Целите кон унапредување? Ова може да ви биде одлична цел на која може да се посветите годинава. Овој празничен период од годината е одличен за да паузирате, да размислете и оформите стратегии како ќе ја постигнете оваа цел.
Прочитајте во продолжение кои се најчестите совети од сопствениците, претприемачите и менаџерите за како успешно да ја придвижите напред:
Ако целите кон унапредување на вашата кариера, потребно е да правите повеќе од само фокусирање на својата лична работа. Можеби на некој во канцеларијата му/и е потребно помош. Колку повеќе се вашите соработници импресионирани од Вас, толку се поголеми шансите дека вашиот шеф ќе слушне за вашата работна етика. Вашата способност за соработка е исто така важна како и вашата способност да работите независно.

Кога се работи за вашата работна етика, не е секогаш само за постигнување на специфичните цели. Дел од менаџерите го забележуваат и трудот што некој од вработените го вложува - дали се дисциплинирани и приспособливи? Дали се фокусирани на креативноста? Повеќе се работи за трудот кој еден вработен го вложува, отколку за целите. Големи се шансите да бидете унапредени доколку вложувате секојдневно.
Ако сакате да ја движите вашата кариера по нагорна линија, потребно е да им покажете на вашите претпоставени дека може да сметаат на вас.
Точноста, иницијативноста, пријателскиот однос и способноста за покажување развој се клучните фактори кои може да влијаат на вашето унапредување.
Никој не е совршен - секој од нас искусил неуспех во даде момент од своите кариери. Но, како се справувате со вашите грешки е она што може да биде позитивен исход. Вашиот претпоставен ќе ја забележи вашата способност да ги свртите нештата кон позитивната страна.

Не секогаш е потребно да работите на унапредувањето тајно. Земете го во предвид разговорот со вашиот претпоставен за вашите цели и спомнете зошто сакате да бидете унапредени. На овој начин ќе креирате отворен дијалог помеѓу вас и вашиот шеф, што ќе ве оддржува и двајцата на иста страна за вашата позиција.
Размислувањето „надвор од кутијата“ секогаш може да ве одвои од вашите колеги и да ви ги зголеми шансите кога е време за унапредување.
Оние вработени кои имаат идеи за проекти кои се добир за тимот се многу често унапредувани. Имплементирањето, соочување со проблемите и осмислување на потенцијалните решенија се исто така важни карактеристики на кои можете да се посветите доколку сакате развој на вашата кариера.
