Промовирани огласи »

5 совети како да изградите личен бренд на LinkedIn

Вашиот LinkedIn може да работи за вас ако престанете да го користите само како CV!

Личниот бренд на LinkedIn не значи само да имате убава фотографија, добро напишано CV и што повеќе контакти. Тоа е начинот на кој другите ве препознаваат професионално за што сте експерт, какво знаење споделувате и каков впечаток оставате кога некој ќе го посети вашиот профил.

Добрата вест е што не мора да бидете инфлуенсер или да објавувате секој ден за да изградите препознатлив професионален профил.

Еве од каде да започнете.

1. Направете го профилот јасен уште на прв поглед

Кога некој ќе го отвори вашиот профил, треба брзо да разбере кои сте, што работите и во која област сте активни.

Проверете ги основните елементи:

  • Професионална фотографија;
  • Јасен headline;
  • Краток и конкретен About дел;
  • Ажурирано работно искуство;
  • Релевантни вештини;
  • Проекти, сертификати или достигнувања кога се релевантни.

Наместо headline како: „Marketing Specialist at Company X“ можете да бидете поконкретни: „Digital Marketing Specialist | Social Media | Content Strategy | Employer Branding“

Целта е профилот да не изгледа како само дигитална визит-карта, туку како јасна слика за вашата професионална вредност.

2. Не објавувајте само што работите споделувајте што знаете

Личниот бренд се гради преку знаење, а не само преку набројување на работните позиции. Ако сте во маркетинг, можете да споделувате интересни кампањи, трендови или лекции од вашето искуство. Ако сте во HR, можете да зборувате за интервјуа, развој на вработени, лидерство или работна култура. Не мора секој пост да биде „голема мисла“. Понекогаш најинтересен пост е едноставно: „Ова го научив од еден проект и би го направил поинаку следниот пат.“ Таквата содржина покажува искуство, размислување и автентичност.

3. Бидете препознатливи по одредени теми

Ако еден ден објавувате за маркетинг, следниот за инвестиции, потоа за мотивација, а потоа за нешто сосема неповрзано, тешко е луѓето да разберат по што сте препознатливи.

Одберете неколку теми што природно се поврзуваат со вашата професија и интереси. На пример: HR + лидерство + кариера или Маркетинг + брендирање + дигитални трендови. Не значи дека треба да зборувате само за една работа. Но, одредена тематска насока му помага на публиката полесно да ве запомни.

4. Вклучете се во разговорите, не само во објавувањето

Личниот бренд не се гради само со тоа што ќе објавите нешто и ќе ја затворите апликацијата. Коментарите се одличен начин да покажете знаење и да стапите во контакт со луѓе од вашата професионална област.

Наместо: „Одличен пост!“ додадете нешто конкретно: „Особено ми се допадна делот за развој на вештини. Во моето искуство, најголем проблем е што компаниите често очекуваат вработените сами да препознаат што треба да научат.“

Со еден добар коментар можете да започнете разговор со човек со кој инаку можеби никогаш не би стапиле во контакт.

5. Бидете конзистентни, а не опседнати со бројки

Не мора да објавувате секој ден.

Многу поважно е луѓето повремено да видат корисна и квалитетна содржина од вас, отколку секојдневно да објавувате нешто само за да бидете активни.

Можете да започнете и со една објава неделно.

На пример:

  • Понеделник: интересна лекција од вашата работа
  • Среда: краток совет или став за тема од индустријата
  • Петок: искуство, грешка или нешто што сте го научиле

Со текот на времето, конзистентноста создава препознатливост.

Личниот бренд не значи да се „продавате“

Најчеста грешка е мислата дека личниот бренд значи постојано да зборувате колку сте добри. Не мора. Споделете што знаете. Кажете што сте научиле. Поставете добро прашање. Вклучете се во дискусија. Споделете искуство од кое и другите можат да научат. Најдобриот личен бренд не е оној што најгласно кажува „Јас сум експерт“, туку оној по кој другите сами го препознаваат вашето знаење.

LinkedIn не мора да биде место каде што само барате работа. Со текот на времето, може да стане место каде што работодавците, колегите и професионалните контакти ве препознаваат по она што го знаете и начинот на кој размислувате.

