Секој од нас имал лош ден на работа - без разлика дали Вие сте причинител на грешката, вашиот претпоставен ви ја пренесува нервозата, требаше да отпуштите некого или изгубивте значаен клиент. Но, дали некогаш сте имале лоша година?
Ако имате кариера од 30 години и се изјаснете дека од тие 30, само една била лоша година, тогаш тоа е добар процент. Тоа значи дека близу 97% биле добри години. Додека овие се добри бројки на хартија, идејата дека една цела година може да биде тешка, напорна, неуспешна е предизвик за соочување - особено ако моментално се наоѓате во неа. И додека влијанието на Вас може да биде очигледно, што се случува со луѓето околу Вас, особено ако вие сте на лидерската позиција?
Прашањето е дали треба да останете или да си заминете. KARIERA.mk имаше анализа за тоа на кои прашања потребно е да имате одговор пред да прифатите дадена работна понуда, сосема е соодветно да ја направиме и спротивната анализа - Кои се прашањата кои треба да си ги поставите доколку размислувате да го напуштите работното место?

1. Дали оваа ситуација е проблем на краток рок или трајно неподнослива?
Понекогаш, наидуваме на потешкотии во животот и истото се случува и во компаниите и на работните места. Дали моменталната ситуација е ситуација преку која вие или вашиот бизнис мора да поминете или не? Исто така, може да се најдете во ситуација каде балансот во вашиот бизнис е поместен и шансите за да се врати на истите патеки се многу мали.
2. Дали постои конкретна точка на завршување на оваа крајно лоша ситуација?
Ако воочите дека овие причинители на вашите лоши искуства не се трајни, дали може да ја идентификувате крајната точка? Дали имате мизерен соработник кој се пензионира следната година? Дали вашиот сосема несоодветен систем се заменува наредна година со нов, поквалитетен? Дали поседувате моќ на својата позиција за да ги сменете нештата? Можеби се уште да е многу тешко да се работи со сите тешки околности, но сознанието дека тешката ситуација има крај може да го направи целиот процес поподнослив. Ќе преминете преку тоа, само ви е потребно трпение.

3. Дали вашите основни вредности се промениле, креирајќи неповрзаност со вашата работа?
Кога нашите работни места и задачи не се во сооднос со нашите вредности, тогаш работните места стануваат неподносливи. Ако вашите вредности, верувања, принципи се сосема различни од оние на компанијата, размислете дали вреди да продолжите да работите. Вашата ефективност може да се намали, почитта кон претпоставените и дејноста воопшто. Проценете ги своите верувања, како се промениле, дали работата има влијание на нив пред да ја донесете конечната одлука.
4. Дали постојат алтернативи?
Конечно, особено е важно да се запрашате дали имате алтернативни опции. Можеби постојат други работни позиции во склоп на компанијата за кои би можеле да аплицирате. За да си ги зголемете шансите, можете да остварите контакт со лица вработени во тој сектор за да научите повеќе, да изградете однос за наредниот момент кога ќе има слободна позиција, да се сетат на Вас. Ако оваа опција не е достапна, тогаш можете да почнете да барате работа додека се уште работите. Вие можеби сакате веднаш да го напуштите работното место, но покрај финансиските бенефити на останувањето вработени, вие сте многу поатрактивен кандидат ако сте моментално вработени отколку не. За овој период, ќе го збогатите плус вашето CV и ќе имате поголеми шанси за вработување.
