Потрагата по работа може да биде истоштувачка, особено ако ниту еден од вашите трудови не се исплатил. Понекогаш може толку да ви се чини ситуацијата безизлесна, што размислувате да се откажете. Но, наместо целосното откажување, размислете за превземање помали чекори кон потигнувањето на вашата крајна цел - добивањето работа.

Малите чекори се оние кои водат до големи промени. Повратете си ја својата самодоверба и бидете поблиску до работата која ја посакувате преку
- Извршете ја вашата домашна задача
Исто како што вие очекувате регрутерите да го прочитаат вашето резиме пред интервјуто, така да и од Вас се очекува да ги извршите своите обврски кога се работи за компанијата во која аплицирате и работната позиција. Ова е еден начин на кој можете да ја започнете неделата - пребарување на компаниите во кои би сакале да работите. Знаењето за историјата на компанијата, што се случувало, какво е нејзиното влијание не само што ќе ви помогне да ги импресионирате менаџерите за вработување, туку и ќе ви даде подобра идеја за тоа каква е всушност компанијата и дали би се вклопиле добро во истата.
Некои работи на вашето CV ќе останат исти без разлика за каква работа аплицирате, како на пример вашето образование, работно искуство и контакт информации. Но, 61% од работодавците сакаат резиме кое е прилагодено на нивната отворена работна позиција. Затоа, вториот ден од работната недела искористете го за евалуирање на вашето CV и прилагодување на истото за работните позиции за кои планирате да аплицирате.

- Поврзете се со вашите минати конекции
Не можете да бидете сигурни кој работодавец ќе побара професионална референца, па затоа е подобро да се обидете да ги контактирате луѓето кои можат да ги потврдат вашите вештини и способности. Побарајте ја секоја личност која има да каже нешто вредно и позитивно за вас на вашите потенцијални работодавци.
- Пребарајте можности за професионално вмрежување
Не се потпирајте единствено на огласите за работа и социјалните медиуми за да ги откриете последните слободни работни места во вашата индустрија. Понекогаш, најдобриот начин за да откриете нови работни можности е преку настани за вмрежување. Можете слободно да ги користите сите форми за да откриете каде и кога би имало вакви видови на настанаи. На овој начин, може да си ги подобрите професионалните односи, да научите за потенцијалните работни можности како и да вежбате зборување за вашата позадина и вештини.

Овој вид на шопинг е дизајниран за да ви ги зголеми шансите за вработување и да ве подготви за сите настани на професионални средби и интервјуа за работа. Доколку сте во можност, снабдете се со облека која е во сооднос со работата за која сте заинтересирани. Имајте на ум дека облеката за интервју треба да е за нијасна поубава од секојдневната облека за во канцеларија. Кога се работи за професионалните интервјуа, професионалното однесување ќе оди во ваша корист.
- Размислете за вашето онлајн присуство
Близу половина од менаџерите за вработување (48%) ги пребаруваат кандидатите за работа на социјалните медиуми и пронашле информации кои биле причина за кандидатот да не биде вработен. Причините кои најчесто ги одбивааат менаџерите од Вас многу е веројатно да се следниве: провокативни и несоодветни фотографии, лошо говорење за претходен претпоставен или соработник, информации за користење наркотични средства, сиромашни комуникативни вештини, дискриминаторски коментари поврзани со националност, религија, пол и слично.