Прочитајте и за: 5 навики поради кои изгледате непрофесионално дури и кога сте добри во работата

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Медицинскa сестра
Општ доктор
Mедицински персонал и негувател/ка
Продавач/ка
Senior Java / Full-Stack Developer

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Тетово!

Промовирани огласи »

Колку платени слободни денови имаат работниците?

За овие ситуации можете да добиете платени слободни денови

Не секое отсуство од работа значи дека треба да земете годишен одмор или неплатено отсуство. Во одредени лични, семејни и други ситуации, работниците имаат право на платен одмор, односно отсуство од работа со надоместок на плата.

Законот за работните односи предвидува право на платен одмор поради лични и семејни околности  за склучување брак, раѓање дете, како и смрт на близок роднина во траење до седум работни дена. Конкретниот број денови се определува со колективен договор.

За што следуваат платени слободни денови?

За вработените во приватниот сектор, Општиот колективен договор предвидува платен одмор до седум работни дена во текот на годината, зависно од причината за отсуството. Меѓу другото, предвидени се:

Овие денови се однесуваат на платеното отсуство по основите предвидени со колективниот договор, при што вкупното користење по основите од Законот е ограничено на седум работни дена во годината.

Два слободни дена за татковство

Една од ситуациите за која работниците често имаат дилема е раѓањето или посвојувањето дете. Во приватниот сектор, таткото има право на два платени работни дена по овој основ.

Тоа значи дека доколку станете татко, овие денови не се земаат од вашиот годишен одмор, туку станува збор за посебно право на платено отсуство.

Свадба три платени дена

Доколку работникот склучува брак, според Општиот колективен договор за приватниот сектор му следуваат три платени работни дена.

Право на платен одмор има и работникот доколку неговото дете склучува брак  во тој случај се предвидени два работни дена.

При смрт на близок член од семејството

Во особено тешки семејни ситуации, работниците исто така имаат право на платено отсуство. За смрт на сопружник или дете се предвидени пет работни дена, додека за смрт на родител, брат или сестра следуваат два дена.

Два дена се предвидени и при смрт на родител на сопружник, а за смрт на дедо или баба следува еден платен ден.

Платено отсуство за давање крв

Работниците кои доброволно даруваат крв имаат право на два последователни работни дена отсуство за секое давање крв. Едниот ден е денот на дарувањето, а другиот е наредниот работен ден. Доколку крвта е дадена во неработен ден, исто така се обезбедуваат два последователни слободни работни дена.

Што ако работите во јавниот сектор?

Важно е да се знае дека правилата не се идентични за сите работници. Општиот колективен договор за јавниот сектор предвидува поинаков број денови за дел од основите.

На пример, според договорот објавен во 2023 година, во јавниот сектор за склучување брак се предвидени пет работни дена, за склучување брак на дете три дена, а за раѓање или посвојување дете три работни дена. Исто така, договорот предвидува и три дена за развод на брак, како и три дена за полагање правосуден испит, магистратура или докторат.

Затоа, пред да поднесете барање за отсуство, важно е да проверите кој колективен договор се применува кај вашиот работодавач, бидејќи бројот на денови може да се разликува.

Платено отсуство и за други ситуации

Платеното отсуство не се однесува само на семејни околности. Работникот може да има право на надоместок на плата и во други случаи утврдени со закон, како празници и други со закон определени слободни денови, привремена неспособност за работа поради заболување или повреда, како и во определени случаи кога работникот извршува функции или обврски на повик на надлежен орган.

Исто така, кога природата на работата или непрекинатото одвивање на работниот процес бара работникот да работи на празник, важат посебни правила за таквата работа и за известување на надлежниот инспектор на трудот.

Затоа, пред да искористите годишен одмор за некоја од овие ситуации, проверете дали можеби имате право на платено отсуство. Правото не е исто за секоја ситуација, а применливиот колективен договор може да биде особено важен.

Тагови: детски додаток работнички права слободни денови

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад инспектор - Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Помлад инспектор - Помлад комунален инспектор, Одделение за инспекциски надзор - Инспекторат

Раководител на сектор за нормативно - правни работи

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »