Офис Плус, Натура Терапи, Телекабел и многу други вработуваат!

Огласи за работа во Офис Плус, Натура Терапи, Телекабел!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

Возач - Ц категорија
Магационер / Спремач на артикли
Курир

Натура Терапи е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моменталнои ваработува:

Нутриционист
Графички Дизајнер

Скоро 30 години Телекабел е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор. Телекабел е доказ дека со истрајност, квалитет, многу работа и професионален однос кон корисниците и државата, и во Македонија може да се раскаже успешна приказна.

Моментално вработува:

Оператори во call center - Штип

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Продавач/ка - Касиер/ка - Ново Лисиче
Грижа на корисници
Возач на камион
Продавач/ка - Касиер/ка - Илинден

Трговското друштво ТАРА МОДА ДООЕЛ од Скопје, има потреба од продавачи за својата новоотворена продавница Беоспорт која се наоѓа во Diamond Mall во центарот на Скопје.

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт Diamond

Откако е лансиран во 1996 година брендот Интимисими го освои пазарот за долна облека благодарение на својата спецфичност и стил, брзо станувајќи водечки бренд во својата индустрија. 

Моментално вработува:

Асистент за продажба - Diamond Mall

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. 

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пекара Кисми е место каде што традицијата, квалитетот и свежината се спојуваат во секојдневно уживање. Со посветеност на подготовката и внимателен избор на состојки, нуди вкусни пекарски производи, подготвени со љубов и внимание. Нашата цел е секојдневно да им понудиме на потрошувачите свежи, квалитетни и вкусни производи, како и пријатно искуство при секоја посета.

Моментално вработува:

Работник на скара
Пекар/ка
Хигиеничар/ка во пекара во Тафталиџе
Продавач/ка во пекара - Аеродром / Маџари

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

Оператор за подесување на алати - Скопје

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи на Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Крај за кешот кај брзите кредити: Уплатите и исплатите само преку сметка

Новиот закон предвидува брзите кредити да се исплаќаат и отплаќаат исклучиво преку трансакциски сметки.

Финансиските друштва повеќе нема да можат да исплаќаат брзи кредити ниту да примаат уплати во готовина, според новиот Закон за финансиски друштва. Законот го поминал последното читање и предвидува сите уплати и исплати да се вршат исклучиво преку трансакциски сметки, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Мора да оди преку сметки“, рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека очекува бурна реакција од финансиските друштва. Со новите правила се најавува и засилена контрола врз нивното работење.

Министерката потсети дека Министерството за финансии уште во 2024 година со циркуларно писмо ги предупредило финансиските друштва да го почитуваат Законот за заштита на потрошувачите. Според член 36 од тој закон, одредени опомени и слични дејствија не смеат да им се наплаќаат на граѓаните.

Тагови: брзи кредити сметка

Како да останете професионални кога некој постојано ви ја тестира трпеливоста?

Како да се справите со луѓе кои ви го трошат трпението на работа?

Не мора да одговорите на секоја провокација. Понекогаш најголемата професионална сила е да знаете како да реагирате без да ја изгубите контролата.

Речиси секој има колега, претпоставен или соработник со кого комуникацијата не оди лесно. Тоа може да биде личност која постојано ги критикува туѓите идеи, ги прекинува другите додека зборуваат, префрла одговорност или секој разговор го претвора во непотребна расправија. Ваквите ситуации можат да бидат особено исцрпувачки кога се повторуваат секојдневно. Можеби се обидувате да останете смирени, но по десеттиот непотребен коментар, игнорирањето станува сè потешко. Сепак, начинот на кој реагирате во непријатни ситуации може да влијае врз вашите професионални односи, угледот и атмосферата во која работите.

Добрата вест е дека не мора да ги менувате другите луѓе за да ја заштитите сопствената професионалност. Понекогаш е доволно да го промените начинот на кој реагирате.

Еве седум практични совети како да останете професионални кога некој постојано ви ја тестира трпеливоста.

