Вработувањето на погрешната личност може да биде погубно за секој работодавец. Еден начин да го редуцирате бројот на неквалитетни вработувања е да се фокусирате повеќе на информациите кои пристигнуваат од референците на вашите кандидати.
Според дадени статистики, 3 од 10 работодавци забележале дека при проверката на референциите на кандидатот, професионалниот контакт немал ништо позитивно да сподели. Дополнително, 29% од работодавците откриле лажна референца во апликацијата на работобарателите.
За да избегнете неквалитетни вработувања, прашајте ги следниве девет прашања референците на кандидатите:
1. Кој е вашиот однос со кандидатот?
Ова прашање дозволува на менаџерот за вработување да ја потврди информацијата дали кандидатот и референцата некогаш работеле заедно и можеби, да добие пристап до нивниот однос. На пример, референцата може да е поранешен претпоставен или соработник и преку приказот на специфичната природа на врската, менаџерот може подобро да располага со добиените информации.

2. Дали може да го потврдите работниот однос и обврските на кандидатот?
Секогаш верифицирајте ги работните односи и обврски на кандидатите за да се осигурате дека понудените информации се веродостојни.
3. Дали може да го опишете работниот перформанс на кандидатот?
Лесно е за кандидатите да даваат храбри изјави во нивните CV-а. Но, не постои подобар начин за откривање на точноста на тие изјави преку контакт со референциите. Ова прашање открива колку кандидатот би ја извршувал добро поставената задача.
4. Дали кандидатот беше одговорен за поставените задачи?
Кога се прашуваат референциите за работната етика на кандидатот, менаџерите задолжени за вработување треба да откријат како личноста реагира на грешки и дали тој или таа може да биде одговорен кога се работи за почитување крајни рокови и комплетирање на проекти.
5. Кои се јаките и слабите страни на кандидатот?
Ова прашање им помага на менаџерите да откријат колку лесно индивидуата може да биде тренирана и дали тој или таа добро се вклопува во позицијата.

6. Какво ви е искуството со работењето со кандидатот?
Откривањето на карактерот на кандидатот, комуникациските вештини, дали е тимски играч или не - тоа се карактеристиките кои можете да ги откриете со ова прашање.
7. Зошто кандидатот ја напушти работната позиција?
Ова прашање може да биде особено чувствително, но ако референцата е расположена за разговор искористете ја можноста да ја откриете причината. Дополнително, може да се открие информацијата за тоа колку долго кандидатот би останал на новата работна позиција.
8. Настрана од политиката на компанијата, дали повторно би го вработиле кандидатот?
Без разлика дали референцата би го/ја вработила кандидатот или не, ова прашање може да го сумира целиот разговор и затоа е најдобро да го поставите на крајот од разговорот. Ако имате време само за едно прашање, ова нека биде вашиот избор бидејќи може многу да ви каже за кандидатот, плус ако прашате и за причините.
9. Дали има нешто друго што треба да го знам за овој кандидат?
Преку поставувањето на ова прашање, менаџерите за вработување може да откријат специфични детали за кандидотот кој не биле споменати со претходните прашања.
