Графички Дизајнер

Објавенпред 3 часа
Активен до09.12.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаnaturatherapy.mk
За компанијата

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

 Локација: Центар

Работно време: 08:00 - 16:00 (Понеделник - Петок)

Начин на работа: Од канцеларија со можност за работа од дома (хибриден модел)

Имате страст за дизајн и умешност да создавате визуелни решенија што оставаат впечаток?
Бараме талентиран графички дизајнер кој ја споделува нашата визија за креативност и иновации и кој е подготвен да донесе нови идеи и уникатна перспектива во нашиот тим.

Како наш графички дизајнер, ќе работите тесно со нашиот маркетинг тим за да развиете примамливи визуелни содржини кои ќе го зајакнат нашиот бренд и ќе го подобрат искуството на нашите клиенти.

Одговорности:

  • Развивање и дизајнирање на креативни материјали за социјални медиуми;
  • Креирање на впечатливи маркетинг материјали како брошури, банери, постери и презентации;
  • Дизајн на тековни и нови етикети, подготовка и предавање на дизајните подготвени за продукција;
  • Развој на креативни идеи за проекти;
  • Комуникација и соработка со тимот за маркетинг и продажба.

Квалификации:

  • Искуство во графички дизајн (пожелно е портфолио);
  • Одлично познавање на Adobe Suite (Photoshop, Illustrator, InDesign) и други дизајнерски алатки;
  • Креативност и внимание на детали;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Одлични комуникациски вештини и способност за ефективна работа во тимска средина.

Што нудиме:

  • Можност за стекнување искуство во динамична и креативна средина;
  • Поддршка и менторство од искусен маркетинг тим;
  • Конкурентна плата и можност за професионален развој.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други фајлови

Дополнителни документи за оваа апликација (не се задолжителни).

Други активни огласи од Natura Therapy

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе