Маркетингот завзема нови облици со растот на сите нешта онлајн како и мобилните. Креирање на Facebook страна, твитање за новостите во индустријата, праќање известувања за продажба до потрошувачите и слично. Каналите кои ги користиме за комуникација со потрошувачите се менуваат секојдневно. Сепак, се уште имаат ефекти некои маркетинг трикови и тактики кои се користеле порано. Во продолжение може да прочитате и кои се тие тактики.
1. Нудење на визит карти кога и да сте во можност
Ова е веројатно наједноставната и најевтината опција и токму затоа е на врвот на оваа листа. Може да делите визит карти на соседите и бизнисмените, ставете ги во релевантни книги или магазини во канцеларијата на вашиот доктор или што и друго да намислите со нив. За толку мал предмет, визит картите имаат огромен потенцијал.

2. Донирајте подароци или производи како награди
Дали некое средно училиште има натпревар или постои некој хуманитарен настан кој нуди награди? Донирајте. Ова е едноставен начин за да воспоставите лични конекции со јавноста додека учествувате со добра цел. На крајот на краиштата, победниците ќе го стават вашиот продукт или услуга за користење и можете дури и да добиете препораки и поголема видливост од нив.
3. Зборувајте на настани
Пронајдете настан кој е поврзан со вашата индустрија и подгответе еден образовен и значаен говор. Ова ќе остави траен впечаток во вашата индустрија и креира визуелна презентација на вашиот бизнис. Ако се чувствувате дека немате доволно авторитет во индустријата за да одржите говор, тогаш доволно е само да присуствувате. Претставете се себеси и остварете контакти.

4. Поврзете се телефонски
Создајте една листа на потенцијални клиенти и јавете им се. Прво, поставете јасна стратегија на јавување па потоа барајте ги клиентите. Поставете го разговорото кон секој клиент и бидете флексибилни за нивното време и потреби. Иако може да се гледа како продажен потег, телефонскиот повик може да ви помогне да изградете врски за соработка со други бизниси и потенцијално да добиете нови клиенти на долг рок.

5. Редизајнирате го вашето пакување или презентација
Подобрете го вашиот бренд преку реевалуирање на вашата презентација. Како изгледате вие во споредба со вашата конкуренција? Изгледот е битен - вашето брендирање и продавница го покажуваат тоа. Можеби е време да го освежите изгледот со кој ќе ја пратите вистинската порака кон потенцијалните клиенти. Одвојте време да размислете и креирате нешто ново, бидејќи најмалата промена може да направи огромна разлика.
6. Прославете ги успесите
Одржете забава, бизнис собир или некој друг вид на прославувачки настан преку кој ќе го споделете вашиот успех. Можеби сте станале дел од партнерство или сте лансирале нова услуга. Побарајте ги локалните новинарски куќи, да го покриваат настанот. Искористете ја можноста за да го охрабрете вашиот тим за успешната работа.

7. Бидете спонзор на одреден настан
Доколку вашите финансии ви дозволуваат, ова е одличен начин за ширење на вашето име наоколу. Направете партнерство со некоја непрофитна организација, поделете некои од вашите производи, купони, попуст картички. Ова гради позитивна бренд слика која луѓето ја почитуваат.