со видот

Седењето пред компјутер цел ден ги оптоварува очите. Многу често може да се појави заматен вид, или поради тоа што не трепкаме, очите да ни се „исушат“. Држете се до правилото 20/6/20, а тоа значи, на секои 20 минути гледајте во далечина од 6 метри 20 секунди.

Промовирани огласи »

Галерија: Погледнете како изгледа автопатот Демир Капија – Смоквица

Наскоро ќе биде пуштена во употеба автопатотската делница Демир Капија – Смоквица

Наскоро ќе биде пуштена во употеба автопатотската делница Демир Капија – Смоквица. Плусинфо објавува фотографии од новиот автопат.

Лани, Владата потпиша анекс на договорот за изградба на оваа делница долга 28 километри. Инвестицијата во автопатот во должина од 28 километри изнесува 218 милиони евра.

Промовирани огласи »

Важни информации за тие што патуваат во Србија – почнува најстрога контрола досега

Овој систем предизвика многу негодувања во Србија но, и покрај тоа од 1 април стапи на сила

Началникот на управата на сообраќајната полиција Небојша Арсов изјавил денеска дека во последната недела од април на сите патишта во Србија ќе почне да се контролира и казнува преминување на просечната брзина на возење.

Возачите при плаќање на патарина ќе добијат информации за дозволената брзина на возење, поради што веднаш ќе знаат дали го прекршиле законот. Тој истакнал дека на домашните возачи казната ќе им стигнува на домашна адреса, а на странците ќе им биде наплатувано на наплатните рампи.

За почеток, доколку некој во автомобилот, вклучително и патниците на задните седишта, не е врзан со ремен ќе плати казна од 10.000 српски динари по човек, или околу 85 евра. Намалена е и дозволената, толерантна стапка на алокохол во крвта од 0,3 на 0,2 промили, но и во тој случај возачот ќе биде казнет со 10.000 динари.

За “насилничко возење“ казната е драстична, 30 до 60 дена затвор откако насилниот возач веднаш ќе биде полициски проследен кај судијата за прекршоци и суден во скратена постапка. Домашните возачи одговараат за казните по пат на писмена пријава од полицијата, а за странците возачот оди веднаш пред прекршочен судија во најбилското место каде има таков суд.

Она што е за нас во Македонија, кои повремено патуваме во или низ Србија најважно се радикалните промени во мерењето брзо возење и високите казни во Србија. Имено, сега возењето по автопатот од Белград до македонската граница (и обратно) нема да се мери само со радар, туку со пресметка на просечната брзина според времето кога возилото влегло пред наплатната рампа на една точка и кога излегло на другата наплатна рампа. Кога возачот на првата наплатна рампа подига картичка за патарина таа евидентира време, а камерата на наплатната рампа го снима тоа, како и самиот автомобил и возачот.

Истата постапка е кога возилото излегува од автопатот на некоја следна наплатна рампа, и при излезот се гледа за кое време возилото ја поминало дестинацијата. Не се пресметува времето на чекање за наплата на патарина, дуку времето дека сте стасале до патарината и сте влегле во зоната во која снимаат камерите. Доколку прсечната брзина е над 100 килиометри, тогаш имате проблем и следат високи казни во рамки на 200-300 евра. За екстремни брзини, над 150 километри на час во просек, казните се затворски со изрекување 30 дена затвор. За само 10 километри прекорачување се плаќа казна 30 евра, а за поголеми брзини казната се качува до 200 евра.

Доколку сте возеле брзо а по пат сте застанале да пиете кафе или ставите бензин сте направиле паметен потез бидејќи тоа време ви се смета како да сте возеле. Доколку пак тврдите дека не сте возеле вие, а камерата не е во состојба освен детали за возилото и регистарскиот број да утврди и лик на возачот, казната ја плаќа сопственикот на возилото и зависно од брзината таа се движи до 200 евра.

Овој систем предизвика многу негодувања во Србија но, и покрај тоа од 1 април стапи на сила. Полицијата во Србија тврди дека тоа не е нов систем, туку веќе се употребува во Австрија, Италија, Холандија или Велика Британија.

Промовирани огласи »

Вкупно 10.570 административци со основно, а дури 495 без образование

Но, не е мал ниту бројот на оние кои се вработени во јавниот сектор без никакво образование.

Најголемиот дел од вработените во јавната администрација во Македонија имаат средно или високо образование, покажуваат податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор во Македонија, кој го изготви Министерството за информатичко општество и администрација.

Но, не е мал ниту бројот на оние кои се вработени во јавниот сектор без никакво образование.

Според последните податоци, до крајот на 2017 година дури 495 вработени се без образование, 202 се полуквалификувани, 404 се квалификувани, 10.570 се со основно образование, 38.045 се со средно образование, 547 се висококвалификувани, 5.707 се со вишо образование, 46.405 се со високо образование и 4.861 се магистри и 2.068 се доктори на науки.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »