Секој од нас сака да оди напред. Меѓутоа, дури и да се чини дека правите се како што треба - никогаш не доцните на работа, ретко сте земале боледување и секогаш ги почитувате крајните рокови - покачувањето на вашата плата може да е многу далеку.
Вие можеби сметате дека сте целосно посветени на работата, па зошто тогаш не сте наградувани? Одговорот е едноставен - не напредувате доколку ги исполнувате очекувањата на вашиот претпоставен.

Очекувањата на вашиот претпоставен се цената за влезот. Дури и ако се трудите посебно многу и правите се што се бара од вас, Вие нема да се одвоите. Ќе бидете гледани како некој/а кој/а ги извршува минималните барања и никој кој гради одлична кариера е гледан на тој начин.
Трикот во напреднувањето во вашата кариера и зголемувањето на вашата плата е во додавањето вредност преку креирањето на придонеси кои вредат повеќе отколку што сте платени. Вие треба да сте насочени напред и да бидете перцепирани како некој без кој организацијата не може да живее. Ова не е толку тешко колку што звучи и можете да успеете во својата цел преку употреба на следниве чекори:
Чекор 1: Знаење за индустријата на компанијата, конкурентите, последните иновации и предизвици
Професионалниот развој е важен, но зошто да запрете овде? Ако навистина сакате да ги импресионирате вашите претпоставени, впијте колку што е можно повеќе информации за вашата компанија и индустрија. На овој начин, не само што ќе покажете дека знаете како да ја работите својата работа, туку и знаете зошто ја работите и зошто е важна.

Чекор 2: Наместо секогаш да го имате одговорот, претпоставете го прашањето
Секогаш е добро чувство кога можете да го одговорите прашањето на вашиот претпоставен без тој/таа да ве чека цела вечност. Но, ако навистина сакате да оставите впечаток, претпоставете го прашањето. Размислете за нештата кои му/и се важни и информирајте го/ја дневно. Ќе заштедете време и тој/таа ќе го цени ова исто како и вашиот ентузијазам.
Чекор 3: Самите посочете ја својата грешка
Одговорноста е веќе изгубена уметност. Преголем број на луѓе се трудат да ги прекријат своите грешки, плашејќи се да признаат пораз. Покажете им на своите претпоставени дека не сте исплашени од признавањето на своите грешки. Уште подобро е ако имате смислено решение или чекорите кои веќе сте ги превземале за решавање на проблемот. Секој од нас прави грешки, но она што може да ве одвои е начинот на кој се справувате со истите.

Чекор 4: Наместо да барате тренинг, направете го тоа самите
Вообичаен совет кога се работи за кариерата е да барате од вашиот претпоставен да ве води на обуки и на работилници за подобрување на вашите вештини. Но, тука не се работи за она што е вообичаено. Бидете насочени кон тренирање на самите себеси, во вашето слободно време. Не е потребно да биде премногу скапо, постојат многу достапни бесплатни курсеви кои може да се одржат онлајн. Вие можете да бидете работникот кој ќе се одвои бидејќи самоиницијативно ги ислушал потребните обуки.
Чекор 5: Бидете проактивни
Скоро секој може да го направи она што му е кажано. Но, проактивноста се цени два пати повеќе. Ако гледате проблем, решете го. Ако забележете нешто што треба да се направи, направете го. Направете било што што сметате дека ќе е различно и ќе биде од корист. Тука се цени визијата повеќе од се останато.

Чекор 6: Бидете смирени во кризни ситуации
Малку нешта го задржуваат вниманието на вашиот претпоставен како способноста да смирите бура. Без разлика дали се работи за конфликт помеѓу вработените, општа криза поради промена на правило или нешто сосема друго, осигурајте се дека Вие сте тие кои ќе останат смирени и во контрола на своите емоции. Вашата способност да останете смирени за време на криза демонстрира лидерски потенцијал и лидерите добиваат унапредување.