
Луѓето се повеќе се навикнуваат на намалувањето на интегритетот во модерниот свет. Навикнати сме да сме оставени на чекање во корисничка поддршка со часови и постојано да слушаме „Вашиот повик е важен за нас.“ Стануваме имуни на продукти кои не стигнуваат до нашата адреса, што многу често и забораваме да ги вратиме. И можеби звучи цинично, но знаеме дека личноста која ни кажала дека ќе ни се јави, никогаш не ни се јавува.
Од друга страна, пријатно сме изненадени кога некој го прави она што вели дека ќе го направи. Истото се случува и кога добиваме одговор од човек наместо од машина на линијата на услуга за корисници. И кога компанијата прифаќа производи назад, ние остануваме лојални. Затоа што овие луѓе и таа компанија имаат интегритет. А интегритетот е она што ве одвојува и вас и вашиот бизнис од сите останати.
Што всушност претставува интегритетот?
Интегритетот значи почитување на својот збор во се што правите. Кога наплаќате одредена услуга или производ, вие морате да стоите позади таа услуга или производ. Таа бизнис трансакција е тест за вашиот интегритет. Дали вие го постигнувате она што велите дека ќе го постигнете? Дали правите се за да му услужите на вашиот клиент?
Интегритет со другите луѓе
Да се поседува интегритет не значи дека вие секогаш успешно ќе ја завршите задачата. Но тоа значи дека вие ќе дадете се од себе за да го направите тоа. Се до моментот додека не сте направиле се, пробале се за да постигнете една задача, не поседувате интегритет.
Секако, вие секогаш можете да го преговарате договореното. Ова исто така, може да биде една форма на интегритет. Наместо да се обидувате да задоволите преголем број на луѓе затоа што имате премногу обврски, признајте си на себеси и потоа искористете го својот збор за да го преговарате договореното.

Луѓето со недостаток на интегритет не стојат на својот збро и избегнуваат тешки и мачни разговори кои може да се појават со преговарањето. Кога на луѓето им недостига интегритет, можете лесно да бидете збунети за нивните намери и чувства и дали воопшто може да им верувате.
Интегритет со себеси
Имањето интегритет со себеси е исто толку важно. Дали го одржувате зборот кажан на себеси? Кога ќе одлучите да изгубите некој килограм или да промените некоја навика - дали си останувате на зборот или дозволувате слабата страна да ве надвладее? Најголемиот дел од одлуките кои ги донесуваме за Нова Година не траат бидејќи ни недостига интегритет на самите себеси.
Како да го зголемите вашиот интегритет?
- Одржувајте го вашиот збор - Што и да кажете дека ќе направите, направете го. Ако знаете дека нема да го направите, не го кажувајте. Преговарајте ако е потребно, но не се откажувајте.
- Бидете искрени - Разговарајте за вашите мисли и чувства искрено. Никогаш не ги користете вашите зборови за да ја маскирате вистината. Наместо тоа, осигурајте се дека вашите зборови ќе бидат носители на вистината.
- Бидете свесни за зборовите кои ги кажувате - Зборовите имаат огромна тежина на нив. Никогаш не ги користете во форма на озборување или против себеси, своите чувства и акции. Тие имаат моќ и користете ги паметно.