Маркетерите користат различни продажни тактики за зголемување на празничните продажби. Тие имаат и креирани посебни денови за продажба кога се најдобрите зделки.
Како бизнис компании, целта е максимизирање на празничните продажби преку нудење на најдобрите понуди кон клиентите. Меѓутоа, агендата на потрошувачите може да биде малку поразлична.
Најголем дел од луѓето ќе се согласат дека Божиќ е за помош на луѓето на кои им е најпотребно, искажување на љубовта кон најблиските и поминување време со нив. Но, голем број на студии покажуваат дека се поголем број на луѓе трошат огромна сума на пари за подароци токму во овој дел од годината.

Без разлика дали се согласувате со делењето подароци или не, прочитајте за најкористените тактики за зголемување на продажбата во празнични периоди:
Потребата да се вклопиме - Ние сме, по природа, општествено усогласени и компатибилни суштества. Оттаму, акозабележиме дека некој купува огромна количина на подароци, ние претпоставуваме дека ова однесување е правилно и за нас. Маркетерите го даваат најдоброто од себеси за да направат да се чувствуваме како да ни е потребен нивниот производ за да се вклопиме заедно со нашите пријатели, семејство и познаници.

Неточни прогнозирања - Луѓето се борат за да ја предвидат иднината. Дури и ако сме имале повеќе од едно нешто во минатото, не можеме да претпоставиме дали тоа материјално добро имало ефект врз нашата целокупна среќа. За да го искористат овој факт, маркетерите постојано ни покажуваат нови, подобрени верзии, подобар модел или подобрување на нивните производи. Без способноста за правилно прогнозирање, ние купуваме повеќе и сме приморани повторно да учиме преку искуството.
Потрага по социјално одобрување - Ние сме екстремно социјални суштества и огромен дел од нашата среќа се заснова на нашата заедница и блиски односи. Емоционалното значење на подарокот е користено особено од индустриите кои продаваат производи со високи цени, како што се автомобили, накит и дијаманти. Многу луѓе се согласуваат дека овие производи се репрезент на љубов и романса и притисокот да се добие социјално одобрување преку овој вид купување се зголемува за време на празниците.

Ефектот на недостаток - Кога луѓето мислат дека една можност е ограничена, тие ќе работат напорно да бидат вклуечни. Маркетерите ја користат оваа тактита со временски ограничени понуди, ограничено производство и лансирање производи единствено за празници.