1. Не реагирајте веднаш на секоја провокација

Кога некој ќе даде саркастичен коментар, ќе ве прекине или ќе се обиде да ве испровоцира пред колегите, првата реакција често е да возвратите. Но, брзата реакција не е секогаш и најдобрата реакција.

Пред да одговорите, направете кратка пауза. Не мора да го кажете првото нешто што ќе ви падне на ум, особено ако сте лути или вознемирени.

Можете да одговорите со едноставна реченица како:

„Ќе се вратам на тоа кога ќе ги разгледаме фактите.“

„Би сакал/а да разговараме без лични коментари.“

„Ајде да се фокусираме на проблемот што треба да го решиме.“

На тој начин не ја игнорирате ситуацијата, туку покажувате дека нема да дозволите туѓото однесување да ја диктира вашата реакција.

2. Разликувајте критика од намерна провокација

Не секој непријатен коментар е напад. Понекогаш колегата навистина има поинакво мислење, забележал грешка или сака да предложи подобро решение. Проблемот настанува кога критиката станува лична, повторувачка и насочена кон омаловажување. Обидете се да препознаете дали личноста ви дава корисна повратна информација или едноставно бара причина за конфликт.

Ако забелешката е оправдана, прифатете ја и искористете ја за да ја подобрите работата. Ако е навредлива или непотребна, не чувствувајте обврска да се правдате за секој коментар. Важно е да не ја сфаќате секоја несогласност лично, но и да не дозволувате непочитувањето да се претставува како конструктивна критика.

3. Поставете граници без да создавате дополнителен конфликт

Професионалноста не значи дека треба да трпите сè. Ако некој постојано ви ги прекинува обврските, ви испраќа непотребни пораки или се однесува непочитувачки, имате право јасно да кажете што не ви одговара. Клучот е границите да ги поставите смирено, директно и без навреди.

На пример:

„Би сакал/а да ја завршам мислата пред да продолжиме.“

„Разбирам дека имаш поинакво мислење, но те молам да разговараме со меѓусебна почит.“

„Во моментов имам други приоритети. Можеме ли да го договориме ова за подоцна?“

„Не мислам дека овој начин на комуникација ни помага да го решиме проблемот.“

Кога јасно ги комуницирате своите граници, им давате до знаење на другите како очекувате да се однесуваат кон вас.

4. Не влегувајте во натпревар кој е во право

Една од најголемите грешки во конфликтните ситуации е обидот по секоја цена да докажете дека сте во право. Некои разговори едноставно немаат продуктивен исход, особено кога соговорникот не е заинтересиран да слушне поинаква перспектива.

Наместо да трошите енергија на бескрајни расправии, прашајте се: Дали овој разговор ќе донесе решение или само ќе создаде уште поголема напнатост?

Ако дискусијата се врти во круг, можете да кажете: „Мислам дека ги разјаснивме нашите позиции. Предлагам да продолжиме со конкретните чекори.“ Не мора да ја имате последната реченица во секоја расправа за да ја докажете својата професионалност.

5. Не дозволувајте туѓото расположение да ви го уништи работниот ден

Лошото расположение на еден колега може лесно да влијае врз целиот тим. Еден непријатен разговор наутро може да ве натера со часови да размислувате што сте требале да кажете, зошто некој се однесувал така и дали сте направиле нешто погрешно. Но, важно е да направите разлика помеѓу туѓото однесување и сопствената одговорност. Не сте должни да го поправате нечие расположение, да ги решавате сите туѓи фрустрации или да преземате одговорност за однесување кое не можете да го контролирате. Кога ќе се случи непријатна ситуација, обидете се да ја завршите комуникацијата, да направите кратка пауза и да се вратите на своите приоритети. Вашиот работен ден не треба да биде дефиниран од расположението на една личност.

