Промовирани огласи »

Вкупно 10.570 административци со основно, а дури 495 без образование

Но, не е мал ниту бројот на оние кои се вработени во јавниот сектор без никакво образование.

Најголемиот дел од вработените во јавната администрација во Македонија имаат средно или високо образование, покажуваат податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор во Македонија, кој го изготви Министерството за информатичко општество и администрација.

Но, не е мал ниту бројот на оние кои се вработени во јавниот сектор без никакво образование.

Според последните податоци, до крајот на 2017 година дури 495 вработени се без образование, 202 се полуквалификувани, 404 се квалификувани, 10.570 се со основно образование, 38.045 се со средно образование, 547 се висококвалификувани, 5.707 се со вишо образование, 46.405 се со високо образование и 4.861 се магистри и 2.068 се доктори на науки.

Промовирани огласи »

Бизнис на иднината: Kилограм чини 100.000 евра

Идеја за бизнис

Милош Богдановиќ од Србија собира и пчелин отров за кој фармацевтите богато плаќаат. 

Тој лечи различни болести, па дури и рак. 

Оваа лековита состојка чини од 20.000 до 100.000 евра за килограм. 

Oд него се прават лекови за реума, кардиоваскуларни болести, а силно влијае и на ќелии кои се заболени од рак. 

И на светскиот пазар овој отров е потребен, а во Србија малку го собираат. 

За само еден грам отров се потребни 90.000 убоди од пчели. Богдановиќ вели дека пчелин отров се собира од пчели кои имаат од 18 до 21 ден. 

Промовирани огласи »

Големо поскапување на бензинот и дизелот - ова се новите високи цени

Ова се новите повисоки цени на горивата во Македонија

Цената на  ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг.

Промовирани огласи »

Петти саем за вработување и пракса „Контакт“

Пoчнува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“

На факултетите за електротехника и информациски технологии, за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од денеска до 5 април се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“,  на кој ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки.

Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ.

Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и, како што посочува, да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем.

На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman's Business Accelerator, Pop Leads,  Systems for Enterprise, StepUp.

Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.              

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »