Голем број на земји во светот се борат со растечките цифри на јавниот долг и дефицит, но постојат и такви кои постојано го држат ниското ниво кога се работи за овие цифри. Прочитајте во продолжение кои се тие земји.
10. Казаxстан 21,1% - Казахстан, богатa со нафта, ja води Самукк-Казина, фонд за богатство што го поседува единствено државата кој ги води националната железничка и поштенска услуга, државната компанија за нафта и гас KazMunayGas, државната ураниумска компанија и бројни други групи.
9. Обединетите Арапски Емирати 19.3% - Земјата поседува огромен богат фонд кој инвестира од големите резерви на нафта кои ги поседува земјата. Проценувано е да вреди повеќе од 1.3 трилиони долари.

8. Нигерија 18.6% - Нивото на јавниот долг како дел од БДП постепено расте во изминатите пет години, но останува далеку под критичниот лимит од 40%, лимит поставен од Сојузната влада на Нигерија за економијата.
7. Кувајт 18.6% - Уште една богата со нафта Арапска земја. Економијата на Кувајт продожлува да се искачува нагоре од падот во 2015та кој беше предизвикан од опаѓањето на цените на нафтата.

6. Русија 17% - Русија има една од најниските стапки на долг кон БДП поради огромниот производствен капацитет и големите резерви на нафта и гас. Нејзините природни ресурси вредат околу 56 трилиони фунти (75 трилиони долари) - над 30% од сите природни ресурси во светот, според Министерството за енергија на САД.
5. Боцвана 13.9% - Јужноафриканската нација на Боцвана е модерна успешна приказна. Помеѓу 1966 и 1999 просечниот економски развој достигнал 9%, највисокиот во светот и се оддржува многу ниско ниво на јавен долг.

4. Саудиска Арабија 12.4% - Иако нивото на долг е ниско според глобалните стандарди, националниот долг значајно се зголемил во период од две години поради ниските цени на нафтата во 2015 и 2016та година. Националниот долг на Кралството се искачил до 67 билиони фунти во 2016та, за 619% повеќе од 2014та.
3. Естонија 9.5% - Откако ја воспостави независноста од Русија во 1918 година по Првата светска војна, Естонија агресивно водела либерални пазарни реформи, што ја претвори во една од водечките економии во Источна Европа. Нејзината економија се карактеризира со избалансиран буџет, рамноодна стапка на данок на доход, политики за слободна трговија, целосно конвертибилна валута која е тесно поврзана со еврото и речиси не постоечки јавен долг.

2. Брунеи 3.1% - Економскиот раст следел по независноста на Брунеи од Велика Британија во 1984 година. Речиси е целосно поддржан од извозот на гас и нафта, јавниот БДП е висок, а нејзината социјална држава е дарежлива, обезбедувајќи ги сите медицински услуги и субвенционирање храна и домување.
1. Хонг Конг 0.1% - Пазарно-управуваната економија на Хонг Конг се карактеризира со профитабилен сектор за финансиско банкарство, добро регулирани финансиски контроли, големи девизни резерви и практично нема јавен долг. БДП по глава на жител е шестиот највисок во светот на глобално ниво од 32.000 фунти, нешто понизок од Брунеи.