6. Комуницирајте директно, наместо да се жалите пред другите колеги

Кога некој постојано ви ја тестира трпеливоста, природно е да сакате да разговарате со други колеги за неговото однесување. Сепак, постојаното прераскажување на конфликтот може дополнително да ја влоши атмосферата во тимот. Ако проблемот се повторува, а комуникацијата со таа личност е можна, обидете се да разговарате директно и без публика.

Наместо „Ти секогаш правиш проблеми“, кажете: „Забележувам дека во последните неколку разговори тешко доаѓаме до заедничко решение. Би сакал/а да најдеме начин да комуницираме поефикасно“. Фокусирајте се на конкретното однесување и неговото влијание врз работата, наместо да ја напаѓате личноста.

Ако ситуацијата не се подобрува, разговарајте со претпоставениот или HR одделот, особено ако станува збор за повторувано омаловажување, навреди или вознемирување.

7. Знајте кога професионалноста значи да се дистанцирате

Не секој однос на работното место мора да биде близок, пријателски или исполнет со меѓусебно разбирање. Со некои луѓе едноставно ќе имате различни карактери, вредности и начини на комуникација. Во такви ситуации, најдобро решение понекогаш е да ја ограничите комуникацијата на она што е неопходно за работата.

Бидете љубезни, одговарајте на конкретни прашања, споделувајте ги потребните информации и избегнувајте непотребни дискусии. Тоа не е непрофесионалност, ниту слабост. Тоа е начин да ја зачувате својата енергија и да не дозволите секој работен однос да стане личен предизвик.

Професионалноста не значи дека треба да трпите сè

На работното место не можете секогаш да избирате со кого ќе соработувате, какви карактери ќе сретнете или како другите ќе се однесуваат. Но, можете да одлучите како ќе реагирате, кога ќе поставите граници и колку енергија ќе потрошите на непотребни конфликти.

Важно е да запомните дека смиреноста не значи слабост, а поставувањето граници не значи конфликтност. Можете да бидете љубезни без да дозволите некој да ве омаловажува, да бидете флексибилни без постојано да попуштате и да бидете професионални без да ги потиснувате сопствените чувства.

На крајот, не е ваша задача да ги научите сите околу вас како да се однесуваат. Ваша задача е да не дозволите туѓото однесување да го одреди вашиот професионален стандард.

Тагови: колеги совети за работа компаниска култура

Вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во креативните професии, менувајќи го начинот на работа на преведувачите, графичките дизајнери и гласовните актери. Додека компаниите ја користат за побрза и поевтина работа, професионалците се соочуваат со губење клиенти и работни места.

Во репортажа на Deutsche Welle (DW) се прикажани искуствата на неколку креативци кои веќе ги чувствуваат овие промени.

Симултаната толкувачка Сара Кампос посочува дека човечките способности сè уште имаат предности што AI тешко ги заменува. Сепак, изгубила долгогодишен клиент кој се одлучил за вештачка интелигенција поради пониските трошоци и можноста за превод на повеќе јазици истовремено.

Графичкиот дизајнер Адријан Ромеро, пак, сведочи за трансформацијата на својата професија од класичен дизајн кон работа со AI-алатки и пишување инструкции. И покрај неговото учество во воведувањето на новите технологии во компанијата, подоцна добил отказ без конкретно објаснување.

Слични предизвици има и гласовниот актер Мати Клем, кој ја нагласува важноста на човечката емоција во неговата професија. Тој се спротивставува на неовластеното користење гласови за тренирање на AI, поврзано со Netflix, со цел да ги заштити правата на креативните професионалци.

Сепак, истражувачот Крживински смета дека не станува збор за непосредно исчезнување на работните места, туку за постепена трансформација на работните задачи и сè поголема зависност од технологијата.

Овие искуства отвораат важно прашање: дали вештачката интелигенција ќе биде алатка што ќе ја надополни човечката креативност или постепено ќе ги замени професионалците кои стојат зад неа?

Вештачката интелигенција ги менува креативните професии: Дали човечкиот талент станува заменлив?

Тагови: вештачка интелигенција човечки ресурси графичкиот дизајнер преведувач