Не престануваат огласите за вработувања во јавните институции и во Владата.
Поради привремено зголемен обем на работа, Службата за општи и заеднички работи на Владата објави јавен оглас за ангажирање на 26 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година, објави денеска емагазин.

Според огласот се бараат пет возачи во гаража во Одделението за превоз и одржување на моторни возила.
Основната нето плата изнесува 13.525 денари.
Потоа се бараат двајца возачи со Д категорија во Одделението за превоз и одржување на моторни возила.
Основната нето платаизнесува 16.136 денари.
Се бараат и четири келнери во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти.
Основната нето плата изнесува 13.112 денари.
Се бараат и двајца садомијачи во кујна во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти.
Основната нето плата изнесува 12.011 денари.
Се бараат и двајца кафе готвачи во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти.
Основната нето плата изнесува 13.112 денари.
Потоа се бараат четири даклтило работници во Одделението за извршување нормативно правни, стручно -административни и архивски работи.
Основната нето плата изнесува 12.068 денари.
Се бараат и двајца самостојни референти за дебатен стенограф во Одделението за извршување нормативно правни, стручноадминистративни и архивски работи.
Основната нето плата изнесува 15.681 денари.
Се бара и еден самостоен референт архивар во Одделението за извршување нормативно правни, стручно административни и архивски работи.
Основната нето плата изнесува 15.681 денари.
Се бара и еден самостоен референт организатор за обезбедување на машински инсталации во Одделението за тековно одржување на објектите на државната управа и следење на комуналните трошоци.
Основната нето плата изнесува 15.681 денари.
Се брааат и тројца самојстојни референти и контролор за денарско и девизно работење и пресметка на плати во Одделението за сметководство и плаќања.
Основната нето плата изнесува 15.681 денари.