Во 2018 потрошувачите се во потрага на брендови и клиенти кои се насочени кон персонализирање, тие сакаат компании кои се поверодостојни и помалку фригидни во однос на компаниите од минатото. Не е тајна дека креирањето на содржина може да одземе многу време, да чини многу и скоро невозможно да е совршено. Она што многу бизниси го прават моментално е им дозволуваат на малиот тим кој го имаат да креираат содржина со која читателите ќе се чувствуваат опуштено.
Три начини за да изградете релевантно онлајн присуство:
- Поврзете се со вашата публика на природен начин
Ако сте присутни во онлајн светот и гледате како изгледаат објавите на вашите потрошувачи, може да забележите дека изгледаат сосема различно од она што Вие типично објавувате. Ова не значи дека е потребно да заборавете да бидете професионални и да се спуштите неколку нивоа подолу од вашата првична цел.
Едно можно сценарио е објавување на начин кој е помалку насочен кон продажба и наместо тоа, изгледа како нешто што е објавено на пријателски начин за да се добие поголема база на лојални потрошувачи.

- Држете се до своите принципи и дозволете им на вашите следачи да се придружат
Постојат многу риби во морето, како Вие се одвојувате? Еден одличен начин е да го поврзете вашиот бренд со причина која е важна за Вас и која е релевантна за вашиот бренд. Пример, златара која ги обучува бездомните жени и оние кои се соочиле со семејно насилство за изработката на накит и им овозможува на овие жени со платите кои ги заработуваат, да застанат повторно на нозе и да ги издржуваат своите семејства.
Ова е одлично бидејќи вие одвојувате за општото добро и исто така, поврзувајќи се со причина која им е блиска на многу луѓе. Секоја продажба, во случајот со златарата, овозможува поддршка за овие жени и ги исполнува и нивните и целите на златарата во исто време.

- Зборувајте им на вашите потрошувачи како да сте пријатели
Дали имате проблем со тоа потрошувачите да ви одговорат повратно на вашиот одговор? Можеби ако вашите одговори им зборуваат на луѓето на начин на кој би можеле да се поврзат, отколку единствено зборувањето, вие ќе забележите подобри резултати. Прашувањето отворени прашања ќе им дозволи на вашите следбеници да се чувстуваат како да се дел од нешто, не само како минувачи.
Некои идеи кои би можеле да ги употребите - разговарајте од каде се, споделување на нивниот омилен GIF или поставете им прашање за во која боја да биде вашиот следен производ. Најголемиот дел од корисниците на социјалните медиуми сакаат да бидат дел од нешто поголемо од себе, дозволете им! Исто така, не бидете исплашени да им дадете повратен одговор. Никој не сака да биде оставен извисен, вратете, заблагодарете се на нивните коментари.
Кога ќе почнете да ги имплементирате овие промени, ќе забележите зголемување на бројот на лојалните потрошувачи. Сигурно е дека ви било пријатно да ги претворите вашите пријатели во потрошувачи, но дали можете да ги претворите потрошувачите во пријатели? 2018 е одлична година за да ја тестирате оваа теорија.
