Промовирани огласи »

Намалувањето на роамингот со Бугарија стартува на пролет

Во март-април ќе паднат цените на роамингот меѓу Македонија и Бугарија

Премиерот Зоран Заев, по средбата со шефот на бугарската држава, Румен Радев, истакна дека Договорот за добрососедство веќе дава убави и позитивни резултати.

Потпишани се многу договори. Очекуваме во март-април да паднат цените во роамингот помеѓу двете земји. Ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства и во министерствата за одбрана со свои обуки и центри кои што ги даваат на нашата армија и на полицијата. Но, она што е најзначајно е што обемот на трговијата веќе е зголемен за десет до 12 проценти. Имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави, изјави премиерот Зоран Заев.

Промовирани огласи »

Каде се можете да патувате без виза со македонски пасош?

Во 2018 без виза ќе патуваме во уште 2 земји

Велика Британија и САД имаат намоќни пасоши во светот. Ова го покажува Индексот на пасош кои дава поени за тоа со кој пасош сопственикот може да посети најмногу земји во светот без виза.

Индексот опфаќа вкупно 199 пасоши, од нив 193 се од земјите-членки на Обединетите нации, а шест од нив се територии. Според Индексот, американски и британски државјани можат да посетат вкупно 147 земји во светот без виза. На дното од рангирањето се Сао Томе и Принципе, палестинските територии, Соломоновите Острови, Мјанмар и Јужен Судан.

Носителите на овие пасоши можат да посетат само 28 земји во светот без притоа да вадат виза.

Со македонски пасош во 2018 година може да се патува без виза во вкупно 110 земји, што е за 2 земји повеќе од минатата година. За да ја погледнете целата листа на земји во кои може да се патува без виза, посетете го следниот ЛИНК

Тагови: Пасош

Промовирани огласи »

Јапонците ќе одат во пензија со навршени 70 години

Поради недостиг на работна сила, Јапонците ќе одат во пензија со навршени 70 години

Во обид да се справи со сериозниот недостиг на работна сила, зголемување на трошоците за социјална помош и намалувањето на даночните обврзници поради стареење на населението, Јапонија одобри план, со кој вработените ќе имаат избор да се пензионира по 70-годишна возраст.

Владата најави дека сака да ги утврди предлозите преку законски измени по април 2020 година и ќе се стреми етапно да ја зголеми задолжителната возраст за пензионирање за околу 3,4 милиони државни службеници од 60 години на 65 години.

Сега Јапонците можат да одлучат да се пензионираат во произволен момент ако се на возраст меѓу 60 и 70 години, а пак ако го направат тоа по 65-годишна возраст, добиваат поголема пензија.

Според властите, во следните четири децении, јапонското население ќе се намали од 127 милиони, колку што изнесува сега, на 88 милиони 

Промовирани огласи »

Договор меѓу Македонија и Германија за признавање на возачките дозволи

Македонските возачки дозволи признаени во Германија

Постапката за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза, велат од Министерството за внатрешни работи за Алсат М.

Двете земји го усогласуваат текстот од заедничката декларација, а за утре е закажан координативен состанок со германската амбасада, на кој ќе се испеглаат разликите и за последното отворено прашање кое од МВР не го откриваат.

По завршувањето на постапката за признавање на македонските возачки дозволи во Сојузна Република Германија, сите лица кои имаат или ќе регулираат престој во Германија ќе може да ја заменат македонската возачка дозвола со германска. Сите останати граѓани кои ќе патуваат транзит, ќе може да ја користат македонската возачка дозвола, велат од Министерство за внатрешни работи на Р.М

Во моментов, македонските иселеници во Германија може да управуваат со моторно возило само првите шест месеци, а потоа мора да извадат нова германска возачка дозвола, што е трошок од околу две илјади евра. Професионалните возачи пак, мораа да вадат меѓународна возачка дозвола. Бенефит од ваквиот договор ќе имаат не само иселениците, кои според проценките во Германија ги има во бројка од околу 100 илјади граѓани, туку и професионалните возачи, вели Биљана Муратовска од Асоцијацијата на здруженија на превозници. Според неа институциите се усогласуваат за начинот на кој ќе се впише интернационалната ознака – код 95 – која значи дека возачите поминале обука за професионална компетентност.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »