Промовирани огласи »

СИЛЕН РАСТ НА БИТКОИНОТ: Цената рипна над 80 илјади долари

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститор

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства.

Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, неговата вредност порасна за околу два процента.

Со тоа продолжи силниот раст започнат минатата недела, кога биткоинот за само неколку дена поскапе за повеќе од 20 проценти. Во текот на актуелниот раст неговата цена се зголеми за околу 25 проценти.

Растот дополнително го забрза таканаречениот „short squeeze“, кога растот на цената на криптовалутите ги присилува инвеститорите кои се обложиле на нивен пад да ги затворат своите позиции. На пазарот на криптовалути биле ликвидирани позиции вредни повеќе од 4,3 милијарди долари, отворени во исчекување на пад на цените.

Растот следеше и по најавата на американското Министерство за финансии дека најмалку двојно ќе ги зголеми износите во операциите за откуп на долгорочни државни обврзници. Одлуката првично ги намали приносите на обврзниците и го зголеми интересот за поризични средства, иако долгорочните приноси во меѓувреме повторно се зголемија.

Истовремено, загриженоста поради инфлацијата, слабеењето на доларот и американскиот јавен долг дополнително го зголеми интересот за средства со ограничена понуда, меѓу кои дел од инвеститорите го вбројуваат и биткоинот. 

Тагови: берза Биткоин

Промовирани огласи »

Голема наградна игра на УНИБанка и Mastercard - „Плаќај и влези во игра”!

Денес започнува наградната игра на УНИБанка и Mastercard!

Голема наградна игра на УНИБанка и Mastercard –“Плаќај и влези во игра”!

Секојдневното плаќање станува сѐ повозбудливо! Со само 10 безготовински трансакции со Mastercard картичките од УНИБанка влегувате во игра за една од 15-те награди од по 100.000 денари.

Што ако плаќањето сметки, купувањето намирници или онлајн шопингот ви донесат и убаво изненадување? УНИБанка ја започнува наградната игра „Плаќај и влези во игра“, во која корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички издадени од Банката имаат можност да освојат една од 15-те парични награди.

Правилата се едноставни: во периодот од 25 август до 25 ноември, направете најмалку 10 трансакции без разлика на износот, со поединечен тип на Mastercard картичка. Колку повеќе плаќате, толку повеќе учества добивате: 10 трансакции носат 1 учество, 20 трансакции – 2 учества, 30 трансакции – 3 учества, итн. Трансакциите може да ги направите на физички или онлајн продажни места во земјата, а со користење различни типови Mastercard картички дополнително ја зголемувате можноста за добивка.

УНИБанка со наградната игра продолжува да ги поттикнува безготовинските плаќања, со цел тие да станат уште попрактичен, едноставен и современ дел од секојдневието на клиентите. Таа е наменета за постојните корисници на сите Mastercard дебитни и кредитни картички издадени од УНИБанка, но е и одличен поттик за сите што размислуваат да земат нова.

Со „Плаќај и влези во игра“, УНИБанка го претвора секојдневното плаќање во можност за голема добивка. Затоа, следниот пат кога ќе платите со картичка, можеби токму таа трансакција ќе ве донесе чекор поблиску до 100.000 денари.

Тагови: награди УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Златото на тримесечен врв: цената над 4.600 долари за унца

Златото силно поскапе и достигна највисоко ниво во повеќе од три месеци, поттикнато од слабеењето на доларот и растечката глобална неизвесност.

Златото денеска достигна највисока цена во последните три месеци, откако спот-златото се тргуваше по околу 4.635 долари за унца, а американските фјучерси достигнаа приближно 4.691 долар за унца. Само во текот на изминатата недела, благородниот метал доби повеќе од 5 отсто од својата вредност.

Растот на цената се поврзува со слабеењето на американскиот долар и со зголемената побарувачка за сигурни инвестиции во услови на економска и геополитичка неизвесност. Дополнителна нервоза на пазарите создаваат и најавите за нови американски санкции кон Иран.

Инвеститорите во наредните денови ќе ги следат новите податоци за инфлацијата во САД и сигналите од Федералните резерви за идното движење на каматните стапки. Аналитичарите сметаат дека токму движењето на доларот и приносите на американските државни обврзници ќе бидат клучни за тоа дали златото ќе успее да се задржи над 4.600 долари за унца.

Тагови: злато цени

Промовирани огласи »

Ново поскапување на горивата од полноќ - ова се новите цени!

Ново поскапување на горивата - дизелот надмина 100 денари за литар!

Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи а дизелот достигна 101.50 денари за литар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%.

Бензините поскапуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 93.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 95.00 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за 3.50 денари и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 101.50 денари.

Од вечерва по полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм).

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »