Неуспехот, за претприемачите, е неизбежен. Ова може да дојде во некоја помала форма на загуба, како губење на договор поради конкуренцијата или некоја поголема загуба, како неможност да се плати кирија за просторот.

Најдобрите претприемачи не се дефинираат преку нивните неуспеси, туку преку начинот на кој се справуваат со истите. Навигацијата на тешките ситуации како екстерно, така и интерно е од суштинско значење да се биде успешен претприемач. Кога сте соочени со неуспех, искористете ги овие 6 совети за подобро справување со ситуацијата:
1. Бидете подготвени - Не е потребно веднаш да смислувате планови за спасување на ситуацијата доколку е возможно. Психичката подготвеност за неуспехот е многу поважна. Ако имате постојано позитивни очекувања, кога нештата ќе тргнат по лош пат, може да биде многу потешко да застанете стабилно на две нозе.

2. Не донесувајте емотивни одлуки - Многу е лесно да се донесат емотивни одлуки веднаш од кога нешто негативно се случува, но скоро никогаш не е правилно. Дури и ако значи дека ви е потребно време за да прифатите што се случува, искористете го. Донесувањето рационални одлуки е многу подобро отколку донесување одлуки засновани на емоциите.
3. Цврста мрежа на поддршка - Опкружете се себеси со пријатели, фамилија и ментори кои може да бидат огромна поддршка за време на овие тешки времиња. Можеби да се чувствувате осамено во овој период, но имањето на ваков тип на луѓе околу вас може да направи да се почувствувате важни надвор од работното место и да ви воздигне духот.

4. Реевалуирајте ја вашата ситуација - Неуспехот е одлична можност за да ја реевалуирате вашата ситуација. Треба да се прашувате зошто не успеавте, како се чувствувате во врска со тоа и кој е вашиот следен чекор. Дали е поради вашата нецелосна посветеност на работата и дали воопшто се грижите за тоа што што го работите.
Неуспехот може да е знак дека тоа што го работите не е за Вас. Да се биде искрен со себеси може да ви заштеди енергија, време и среќа. Заборавете на тоа колку сте инвестирале претходно и фокусирајте се на сегашноста, евалуирајте ја ситуацијата од денешен аспект и тоа може да ви помогне со следните чекори.
5. Не го поврзувајте неуспехот со вашата личност - Еден од најтешкиот дел од неуспехот е неповрзувањето на ситуацијата со Вас како личност. Ако вашата компанија пропадне, лесно е 100% да се обвинувате себеси како личност, но не секогаш е така. Секој од нас греши и неуспехот е дел од животите на луѓето.

Ако дозволите да сте премногу поврзани со неуспехот, тоа ќе направи многу потешко да се справувате со целата ситуација. Наместо тоа, разберете и ја препознајте го неуспехот и продолжете да го живеете својот живот, знаејќи дека се движите напред.
6. Учете од неуспехот - Ако постојано грешите на истото место, никогаш ништо не сте научиле од своите грешки. Ова е периодот кога треба да се и себеевалуирате, дали е потребно дополнително да вложите во своето знаење за грешките да не се повторат. Тешко е да се постават прашањата во оваа фаза затоа што одговорите можеби нема да ви се допаднат, а се клучни за да продолжите да се движите напред. На овој начин, ќе го спречите повторното правење на истите грешки.